Разговор:Главна страница/Архива 2
Аџара или Аџарија
уредиКога ја правев страницата Административната поделба на Грузија, се сретнав со проблемот на името на една „република„. Дали некој можеби знае како би било правилно ма македонски.Колку што видов на интернет, барем кај нашите медиуми некаде е Аџара, а некаде Аџарија. Raso mk 15:40 12 fev 2008 UTC
- Аџара! :) --MacedonianBoy 15:36, 7 август 2008 (UTC)
15.000
уредиАј нека ни е со среќа. Направивме 15.000. Следната година нека бидат 150.000 raso mk 17:29, 10 fevruari 2008 (UTC)
Нека е со среќа ама да не остане на оваа бројка нека се множат па бугарите и србите да се позади далеку зад нас. Се најдобро MacedonianBoy 23:37, 10.02.2008
Лого за википедија за 15.000 стории
уредиЗдраво, вака бидејќи колку што видов се приближуваме кон бројката од 15.000 статии, направив мал редизајн на логото, кое мислам дека би можеле да го употребиме кога ќе дојдеме до бројката од 15.000 статии која мислам дека ќе биде набрзо. Ако се согласувате еве го логото, ставете го. Поздрав LBakraceski 02:22, 7 февруари 2008 (UTC)
- Се согласувам. --brest 21:49, 9 февруари 2008 (UTC)
Odlična idea- Корисник: MacedonianBoy
И јас мислам исто --Виктор Јованоски 22:19, 9 февруари 2008 (UTC)
- Можеби е исто така добра идеја, да пратиме еден press release до медиумите во Македонија, штом стасаме до бројката, добро ќе дојде малку популаризација, башка мислам дека и блогерите можат да помогнат тука :) Поздрав LBakraceski 00:15, 10 февруари 2008 (UTC)
- Да секако, само треба да се среди соопштението кое би се пуштило. Овде е соопштението кое беше пуштено по повод 10.000 - та статија, кое може да послужи како пример.--brest 09:10, 10 февруари 2008 (UTC)
- Bi bilo dobro da se pušti za da se napravat što poveḱe stati na makedonski zošto sepak najmalku statii imame nie na Balkanot od site jazici....MacedonianBoy 10:52, 10.02.2008
- Да секако, само треба да се среди соопштението кое би се пуштило. Овде е соопштението кое беше пуштено по повод 10.000 - та статија, кое може да послужи како пример.--brest 09:10, 10 февруари 2008 (UTC)
Променето е логото. Кажете до кога да стои?--brest 22:34, 10 февруари 2008 (UTC)
- Па претпоставувам дека на 16000 статии би можело да се врати на старото, па после (здравје) на 20000 може некој пак ќе смисли нешто пригодно... --Crnorizec 10:38, 7 март 2008 (UTC)
Bot command translations
уредиHi. Could anybody translate me these interwiki bot commands to Makedonian (they will be displayed in all interwiki bot summaries instead Serbian)?
- Бот - Бот
- Додаје - Додава
- Брише - Брише
- Мења - Менува
Thank you. lt:User:Hugo.arg 09:10, 16 февруари 2008 (UTC)
Викиречник
уредиЗдраво луѓе,
работев деновиве на Викиречникот. Направив понуда за главна страна и шаблон статија. Во меѓувреме се учам да направам шаблон во ХТМЛ и ПХП за внесување на зборови и автоматско правење на Викиречник статии. Секоја помош е добредојдена, мислења посебно. Како ви се допаѓа новата главна страна и шаблонот? Што би требало да се додаде или одземе? Повелете со коментари во разговорите на Викиречникот.
Поздрав. (Toci 00:00, 27 февруари 2008 (UTC))
Macedonia naming dispute
уредиИзвинете што ја употребувам оваа страница за ова, ама мислам дека најмногу ја гледате: ставив НПОВ таг на оваа страница и ги поканувам тие што имаат време и желба да се занимаваат со тоа, да повелат со свои придонеси во статијата. Бидејќи ова прашање е сега актуелизирано, многу корисници на Wikipedia ќе ја погледаат статијата. Поздрав, --Crnorizec 23:21, 7 март 2008 (UTC)
Густав Кирхоф
уредиИако постои статија за Густав Кирхоф, не се линкува со „родени“ на 12 март 1824 од главната страница, бидејќи таму е погрешно внесен како „Кирхов“, само не знам како да пристапам до тоа „родени“ бидејќи повикува нешто комплицирано... --Crnorizec 01:00, 12 март 2008 (UTC)
- се наоѓа во страница 12 март (родени), ова го пишуваш во полето пребарај од лево. Или пак доколку во моментот тој датум е на главната страница, (во случајов е) тогаш покрај текстот родени, двоточките се подвлечени, тоа е линк кој директно води кон статијата 12 март (родени), која после може да се уредува. --brest 01:05, 12 март 2008 (UTC)
- Исто и за Мустафа Кемал Ататурк (родени) има статија, само се вика Кемал Ататурк --Crnorizec 03:37, 12 март 2008 (UTC)
- Брест, исто и за Марко Аурелиј кој во „починале“ стои како Аврелиј. --Crnorizec 02:45, 17 март 2008 (UTC)
Glavnata strana
уредиDali nekoj saka ili može da ja smeni sekcijata Dali ste znaele.. ili da počnem da menuvam jas. Pozdrav --MacedonianBoy 15:22, 26 март 2008 (UTC)
- Би било убаво, ако веќе ја менувате секцијата, да го примените принципот на ен.вики: „From Wikipedia's newest articles“, за да се промовираат поновите статии. --Crnorizec 22:43, 26 март 2008 (UTC)
Избрана слика на Главната страница
уредиНели беа тоа мечките избрана слика пред не долго време? Дали некој води евиденција кои слики и кога веќе биле на главната страна ?--Crnorizec 22:21, 31 март 2008 (UTC)
- Ако нема предлог за избрана слика/статија тогаш доколку некој од администраторите авторитативно не постави некоја друга за избрана автоматски се зема една од веќе избраните, да не стои празен простор таму.--brest 07:32, 1 април 2008 (UTC)
- Бидејќи следната недела е годишнина од основањето на Рим (традиционално), предлагам да ставиме некоја слика од Рим, или оваа десно долу: . Кај се предлагаат избрани слики?--Crnorizec 09:13, 15 април 2008 (UTC)
- Предложи во Разговор:Главна страница / избрана слика / 2008, слично како избрана статија. Би те замолил тоа да го направиш за да почнеме да избираме слики на еден стандардизиран начин.--brest 08:26, 16 април 2008 (UTC)
Направив нешто слично на избрана статија, види ако сакаш да додаваш нешто. --Crnorizec 09:36, 17 април 2008 (UTC)
Христос воскресе
уредиБидејќи незнам каде да честитам, ќе ја искористам оваа страна и на сите уредувачи и администратори им го честитам најголемиот христијански празник Велигден! Христос воскресна!!! --Raso mk 18:08, 27 април 2008 (UTC)
- Navistina voskrese! poz
- Навистина Воскресе!!! поздрав!!! --SmartM&M 15:30, 29 април 2008 (UTC)
Makedonska pravoslavna crkva vam je sa malim m. Nenaad
Taga za jug
уредиЗдраво Барајќи ја Т'г за Југ дојодв до линк http://en.wikipedia.org/wiki/Taga_za_Jug Каде во кратки црти се опишува дека е тоа бугарско дело од бугарски писател. Се обидов да го сменам но не успешно. Дали некако може да се ургигра до главните на wikipedia за исправање на вакви грешки. Поздрав Крале
- Џабе братко, пропагандната машинерија од истокот го зела својот замав. --Raso mk 20:47, 20 јули 2008 (UTC)
- Не грижете се, ќе се обидам да направам промени. Ова искрено ме изненади, до кој степен е дошла статијата. --Brainmachinewtf? 22:00, 20 јули 2008 (UTC)
- Не е само таа статија. Сите македонски поими на англиската Винипедија се поисответени со бугарски или пак се бугарски. Бог да чува е таа Википедија! --MacedonianBoy 22:03, 20 јули 2008 (UTC)
- Ок, ја маркирав страницата со банерот на нашиот проект и дадов предлог за проценка на статијата (дефинитивно е никулец, а за значење мислам дека е високо). (овде) Инаку, предлогот ми е чисто да разјасниме дека во Македонија песната се смета за македонска, а во Бугарија дека се смета за Бугарска. Тоа е и вистината, ако гледаме од неутрална гледна точка и е промена која не можат да ја одбијат. По таа логика ќе мора да промениме многу статии. Тоа е сѐ што можеме да постигнеме за сега, но сепак е нешто. Brainmachinewtf? 22:41, 20 јули 2008 (UTC)
- И тебе ти викам џабе братко, сто пати сум се обидел и ништо. Источњаците користат некои извори (за кои е очигледно дека се фалсификат) на кои овие „енглезиве“ и веруваат и се вадат со тоа дека е подржано со референци. Ама тоа тие. Сагата македонска продолжува.......--Raso mk 22:47, 20 јули 2008 (UTC)
- Ок, ама сепак, морам да се обидам. Brainmachinewtf? 22:56, 20 јули 2008 (UTC)
- Меѓу другото и ја додадов и македонската верзија и таа беше избришана.... Како и да е обидете се.Поздрав Крале
- Ок, ама сепак, морам да се обидам. Brainmachinewtf? 22:56, 20 јули 2008 (UTC)
- И тебе ти викам џабе братко, сто пати сум се обидел и ништо. Источњаците користат некои извори (за кои е очигледно дека се фалсификат) на кои овие „енглезиве“ и веруваат и се вадат со тоа дека е подржано со референци. Ама тоа тие. Сагата македонска продолжува.......--Raso mk 22:47, 20 јули 2008 (UTC)
- Ок, ја маркирав страницата со банерот на нашиот проект и дадов предлог за проценка на статијата (дефинитивно е никулец, а за значење мислам дека е високо). (овде) Инаку, предлогот ми е чисто да разјасниме дека во Македонија песната се смета за македонска, а во Бугарија дека се смета за Бугарска. Тоа е и вистината, ако гледаме од неутрална гледна точка и е промена која не можат да ја одбијат. По таа логика ќе мора да промениме многу статии. Тоа е сѐ што можеме да постигнеме за сега, но сепак е нешто. Brainmachinewtf? 22:41, 20 јули 2008 (UTC)
Најверојатно не си навел извори. Не грижи се, ќе ја вметнеме и македонската верзија. Исто така, гледам дека голем број на статии се за средување од овој тип. И онаа за Миладиновци ја вклучив сега за проценка. Brainmachinewtf? 23:31, 20 јули 2008 (UTC)
Предлог
уредиМислам дека е добра идеја, за време на нашите државни празници, во позадина на логото на Википедија во горниот десен агол да стои и знамето на Македонија. Овој пример го земам по уредувањето на улиците низ градовите, примерите на телевизиите и весниците. Доколку се согласувате, слободно пишете. --Корисник:Kiril Simeonovskiразговор 14:41 6 август 2008 (UTC)
- Good idea!--MacedonianBoy 13:13, 6 август 2008 (UTC)
- Јас не се сложувам со тоа, бидејќи Википедија не е во надлежност на македонската држава, туку на Фондација Викимедија. Треба да ставаме обележувања само доколку се работи за нешто во врска со енциклопедијава. Boyan 13:11, 6 август 2008 (UTC)
Мала промена
уредиНа Главната страница поставив директен линк до порталот:Олимписки игри којшто го изработив денес. И покрај тоа што се смета за субпортал на порталот:Спорт, поради актуелноста на настанот го поставив веднаш до порталот:Спорт. Поздрав. --Кирил Симеоновскиразговор 14:32 7 август 2008 (UTC)
Коментар
уредиСпоред правописот на мк јазик страна 59, добре дојде е правилно наместо Добредојде. Дали ќе се смени тоа на главната страна? --MacedonianBoy 15:35, 7 август 2008 (UTC)
- Иако така стои во правописот и тоа е правилно, факт е дека доста почесто се употребува слеаната форма - добредојде. Видете ги резултатите од Google пребарувањето:
- 61.500 за "добредојде"
- 2.090 за "добре дојде"
- Некои весници употребуваат добре дојде во статиите - ете на пример Вест, а пак во друга статија од Вест се користи добредојде. A1 има многу статии кои користат добредојде ([1], [2]), понекогаш ќе се најде и по некое добре дојде; BBC Македонија користи добредојде итн., итн... Заклучок? Иако правилото вели добре дојде, денес во нашиот јазик многу, многу почесто може да се сретне слеаната варијанта. Гугл вели 61.500 : 2.090 за добредојде, онаа форма која ние ја користиме. Употребата на добредојде vs. добре дојде на македонската Википедија можеме да ја одредиме само преку консензус - да гласаме дали да правиме промена. Јас искрено мислам дека прашањето нема некој поголема значајност и сакам да ја задржиме старата форма (оти ќе треба да преправаме еден куп шаблони и статии). И повторно, исто како и прашањето за ВП:СЧ, давајте идеи, предлози, мислења, дискутирајте... Brainmachinewtf? 16:28, 7 август 2008 (UTC)
Кога сте веќе кај правописот и граматиката сакам да констатирам дека Дали сте знаеле би требало да гласи Дали знаевте. Така е во повеќе портали, а и граматички е точно и почесто се употребува. Дали знаевте е искажано во минато определено несвршено време и одговара директно за личноста, за разлика од дали сте знаеле искажано во минато неопределено несвршено време со кое најчесто се раскажуваат приказни и бајки. Сепак, според може поради карактерот на знаењето можеби и Дали сте знаеле е соодветно, но мислам дека Дали знаевте е пологично и поупотребувано.--Кирил Симеоновскиразговор 18:00 7 август 2008 (UTC)
- Ок, добар предлог. И тоа може да го промениме во редизајнот на главната страница. Видете ја и оваа идеја за нашата нова страница и кажете дали ви се допаѓа. Треба уште многу работа, а евентуално ќе напишам и еден есеј во кој ќе ги објаснам разликите во оваа верзија и предностите во однос на сегашната страница. Оставив место и за секција Вести. Brainmachinewtf? 18:16, 7 август 2008 (UTC)
- Добар редизајн само ако може да преовладува црвена и жолта боја ќе биде супер.--MacedonianBoy 19:02, 7 август 2008 (UTC)
- Редизајнот е супер, а видете го ова ВикиПроект Вести. Сега мислам дека сме подготвени доколку се здружиме во доволен број и за ова да придонесуваме, што подоцна може да добие и свој дел на Главната страница. Поздрав.--Кирил Симеоновскиразговор 19:08, 7 август 2008 (UTC)
- Ни фалат уште статии за да достигнеме бројка соодветна.--MacedonianBoy 19:13, 7 август 2008 (UTC)
- Но, може овој ВикиПроект да послужи и за уредување на статии според најновите настани. Па, со секојдневните вести би следувало и секојдневно уредување, а со тоа и би пораснал бројот на статиите, а и кога би биле повеќемина би било полесно. За, овој план не размислував веднаш сега. Можеби од септември или нешто подоцна. Што мислите?--Кирил Симеоновскиразговор 19:16, 7 август 2008 (UTC)
- Ни фалат уште статии за да достигнеме бројка соодветна.--MacedonianBoy 19:13, 7 август 2008 (UTC)
- Редизајнот е супер, а видете го ова ВикиПроект Вести. Сега мислам дека сме подготвени доколку се здружиме во доволен број и за ова да придонесуваме, што подоцна може да добие и свој дел на Главната страница. Поздрав.--Кирил Симеоновскиразговор 19:08, 7 август 2008 (UTC)
- Воопшто не е лош предлогот. Само треба да се договориме и да се организираме. Другото е се лесно. Поздрав--MacedonianBoy 23:04, 7 август 2008 (UTC)
- Кирил, браво брат! И јас ќе учествувам во проектот. Од утре ќе почнуваме да смислуваме начини како да ги архивираме и прикажуваме статиите, а понатаму ќе почнеме и да ги пишуваме првите статии. Имам добро претчуство за ова, ќе испадне супер. Мислам дека се движиме во вистинската насока, за прв пат гледам оптимистички на нашата Википедија. :D Или ова е пивото што зборува сега :S (не сум сигурен). MB, не сум сигурен за боите, мислам дека нема да стојат жестоки бои. Јас првиот редизајн го направив со црвена рамка и жолтеникава кутија и не изгледаше мн. убаво. Ако сакате ќе испробаме некако, но мене мн. ми се допаѓа оваа верзија. Brainmachinewtf? 23:17, 7 август 2008 (UTC)
Може некој да ми каже дали е правилно добрЕдојде или добрОдојде? Ова добредојде некако ми мириса на бугарски. Јас лично мислам дека ДОБРОДОЈДЕ е на македонски. македонско девојче (разговор) 18:23, 24 септември 2008 (UTC)
- Според правописот, правилно е добре дојде. Ова е цитирано од Правопис на македонскиот литературен јазик, Просветно Дело, Скопје, 1984, параграф 97. --Brainmachinewtf? 19:20, 24 септември 2008 (UTC)
Па на граница за влез во Македонија пишува ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА македонско девојче (разговор) 00:54, 25 септември 2008 (UTC)
- Па има и знакови во Македонија кои пишуваат "Возите безбедно". Балканец What man, what? 07:30, 25 септември 2008 (UTC)
Предлог за главна страница
уредиМислам дека е добро на Главната страница повторно да се врати старата практика со избрани портали. Мислам дека веќе имаме портали во доволен број и тоа би можело да функционира супер. --Кирил Симеоновскиразговор 20:27, 20 август 2008 (UTC)
Прашање за сметање на времето
уредиДали некако може да се смени сметањето на времето по наше, како што е на албанската а впрочем и на скоро сите балкански Викии. Поздрав НБРМ22:30, 22 август 2008 (UTC)
Апел
уредиБи ве замолил сите да се фатиме за работа и веќе да ги направиме тие 20 000 статии. Преостанаа уште 1000 статии до посакуваната бројка. Благодарам НБРМ10:35, 15 септември 2008 (UTC)
- Аха, ќе бидат--Raso mk 22:39, 15 септември 2008 (UTC)
- Ќе биде, иниицијативата е добра. Само напред.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:22, 16 септември 2008 (UTC)
- Дајте вакви иницијативи почесто да правиме. Планирам то да биде во рамките на проектите, каде би можело да се симулира уредување на нови статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:43, 17 септември 2008 (UTC)
- Тоа со проектите е одлично. На секој проект каде пишуваат активно корисниците може да се стави за да се знае. А не би било лошо да се стави и на оваа страна за разговор како за покана на сите корисници, стари и нови. Поздрав-- MacedonianBoy Oui? 18:05, 17 септември 2008 (UTC)
Во Википроект Одржување го наведов значењето на Википроектите и им дадов висока приоритетност на Википедија. Планирам да направам уште многу проекти: Македонија, историја, математика, шах, економија, биологија, мода, кулинарство, образование и др. Ако сакате да го поддржите овој план одете на Главната страница на Википроект:Одржување.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:07, 18 септември 2008 (UTC)
За избрана статија
уредиЕ ова е добро, кога имка повеќе предлози за избрани статии. Навистина сите 3 се квалитетни. Се надевам дека секоја седмица ќе биде вака.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:07, 19 септември 2008 (UTC)
Предлог
уредиМислам дека треба да се врати стариот начин на пристап до порталите зошто беше многу практичен. Сега до некои портали нема начин да се пристапи освен преку пребарување. инаку новиот изглед е добар и освежувачки
Забелешка
уредиНа главната страна на Википедиjа пишува „Добре доjдовте“. Барам ова да се промени во „Добродоjдовте“ бидеjќи така е правилно. „добре“ е бугарски збор.--AL3X TH3 GR8 (разговор) 01:27, 13 август 2009 (UTC)
- За ова се водеше долга дискусија на селската чешма пред околу еден месец.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:16, 13 август 2009 (UTC)