Димидово

село во Петричко, Пиринска Македонија
(Пренасочено од Самуилово)

Димидово (бугарски: Самуилово[1]) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Димидово
Самуилово
Бела чешма - симбол на селото
Бела чешма - симбол на селото
Димидово is located in Бугарија
Димидово
Димидово
Местоположба во областа
Димидово во рамките на Пиринска Македонија
Димидово
Местоположба на Димидово во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°22′N 23°5′E / 41.367° СГШ; 23.083° ИГД / 41.367; 23.083
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна11.979 км2 (4,625 ми2)
Надм. вис.&10000000000000285000000285 м
Население (2015)
 • Вкупно911
 • Густина0,076/км2 (0,20/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2873
Повик. бр.074207

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во полупланинска област, во северниот дел на подножјето на планината Беласица (во Подгорје). Селото Димидово се наоѓа на 13 километри западно од Петрич, на надморска висина од 175 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.979 км2. Соседни села се Коларово и Камена. Климата е преодно средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 720 мм). Реката Струмица тече северно од селското земјиште. Почвите се претежно делувијални-ливади и песочни. Населението расте од природен раст. Селото е едно од погодните почетни точки за искачување на планинскиот врв на Беласица - Радомир и високите делови на планината. Од селото до месноста и Лоповска колиба води пат од 14 км.

Историја

уреди

Селото има богата античка историја. Остатоци од античка населба од римската ера се пронајдени во месноста Герковец. Во месноста Кинлуко има остатоци од средновековна населба.

Османлиско Царство

уреди

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 4 муслимански семејства и 39 христијански семејства[2]. Според другиот, во селото живееле 9 христијански семејства.

Веројатно до раните 1830-ти, христијанското население било протерано и на негово место се населиле турски семејства кои емигрирале од Србија и Грција. Во текот на 19 век, селото било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Димидово (Dimidovo) е село со 70 семејства и 144 Турци[3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 350 жители, сите Турци[4][5].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Турското население било протерано а на нивно место дошле бегалци од Егејска Македонија (главно од селата Горно Порој, Долно Порој и Липош, Демирисарско и градот Кукуш) и Струмичко. За време на Првата светска војна, Шестата пешадиска дивизија била сместена во селото, која во 1916 година ја изградила чешмата, позната денес како Бела чешма.

На територијата на селото на планината Беласица лежи преминот Демир Капија, каде на 19 октомври 1925 година започнал познатиот Петрички инцидент.

Население[4][6]

уреди
Население на Димидово по попис[6]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 433 630 757 832 853 929 902 885 802 911
Етнички состав на населението
од 2011 година[7]:
Националност Жители Процент
Бугари 685 95,67%
Останати 31 4,33%
Вкупно 716
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште „Антон Попов“
  • Читалиште „Антон Попов“

Редовни настани

уреди

Традиционалниот собор на селото се одржува секоја година на 15 август — Успение Богородично.

Личности

уреди
 
Серафим Брзаков
Поврзани со селото
Починаии во Димидово

Наводи

уреди
  1. МЗ № 1966/обн. 16.11.1935 г.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 636 – 638.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  6. 6,0 6,1 „Справка за населението на с. Самуилово, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  7. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  9. Книга в памет на Федя Яков