Ан дер Шмике
Ан дер Шмике (буквално: На Шмике; германски: An der Schmücke) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Бил именуван по ридскиот масив Шмике.
Ан дер Шмике
An der Schmücke | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Кифхојзер |
Градски единици | 9 |
Градоначалник | Холгер Хеслер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 95,29 км2 |
Надм. височина | 180 м |
Население | 5.973 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 63 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | KYF |
Пошт. бр. | 06556 (Бретлебен), 06577 (Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен, Олдислебен) |
Повик. бр. | 034673 |
Портал | stadtanderschmuecke.de |
Местоположба на градот Ан дер Шмике во рамките на округот Кифхојзер | |
Координати | 51°18′0″N 11°13′0″E / 51.30000° СГШ; 11.21667° ИГД |
Географија
уредиСоседни општини
уредиАн дер Шмике се граничи од север надесно со следниве градови и општини: Бад Франкенхаузен, Артерн, Рајнсдорф, Гехофен, Рослебен-Вие, Оберхелдрунген, Келеда, Земерда, Ецлебен, Бихел, Ритген и Кинделбрик.
Градски единици
уредиГрадот се состои од местата Браунсрода, Бретлебен, Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен, Лундерсхаузен, Олдислебен (со населбата „Херман Гинтерот“) и Заксенбург.
Историја
уредиГрадот бил создаден на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Бретелебен, Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен и Олдислебен. Помеѓу 1993 и 2019 година, овие општини биле дел од поранешната истоимена општинска заедница, која дополнително ги вклучувала општините Ецлебен и Оберхелдрунген. Седиштето на градот и на поранешната општинска заедница е во Хелдрунген.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Ан дер Шмике бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[2]
Партија / Листа | % | Места |
---|---|---|
CDU | 26,2 | 5 |
Граѓанско друштво Шмике | 25,9 | 5 |
SPD | 15,6 | 3 |
LINKE | 14,8 | 3 |
Граѓани за Хелдрунген | 9,4 | 2 |
Бретлебенски избирачи | 8,2 | 2 |
Градоначалник
уредиНа општинските избори на 26 мај 2019 година бил избран Холгер Хеслер (независен).[3]
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Stadtratswahl An der Schmücke 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
- ↑ „Bürgermeisterwahl An der Schmücke 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
Надворешни врски
уреди- Ан дер Шмике на Ризницата ?
- Матична страница (германски)