Руско-турска војна (1877-1878)
Руско-турската војна (1877-1878) е десетта по ред војна меѓу Русија и Отоманското Царство. На страната на Русија делумно учествуваат Финска, Романија, како и доброволци од Македонија[1][2][3][4][5], Бугарија[6], Грузија и Ерменија. Кон крајот на војната се вклучува и Србија.
Руско-турска војна (1877–1878) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Споменикот на Шипченската битка |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Руска Империја Романија Бугарско ополчение Црна Гора Србија | Отоманско Царство | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Михаил Скобелев Михаил Лорис-Меликов Иван Лазарев Карло I | Ахмед Мухтар-паша |
Причини за војната
уредиВо летото 1875 во Босна и Херцеговина започнува востание против Отоманското Царство предизвикано од преголемите даноци наложени од корумпираната администрација. Заради некои даночни оптоварувања, востанието продолжува до крајот на годината, а малку подоцна започнува и Априлското востание во Бугарија. Напредувањето на Босна и поттикот на Русија ги тера Србија и Црна Гора да и објават војна на Отоманското Царство.
Во август Отоманската армија им нанесува пораз на српските сили, што е најлошо сценаријо за русите и австроунгарците, кои не ќе можат да претеднираат за никакви отомански територии. Од друга пак страна крвавото задушување на Априлското востание предизвикува широк одзвук во цела Европа. Како резултат на тоа организирана е Цариградска конференција на која Големите сили и наложуваат на Отоманското Царство две автономни бугарски провинцији во нејзините рамки.
Конференцијата е прекината од отоманскиот министер за внатрешни работи, кој ги известува делегатите дека Отоманското Царство примила нов устав, кој им ги гарантира правата и слободите на сите етнички малцинства исти како и на сите други отомански граѓани. И покрај тоа Русија е непријателски настроена кон Отоманското Царство, објавувајќи дека уставот е решение само за краток рок.
За време на дипломатските преговори, во јануари 1877 Русите ја убедуваат Австроунгарија да учествува во идните воени дејствија во замена за австроунгарска окупација на Босна и Херцеговина по војната. Останатите Големи сили се блокирани од силната општествена поткрепа во цела Европа за независност на Бугарија, поради сомненијата во способностите на руската армија, како и од внатрешните проблеми. Во април е постигнат договор со Романија за преминување на руските војски низ нејзина територија. Во договорот е вклучено и присоединувањето на Јужна Бесарабија кон Русија (која беше во руска власт од 1812 до 1856) во замена за присоединување на Јужна Добруџа кон Романија по војната.
Од септември до крајот на војната
уредиВо текот на овој период биле извршени неколку успешни опсади и тоа кај Ловеч, Горни Дубник, Враца, Орјахово, Тетевен а по овие успеси бил заземен и градот Плевен во декември. Во исто време Руската Империја победила во неколку битки на источниот фронт во Кавказ и Источна Анадолија. Во наредниот период руската армија имала сила од околу 314,000 војници и продолжила со големиот успех кон значително послабата османлиска армија. Во текот на зимата руските сили во тешки услови ја поминале Стара Планина. Во овој период кон конфликтот се вклучила и Србија која имала сила од околу 55,000 војници и водела битки кај Ниш, Пирот, Софија и Видин. На 23 декември била заземена Софија, а на 4 јануари Пловдив додека на 8 јануари руските сили навлегле во Едрене.
Крајот на војната
уредиВо почетокот на 1878 година, руската армија се приближила на само 20 километри од османлиската престолнина Истанбул. Велика Британија ја испратила во Мраморно Море својата воена флота за да ги принуди руските сили да се повлечат. Така под притисок на Големите сили и по претрпување на големи загуби (66,000 убиени и 140,000 ранети), двете империи склучиле примирје во Едрене со кое биле прекратени воените дејствија. Пред да навлезат руските војски во Едрене, градот бил евакуиран за муслиманското население кое започнало во паника да бега, а императорската палата која била изградена во времето на Мурат II била целосно изгорена. Ова примирје било валидно до потпишувањето на Санстефанскиот договор. Според тоа, била определена демаркациска линија меѓу двете армии, а османлиските сили се повлекле од Видин, Белоградчик, Русе и Силистра додека руските војски влегле во Бургас.
Наводи
уреди- ↑ A short Bulgarian History by Hr. Gandev, (edited by the Bureau of Popular Culture, Sofia 1947, p 113
- ↑ Periodicesko Spisanie, XVIII 1885
- ↑ Јован Раич “Историја на разни словенски народи”,Санкт Петербург, 1795
- ↑ Известија на Санктпетерсбуршкото словенско благотворно друштво 1887 г. No 11-12 и 1888 г.
- ↑ Меѓу кои и Ѓорѓија Пулески со своја чета
- ↑ С. Кисьов. „Българското опълчение в Освободителната руско-турска война 1877–1878 г.“