Артерн
Артерн (германски: Artern; до 2018 г. познат како Артерн/Унштрут) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на вливот на реките Унштрут и Хелме, 12 километри јужно од Зангерхаузен. Има железнички линии до Ерфурт и Зангерхаузен. Железничката линија до Наумбург била прекината во декември 2006 година.
Артерн
Artern | |
Поглед на градот Артерн | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Кифхојзер |
Градски единици | 4 |
Градоначалник | Торстен Блимел (Левица) |
Основни податоци | |
Површина | 45,05 км2 |
Надм. височина | 121 м |
Население | 6.104 (31 декември 2006) |
- Густина | 135 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | KYF |
Пошт. бр. | 06556 |
Повик. бр. | 03466 |
Портал | www.artern.de |
Местоположба на градот Артерн во рамките на округот Кифхојзер | |
Координати | 51°22′0″N 11°18′0″E / 51.36667° СГШ; 11.30000° ИГДКоординати: 51°22′0″N 11°18′0″E / 51.36667° СГШ; 11.30000° ИГД |
ГеографијаУреди
МестоположбаУреди
Артерн се наоѓа на Унштрут, која тече низ градот од југозапад он југоисток. Низводно од Артерн во Унштрут се влева Хелме. Градот се наоѓа на рамен терен, но во близина на повеќе ридски масиви.
Поради тоа, Артерн е едно од најсувите и најтоплите места во Тирингија.[1] Годишниот просек на врнежи е само 457 мм; годишната просечна температура е 8,5 °C. Со 30 мм летни врнежи, Артерн бил трета најсува временска станица на Германска временска служба во Германија.[2]
Градски единициУреди
Стариот град на Артерн се наоѓа на северниот брег на Унштрут. Се состои од две населби: градот Артерн на запад и селото Артерн на исток. Во 1832 година биле споени. Од XIX век, градот се развивал на исток кон железничката станица. Подоцна, се проширувал кон север кон Зангерхаузен, каде била подигната западната железничка станица како втора индустриска зона.
Покрај градското јадро, во градското подрачје влегуваат и местата Хајгендорф, Кахштет, Шенфелд и Фојгтштет.
ПолитикаУреди
Градски советУреди
Градскиот совет на Артерн бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:
Партија / Листа | Места | +/− |
CDU | 5 | − 4 |
Левица | 6 | − 1 |
SPD | 2 | − 2 |
NPD | 1 | neu |
PU | 3 | нова |
Жени и спорт (F/S) | 2 | нова |
Спортско друштво (SV) | 1 | нова |
ГрадоначалникУреди
Градоначалничка од 2015 година е Кристине Цимер (CDU).
Збратимени градовиУреди
Артерн е збратимен со следниве градови:
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ Klimadiagramm von Artern
- ↑ Mirko Krüger: Der trockenste Ort Deutschlands. In: Thüringer Allgemeine. 4. September 2018.
Надворешни врскиУреди
- Артерн на Ризницата ?
- Матична страница (германски)