Рапсодија во сино
Рапсодија во сино (англиски: Rhapsody in blue) — најпознатото дело на американскиот композитор Џорџ Гершвин.
Рапсодија во сино Rhapsody in Blue | |
---|---|
од Џорџ Гершвин | |
Корица на изворната музика на Рапсодија во сино | |
Род | Оркестарски џез |
Облик | Рапсодија |
Сочинето | јануари 1924 |
Објавено | 12 јуни 1924[1] | Хармс, инк.
Премиерна изведба | |
Датум | 12 февруари 1924 |
Место | Еолијан хол, Њујорк, САД |
Диригент | Пол Вајтман |
Изведувачи |
|
Снимки | |
Изведба од 2018 година на Маринскиот бенд на Соединетите Држави на верзијата од 1924 за џез-бенд, со пијанистот Бромвел Тови |
Создавање на делото
уредиПо успешниот концерт на кој ја спои класичната и џез музиката, американскиот оркестарски диригент Пол Вајтман сакал да одржи концерт на кој ќе се изведува само џез. На крајот на 1923 година, Вајтмен побарал од младиот, 25-годишен Џорџ Гершвин да напише џез-концерт за пијано и оркестар. Гершвин се согласил, но не почнал веднаш да работи бидејќи во тоа време пишувал музика и за мјузикли на Бродвеј.
На 4 јануари 1924 година, Гершвин прочитал во весник дека неговиот концерт за пијано и оркестар требало да биде изведен на 12 февруари 1924 година. Своето дело почнал да го пишува на 7 јануари, а го завршил веќе на 4 февруари.
Иако Вајтмен побарал од Гершвин да напише концерт, Гершвин се одлучил за рапсодија. Вдахновениоето го добил додека патувал со воз до Бостон.
Име
уредиШтотуку ја напишал, Гершвин ја нарекол рапсодијата Американска рапсодија, но по посетата на изложбата на Џејмс Вистлер, Ајра Гершвин, братот на Џорџ Гершвин, го предложил името Рапсодија во сино. Причината за промената на името била затоа што сликите на Вистлер имале наслови како што се Аранжман за сиво и црно или Ноктурно во црно и златно.
Премиера
уредиРапсодија во сино првично била напишана за две пијана, но аранжерот Пол Вајтман направил оркестрација на делото трипати: во 1924, 1926 и 1946 година.
Рапсодијата била премиерно изведена на 12 февруари 1924 година во Њујорк на концертот на П. Вајтмен наречен Експеримент во модерната музика. Концертот траел многу долго, а композициите наликувале една на друга, па на публиката почнало да ѝ биде досадно. Сепак, здодевноста ја скршил глисандото на кларинетот кој ја започнал Рапсодија во сино. Интересно е што кларинетистот на Вајтмен на една од пробите свирел глисандо на овој начин, како на шега, но тоа му се допаднало на Гершвин и му рекол на кларинетистот оттогаш да свири секогаш така.
Гершвин ги напишал деловите за соло пијано дури по премиерата. Имено, на самата премиера тој се импровизирал, а на партитурите пишувало Чекај на знак!
Сржта и поентата на Рапсодија во сино
уредиРапсодија во сино е, всушност, коментар за расно поделеното општество во САД на почетокот на 20 век.
Њујорк тогаш бил во големи културни превирања, со голем број доселеници од земјите на Источна и Јужна Европа. Во Њујорк, се среќавале и се мешале со црнците од американскиот рурален југ. Гершвин ги користел музичките јазици што ги знаел најдобро - посегнал по европскиот класичен репертоар, еврејската песна, елементите на еврејскиот фолклор, за популарната песна на Алејата Тин Пан, музиката што преовладувала во Америка на крајот на 19 и почетокот на 20 век, благодарение на група талентирани њујоршки композитори и писатели, и најважните - џезот и блузот, музиката на американските црнци. Резултатот бил вистинско музичко ремек-дело, исто толку богато и разновидно како и самиот американски народ.
Музичка анализа
уредиРапсодија во сино е модерно осмислена рапсодија со три поголеми целини, од кои едната е со бавно темпо. Поради обликот на симфониска песна, ова дело укажало на можноста за многу висококвалитетно спојување на европската музика и афроамериканскиот џез.
Самиот Гершвин рекол дека ја замислил Рапсодија како калеидоскоп на Америка, нејзината голема и брза преобразба, националниот полет, блузот и неговите велеградски лудости.