Зоран Михајлов
Зоран Михајлов (р. 17 јануари 1945, Битола) — македонски спортски новинар.
Зоран Михајлов | |
---|---|
Роден(а) | 17 јануари 1945 |
Националност | Македонец |
Народност | Македонец |
Занимање | Новинар |
Активен период | 1965 - сè уште |
Страница www.nasatv.com.mk |
Животопис
уредиЗоран Михајлов е роден во Битола, на 17 јануари 1945 година. Основно и средно училиште завршува во Скопје, каде што се стекнува и со диплома од Филолошкиот факултет, во една од класите на истакнатите научни соработници и професори Блаже Конески, Харалимпие Поленаковиќ, Божо Видеовски, и Димитар Митрев.
Знаењата стекнати на факултетот и непосредните контакти со професорите му го определуваат професионалниот живот како новинар. Во гимназиските и студентските денови, се ангажира како соработник на весниците Студентски збор и Млад борец, а во 1965 година ја почнува неговата професионална новинарска кариера кариера во спортската редакција на најстариот македонски дневен весник Нова Македонија. Потоа својот професионална кариера ја продолжува во Телевизија Скопје како спортски коментатор.
Во 1981 година станува генерален секретар на фудбалскиот клуб Вардар кој првпат во клубската историја успеал да се пласира на тогашниот Куп на УЕФА.
Не можејќи без спортското новинарство, во 1987 година се вратил во МТВ како спортски коментатор, а подоцна и уредник на спортска редакција. Во коментаторката кариера Михајлов е рекордер во коментирање и известување од најголемиот спортски настан на светот - олимпијада. Тој присуствува на 15 олимпијади (9 летни и 6 зимски), и притоа ги афирмира настаните на македонскиte спортисти и ја информира македонската јавност за тамошните случувања.
Освен неговите многу бројни ангажмани како спортски работник, Зоран Михајлов бил и активен атлетичар на АК Работнички во период од 1960 до 1966 година, а две сезони настапување во младинската репрезентација на Југославија.
Од 2009-та година па се до денес активно соработува со Наша ТВ на повеќе проекти како спортски коментатор. Бил водител на емисија „СПОРТ по СПОРТ“. Секако најзначаен е најдолгогодишниот ангажман во Наша ТВ е остварувањето на македонска енциклопедија за спорт „Македонски спортски легенди“ од која досега се снимени околу 200 емисии со најзначајните македонски спортски легенди.
Во 2019 година во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина излегла и неговата книга „Спортски стории“, во која Зоран Михајлов навраќа назад во историјата на македонскиот спорт. Во неа се изнесени неговите сеќавања и записи, кои се резултат на богатата кариера како спортски новинар и коментатор.[1]
Тој е добитник на голем број на награди и признанија: Награда „Крсте Петков Мисирков“, има добиено и Награда за афирмација на атлетиката во Будимпешта, и други награди.[2]
Наводи
уреди- ↑ „За Зоран Михајлов“. Наша ТВ. Посетено на 3 февруари 2024.
- ↑ „Награда за Зоран Михајлов во Будимпешта за афирмација на атлетиката“. Нова Македонија. Посетено на 3 февруари 2024.