Рослебен-Вие
Рослебен-Вие (германски: Roßleben-Wiehe) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот бил создаден на 1 јануари 2019 година со спојување на градовите Рослебен и Вие, како и две други општини, Дондорф и Наузиц.
Рослебен-Вие
Roßleben-Wiehe | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Кифхојзер |
Градски единици | 10 |
Градоначалник | Штефен Зауербир (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 73,04 км2 |
Надм. височина | 140 м |
Население | 7.219 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 99 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | KYF |
Пошт. бр. | 06571, 06556 |
Повик. бр. | 03466, 034672 |
Портал | rossleben-wiehe.info |
Местоположба на градот Рослебен-Вие во рамките на округот Кифхојзер | |
Координати | 51°18′0″N 11°26′0″E / 51.30000° СГШ; 11.43333° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиРослебен-Вие е најисточната општина во округот Кифхојзер и се наоѓа непосредно на границата со сојузната покраина Саксонија-Анхалт.
Соседни општини
уредиСоседни општини на градот се следниве (од север надесно): Артерн, Алштет (Саксонија-Анхалт) (округ Мансфелд-Јужен Харц, Саксонија-Анхалт), Кверфурт (округ Зале (округ), Саксонија-Анхалт), Кајзерпфалц (округ Бургенланд (округ), Саксонија-Анхалт), Келеда (округ Земерда), Оберхелдрунген, Ан дер Шмике, Гехофен и Калбсрит.
Градски единици
уредиГрадот се состои од следниве единици:
- Ботендорф
- Дондорф
- Гарнбах
- Хехендорф
- Клајнрода
- Лангенрода
- Наузиц
- Рослебен
- Шеневерда
- Вие
Историја
уредиВо рамки на општинската реформа 2018/2019 во Тирингија, градовите Рослебен и Вие, како и општините Дондорф и Наузиц се одлучиле да се спојат на 1 јануари 2019 година.[2]
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Рослебен-Вие бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[3]
Партија / Листа | % | Места |
---|---|---|
SPD | 30,9 | 6 |
CDU | 23,9 | 5 |
AfD | 12,8 | 3 |
UWG | 8,8 | 2 |
LINKE | 7,0 | 1 |
FWG | 6,9 | 1 |
FDP | 4,6 | 1 |
DG | 4,1 | 1 |
BFB | 0,9 | 0 |
Вкупно | 100,0 | 20 |
Градоначалник
уредиНа општинските избори на 26 мај 2019 година бил избран Штефен Зауербир (SPD) со 59% од гласовите.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ Thüringer Gesetz- und Verordnungsblatt Nr. 14/2018 S. 795 ff., aufgerufen am 22. Januar 2019
- ↑ „Stadtratswahl Roßleben-Wiehe 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
- ↑ „Bürgermeisterwahl Roßleben-Wiehe 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
Надворешни врски
уреди- Рослебен-Вие на Ризницата ?
- Матична страница (германски)