Разговор со корисник:Retrohead/Архива 2013

Последен коментар: пред 10 години од Вик Ретлхед на темата Преименување
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 2


Ре

уреди

Здраво Вик Ретлхед и среќни празници. Ги разгледав статиите од кои некои избришав бидејќи немаа никаква содржина, некои беа дупли а останатите неможам да ги избришам бидејќи има поставено шаблон според кој истите корисникот треба да ги поправи. Доколку не ги поправи, може да се стави шаблонот за внимание и викифицирање. Сакам да напоменам дека бришењето е лесна работа, но доколку одиме на прелистување на статиите ќе видиме дека вакви статии кои ги предлагаш за бришење ги има во многу ама во многу голем број, па затоа истите јас лично не ги бришам туку им ги ставам гореспоменатите шаблони. Поздрав--Тиверополник (разговор) 01:38, 5 јануари 2013 (CET)Одговори

Важи, ќе видам што можам да поправам. А да прашам, како би одело спојувањето на статии?--Вик Ретлхед (разговор) 01:40, 5 јануари 2013 (CET)Одговори
Спојувањето е една од најмизерните работи бидејќи доколку сакаш да споиш две статии треба да ги искористиш информациите и од двете статии и да ги направиш во една по кое другата ќе биде избришена. Но доколку збориме за Граѓанската војна во Америка и Американска граѓанска војна ќе видиме дека едната е многу поопширна од другата па според тоа најубаво би било со копи пасте да се префрли содржината од Американска граѓанска војна во Граѓанската војна во Америка по кое треба да следува средување на статијата и бришење на другата. Поздрав--Тиверополник (разговор) 01:56, 5 јануари 2013 (CET)Одговори

Пренасочување/Преименување

уреди

Здраво Вик, ако сакаш да направиш преименување, пример Methamphetamine во кирилица тогаш треба да направиш пренасочување. Тоа го правиш така што од менито горе, кај копчињата: читај, уреди, историја, срцето, ѕвездичката, име и една стрелка на која кога ќе притисне ќе ти се отвори подмени со следниве опции: избриши, премести, заштити. Кај тебе можеби ќе се појави само премести. Значи ја бираш таа опција и ќе се отвори дијалог прозорец во кој ги пополнуваш бараните податоци, во случајов - Метамфетамин, притискаш на копчето зачувај и тоа е тоа. Си направил преместување на Methamphetamine во Метамфетамин плус пренасочување од Methamphetamine во Метамфетамин, се разбира и преименување. Поздрав. --brest (разговор) 15:20, 5 јануари 2013 (CET)Одговори

Фала, мислев дека само администраторите можат да прават преименувања.--Вик Ретлхед (разговор) 15:22, 5 јануари 2013 (CET)Одговори

Мои статии

уреди

Само да ве информирам дека пред некој месец создадов 2 статии.

2007 Men's Junior World Handball Championship, оваа статија се уште не е довршена. *Оваа статија е на Англиски, а наскоро ќе започнам и со превод на Македонски. Аеродром Логоварди, оваа статија всушност претставува превод на статијата од Англиски Јазик.Filipmkd1 (разговор) 21:29, 11 јануари 2013 (CET)Одговори

Благодарам

уреди

Би сакал да искажам голема благодарност за уважувањето и наградата, поточно за интересот и вниманието насочено кон она што го правам. Ме интересира во кој сè смисол сметаш дека она што го правам ја усовршува Википедија. Ова го прашувам за да знам како подобро да се поставам во уредувањето. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 02:56, 17 јануари 2013 (CET)Одговори

Поточно за поставувањето категории. Сум забележал на новите статии кои ги правам дека има категории на македонски за сите поважни теми. Е, сега немаше награда баш за такви придонеси, па затоа ја одбрав таа.--Вик Ретлхед (разговор) 03:03, 17 јануари 2013 (CET)Одговори

Плус за сите оние ситни поправки и техничките работи.--Вик Ретлхед (разговор) 03:11, 17 јануари 2013 (CET)Одговори

Портал

уреди

браво за твојот метал портал и за твоите активни уредувања \m/ :) --M4r51n (разговор) 21:46, 29 јануари 2013 (CET)Одговори

Мило ми е што ги следиш моите уредувања. Благодарам за топлите зборови и се надевам дека ти се допаѓаат содржините на порталот.--Вик Ретлхед (разговор) 21:49, 29 јануари 2013 (CET)Одговори

Васил Толески

уреди

Вик Ретлхед, до кај си со преводот на статијава на англиски јазик, да има англиска верзија: Васил Толевски и зошто не ми пишуваш повеќе, да не се налути нешто а? :)))

Фала за пораката. Во моментов сум презафатен со некои статии од македонско-украинскиот проект, а таа статија не ми е приоритетна, па затоа може да почека. Се слушаме во некоја наредна прилика. Имајте убав ден.--Вик Ретлхед (разговор) 19:15, 30 јануари 2013 (CET)Одговори

Манчестер Јунајтед

уреди

Благодарам за наградата и кажи каква легенда беше Оле. Carshalton (разговор) 23:39, 31 јануари 2013 (CET)Одговори

Најмногу заради оној гол против Баерн во финалето 99'. Прав џокер од клупа.--Вик Ретлхед (разговор) 23:44, 31 јануари 2013 (CET)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво Игор. Гледам малку дека си ја промашил работата во врска со јубилејната статија, но е надевам дека нема да некој многу голем проблем. Поради тоа што бројот од 68.000 статии беше надминат на 2 февруари, треба да се почека да заврши денот за да се види кои се сите статии создадени на денешен ден и да се започне гласањето за избор на јубилејна статија. Вака, со тоа што гласањето е започнато во текот на денот, ние на некој начин ги фаворизираме статиите коишто се уредени до овој момент во текот на денот бидејќи ќе има повеќе време да се гласа за нив, а од друга страна им го одземаме времето на оние коишто ќе бидат создадени до крајот на денот. Така на пример, за некои статии ќе има 24 часа за да се гласа, додека за некоја создадена во 23:59 само околу 10 часа. Се надевам на разбирање. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:45, 2 февруари 2013 (CET)Одговори

Уф, извини, мислев веднаш штом се надмине бројот се прави избор. Се надевам не е некоја голема штета.--Вик Ретлхед (разговор) 12:47, 2 февруари 2013 (CET)Одговори
Не бери гајле.:) Мислам дека се има уште еднаш претходно случено вакво нешто досега.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:05, 2 февруари 2013 (CET)Одговори

Компактна табела на периодниот систем на елементите

уреди

Hi. I see you've been changed a link from Аајнштајниум to Аајнштајниум. Please move an article if name is incorrect. Second one is a redirect to first so if you place this template to article Аајнштајниум you will see a link to this article itself. If link is not to redirect you will only see bold text instead of a link. I hope my terrible English was understandable :) --Base (разговор) 20:34, 4 февруари 2013 (CET)Одговори

 Ок Готово I hope I did what you've asked for.--Вик Ретлхед (разговор) 20:37, 4 февруари 2013 (CET)Одговори

Шаблони, нови корисници

уреди

FYI. Покрај на страницата за разговори на секој нов корисник што вообичаено се додава шаблонот {{добредојде}}, порано додававме и шаблон {{Нов корисник}} на нивната корисничка страница. --brest (разговор) 15:01, 6 февруари 2013 (CET)Одговори

Слика

уреди

 Ок Готово, поздрав--Тиверополник (разговор) 22:06, 9 февруари 2013 (CET)Одговори

Нумери

уреди

Средено. Ја исправив терминологијата и ставив големи букви кајшто треба. Се работи за шаблон што се прикажува во сите такви статии. Исто така, го преименував во Шаблон:Нумери. Да напоменам дека Position треба да се преведува како „Место“, а не Позиција или Положба (нели, велиме „песната е на трето место“). --Б. Јанкулоски (разговор) 22:56, 9 февруари 2013 (CET)Одговори

Шаблон

уреди

Здраво и од мене. Погледни, сега мислам дека е ОК.

Голема благодарност за услугата. Многу ти должам.--Вик Ретлхед (разговор) 21:26, 18 февруари 2013 (CET)Одговори
Нема проблем успешна работа--Тиверополник (разговор) 21:32, 18 февруари 2013 (CET)Одговори

Здраво

уреди

Здраво-живо, wiki-пријатели. Им е потребна помош во пишување на оваа статија Музична культура Республіки Македонії. Украина нема експерти во македонската музика и јас го напишао тоа што го најдов. Ако може да им помогне, имајте на ум, грчки претставници сакате да го менуваат значењето на музиката Македонија. Помош за да најдете информации за:

  • Фото располагање со слободна лиценца;
  • Информации за музички корени на Македонија на сајтови Македонија;
  • Информации за рок-музиката, панк;
  • На музички ТВ шоу;
  • Други интересни факти;
  • Биографии македонски музичари и пејачи.

Остави информации на оваа страница Благодарам! Даринка Когутяк

Даринка Когутяк (разговор) 18:31, 24 февруари 2013 (CET)Одговори

НУМС награди

уреди

Викимедија Украина обезбеди награди за највредните учесници во проектот „Википедија:Недела на македонско-украинска соработка“. Сите уредувачи се потенцијални добитници на наградата. Наградите ќе ги додели Викимедија Македонија во име на Викимедија Украина. Доделувањето ќе биде направено на некоја од наредните вики-средби откако ќе се направи изборот. За оние кои нема да може да учествуваат на вики-средбата, наградите ќе бидат испратени по пошта на нивната адреса. Секој може да номинира учесник за кој смета дека треба да добие награда, или самиот да се номинира. Секој може да учествува во изборот на највредни уредувачи. Ранг листата ќе биде направена врз основа на добиените гласови.--brest (разговор) 17:32, 6 март 2013 (CET)Одговори

А.Петрески

уреди

Дојдов до некоја информација и ја обновив статијата :) Поздрав и добра ноќ! --M4r51n (разговор) 00:03, 25 март 2013 (CET)Одговори

Циклотрон

уреди

Акцелератор е отстранета и исправена во меѓувики, а циклотрон е соодветно поврзана. Исто така важно е да се напомене дека акцелератор е назив што може да се стави само во заграда на почетокот од статијата, инаку се нарекуа „забрзувач на честички“. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:59, 11 април 2013 (CEST)Одговори

Нумери

уреди

Нема проблем, тука сум да помогнам - секогаш најслободно. Сега би требало да е средено. Кажи ми дали ти се допаѓа како се срочени зборовите, или предложи измени ако сакаш да гласи поинаку. Инаку ова е крајно дилетантски направен шаблон (но не гледам подобар на англиската), а сега гледам дека инфокутијата за албум е аљкаво преведена и ќе ја средам од почеток (на пр. дава „Грин Деј хронологија“, а треба „Хронологија на Грин Деј“ (ова е доста застапена појава во денешниот македонски). Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 13:01, 12 мај 2013 (CEST)Одговори

Благодарам за помошта. Немам забелешки за шаблонот нумери, туку само кога веќе го средуваш шаблонот за албум, дали би можел англиските термини да ги преведеш на македонски, нешто по урнекот на инфокутијата за сингл?--Вик Ретлхед (разговор) 13:06, 12 мај 2013 (CEST)Одговори
Проблемот со преведување на параметрите е во тоа што истите потоа треба рачно да се заменуваат во сите статии кајшто се користи шаблонот. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:15, 12 мај 2013 (CEST)Одговори

Важи, нема проблем.--Вик Ретлхед (разговор) 13:19, 12 мај 2013 (CEST)Одговори

Прашање

уреди

Дали може да си прикачиме наша слика во нашата корисничка сметка? Благојче Дишоски

Може, слободно.--Вик Ретлхед (разговор) 07:34, 13 мај 2013 (CEST)Одговори

OSPF статија

уреди

Здраво, кој би бил најдобриот превод за Open Shortest Path First (мојот превод е Најпрва отворена најкратка патека) наслов кој ми нема многу логика :\ но претпоставувам дека може OSPF да редиректира кон неа, Благодарам и поздрав Blagoj.atanasovski (разговор) 20:52, 25 мај 2013 (CEST)Одговори

HotCat

уреди

Е, здраво. HotCat е практично мала измена најдолу кај категориите, каде ти дава плусови и минуси за да ставаш категории (една или повеќе) и да ги менуваш од тоа место, без да треба да отвораш уредување на статијата (еве ти слика од англиската варијанта, ние мислам дека немаме сликички направено). Значи не е „програма“ како таква, туку само долу до категориите се појавуваат тие мали знакчиња, и даваат поле за да ја внесеш категоријата (секако без претставката „Категорија:“). Полезното е тоа што, како што пишуваш, самото ги има сите постоечки и ти ги дава на список, стеснувајќи го изборот како што внесуваш (налик на главното пребарување на викито). (еве го и тоа, иако може да изгледа малку поинаку, зависно од рувото, но тоа е козметика). Корисно е, но мислам дека сепак ќе ти го отвори уредувањето ако ставаш или бришеш повеќе од една категорија наеднаш. Исто така самото дава опис на измената, па правиш нешто со повеќе категории ќе те предупреди дека описот е предолг и ќе треба да го скратиш. Ништо страшно. Види го, ептен проста работа е. Инаку, се надевам дека ти е јасно ставањето на меѓујазични врски. Јас мало напатствие ставив во текстот што се отвора на секоја нова страница над уредувањето, но гледам дека има доста луѓе што едноставно не го восприемаат. Би требало да е јасно. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:23, 18 јуни 2013 (CEST)Одговори

Да, интервики задолжително ставам на новите статии, па дури и на оние кои не сум ги создал јас. Ова ќе го разгледам, зашто и онака ги проверувам страниците од новите корисници кои скоро никогаш не се категоризирани. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 10:59, 18 јуни 2013 (CEST)Одговори

Архиви

уреди

Нажалост тоа е неизводливо, бидејќи самиот шаблон има код за година напред и назад што не се менува. Не гледам решение. Ќе треба едноставно да се подразбира по тоа што е црвено. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:01, 18 јуни 2013 (CEST)Одговори

Се снајдов, нема проблем. Ги нумерирав со броеви 1 и 2, па отпосле направив пренасочување кон соодветната архива. Сега изгледаат како што треба.--Вик Ретлхед (разговор) 23:16, 18 јуни 2013 (CEST)Одговори

Наградени сте!

уреди
  Награда за противвандализам
Не е баш соодветна наградава ама :)) Браво за Википедија:Вандализам, ќе почнам и јас да преведувам :) Поздрав! M4r51n (разговор) 19:12, 3 јули 2013 (CEST)Одговори

Еј, фала, гледам и ти почна со некои слични уредувања, па само напред.--Вик Ретлхед (разговор) 19:16, 3 јули 2013 (CEST)Одговори

Конкурс за фотографија

уреди

Здраво, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:40, 2 август 2013 (CEST)Одговори

Здраво. Во моментов не сум активен на Википедија и не следам што се случува. Инаку фала за известувањето. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 13:40, 5 август 2013 (CEST)Одговори

Svetski-Makedonski-Kongres

уреди

Korisnik je globalno zaključan tako da ti ne može odgovoriti na tvoje pitanje. Pozdrav i svako dobro! --Kolega2357 (разговор) 01:40, 2 октомври 2013 (CEST)Одговори

Благодарам за пораката. Во секој случај такви коментари се недозволиви, па така би требало да добие трајно блокирање на корисничкото име и овде.--Вик Ретлхед (разговор) 01:42, 2 октомври 2013 (CEST)Одговори

Slažem se da treba trajno blokiranje ali neće biti potrebno jer kada se nalog zaključa globalno onda ne može nigde da uređuje. --Kolega2357 (разговор) 01:46, 2 октомври 2013 (CEST)Одговори

Преименување

уреди

Системот вели дека таков корисник веќе постои (мислам во смисла на обединето најавување, за сите проекти). Доколку си тоа ти, тогаш спој ја оваа со универзалната. Доколку не си, тогаш системот нема да дозволи. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:50, 8 август 2014 (CEST)Одговори

Б. Јанкулоски, мислиш ова корисничко име да го пренасочам кон Retrohead? Тогаш претпоставувам дека досегашните придонеси и статусот на оценувач ќе ми бидат одземени?--Вик Ретлхед (разговор) 12:17, 9 август 2014 (CEST)Одговори
Јас така разбрав. Што беше идејата? --Б. Јанкулоски (разговор) 12:20, 9 август 2014 (CEST)Одговори
Идејата беше да се узурпира тоа корисничко име. Претпоставувам тоа може да се изведе.--Вик Ретлхед (разговор) 19:37, 9 август 2014 (CEST)Одговори
Назад на корисничката страница на „Retrohead/Архива 2013“.