Дебелн (округ)
Дебелн (германски: Döbeln) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Торгау-Ошац, Риза-Гросенхајн, Мајсен, Митвајда и Мулдентал.
Дебелн Landkreis Döbeln | |
---|---|
округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 01.08.2008 |
Седиште | Дебелн |
Површина | |
• Вкупна | 424 км2 (164 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 77,900 |
• Густина | 180/км2 (480/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | DL |
Мреж. место | landkreis-doebeln.de |
Историја Уреди
Регионот бил првично населен од лужичките племиња. Во раниот среден век, се населиле Даленмиците долж реката Мулде. Тие биле протерани од Германците по Битката кај Јана во 928 година.
Денешните граници на округот биле воспоставени во 1952 година, кога владата на Источна Германија создала нови окрузи. Дебелн е еден од неколкуте окрузи, кои не биле менувани по повторното обединување на Германија. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Дебелн, Фрајберг и Митвајда биле припоени во новиот округ Средна Саксонија.
Географија Уреди
Округот се наоѓал на бреговите на Фрајбергер Мулде во триаголник помеѓу градовите Дрезден, Лајпциг и Кемниц.
Грб Уреди
Лавот е хералдичко животно на Саксонија. Зелената и белата се боите на знамето на Саксонија. Штитот на десната страна го прикажува грбот на градот Дебелн. |
Градови и општини Уреди
Градови | Општини |
---|---|
Надворешни врски Уреди
- Официјална страница (германски)
Координати: 51°07′12″N 13°06′36″E / 51.12000° СГШ; 13.11000° ИГД