Христо Андонов
Христо Андонов Ушинов (2 февруари 1887 - 1928) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација.[1]
Христо Андонов | ||
Роден | 2 февруари 1887 Грчиште, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 29 август 1928 Самуилово, Бугарија |
Животопис
уредиАндонов е роден во гевгелиското село Грчиште во 1887 година. Влегува во ВМОРО, но е прогонуван од страна на властите и бега во Бугарија. При избувнувањето на Првата балканска војна, Андонов е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во четата на Ичко Димитров, подоцна во четата на Коста Христов Попето и во IV чета при 15-та штипска дружина [2].
По завршувањето на Првата светска војна се вклучува во обновата на ВМРО и станува четник во струмичката чета. Во април 1923 година станува дојрански околиски војвода на ВМРО. Четата развива голема дејност и успева да организира околијата. Во август околијата е доверена на Петар Овчаров, а од јули 1924 година повторно е преземана од Андонов. Во ноември 1924 година се бори во месноста Борисовско во Беласица [3][4] .
Во 1924 година учествува како делегат на Солунскиот окружен конгрес на ВМРО и е избран за резерви член на Окружниот комитет [5]. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов и Петар Ангелов [6]. Во 1928 година е делегат на Седмиот конгрес на ВМРО.
За време на криза во ВМРО, по убиството на Александар Протоѓеров, во 1928 година Христо Андонов е на страната на Михајловистите. Убиен е во 1928 година во близина на селото Димидово од Христо Гоглев, испратен од пратеникот на протогеровистичкиот централен комитет - Димитар Димашев. По убиството Гоглев се предава на српските власти и станува ренегат [7][8].
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 10
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40.
- ↑ Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 136.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 15.
- ↑ Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 27, 87 - 91.
- ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 9.
- ↑ Защо бе убит Александър Протогеров. Светлина върху събитията от 1924 и 1928 години. По данни на Вътрешната македонска революционна организация, София, 1992, стр. 181.