Разговор:Главна страница/Архива 3

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 3


Предлог за 20 000

уреди
 
Предлог за 20 000

Мал предлог за 20.000-та статија. Ако не ви се допаѓа измодифицирајте го. Поздрав НБРМ22:59, 22 август 2008 (UTC)

Супер, е. Планирав и јас слично да предложам. Ја подржувам сликата да биде за јубилејната 20.000.--Кирил Симеоновскиразговор 23:10, 20 август 2008 (UTC)
Логото мора да биде .SVG формат (за да нема пискели) и да биде јасно читливо Википедија - Слободна енциклопедија. Значи, ова не може. --Brainmachinewtf? 23:38, 22 август 2008 (UTC)
Предлог е. Поправете го. Зтоа реков ако не чини да се измодифицира.--НБРМ 23:41, 22 август 2008 (UTC)
 
Предлог за 20 000 од Dav
Еве и јас направив едно за дваесет минути (знам дека не е уметничко дело, но ќе се обидам да направам нешто подобро до судниот ден). -- dav(разговор) 20:49, 12 септември 2008 (UTC)
 
Предлог за 20 000
Еве и мој официјален предлог. Направив уште еден друг во две верзии само ги закачив на друг сајт, бидејќи гледам сите давате по еден предлог, но ако ви се допадне... All yours. :) (ова и ова) --Игор (разговор) 11:17, 17 септември 2008 (UTC)

Редизајн

уреди

Потребен ни е итно да направиме редизајн на Главната страна. Бојата е добра, но мислам дека е потребно мал дел од содржината да промениме и да ја вратиме практиката со избран портал. Размислете?--Kiril Simeonovski 19:32, 12 септември 2008 (UTC)

И овој предлог за лого е супер, но сепак малку погоре е запишано и мора да се почитува, па логото мора да биде во .SVG формат (за да нема пиксели).--Kiril Simeonovski 21:51, 12 септември 2008 (UTC)
Епа ти кажими како да направам свг, и јас ќе направам. -- dav(разговор) 08:46, 13 септември 2008 (UTC)
Не мора да е свг. ОК е оваНБРМ08:48, 13 септември 2008 (UTC)
Ама позадината треба да биде невидлива. На овие логоа е бела. Позадината може да се направи таква со Fireworks или фотошоп, ама јас ги немам тие програми. -- dav(разговор) 10:39, 13 септември 2008 (UTC)
Прави ја во Corel, така би требало да ти излезе .SVG.--Kiril Simeonovski 12:11, 13 септември 2008 (UTC)
Може ли бројките да се бојат црвени или жолти? Балканец What man, what? 05:21, 17 септември 2008 (UTC)
Гледам дека беа жолти кога настапивме до 15.000. Ајде црвени да ги направиме. Балканец What man, what? 05:30, 17 септември 2008 (UTC)
Одлично е. Може да се стави за гласање или пак не мора- нека се избере веднаш -- MacedonianBoy  Oui? 11:19, 17 септември 2008 (UTC)

Едно вметнување

уреди

За да не дојде до паника и чудење, поради утрешниот национален празник, статијата Ден на мaкедонската револуционерна борба ќе ја ставам како избрана. Статијата ќе седи од 00:00 23.10 до 24:00 23.10.2008. Благодарам--Raso mk (разговор) 21:38, 22 октомври 2008 (UTC)


Слика во секцијата на денешен ден

уреди

Мислам дека е потребно во секцијата на денешен ден да има една слика поврзана со некој настан. Нешто слично како на другите јазични изданија на Википедија, или пак како во секцијата дали сте знаеле.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:24, 31 октомври 2008 (UTC)

Словенски интервикии

уреди

Овие линкови треба да се стават: csb szl sh hsb dsb be be-x-old cu. Балканец What man, what? 08:02, 3 ноември 2008 (UTC)

Сфаќам што сакаш да кажеш, но сметам дека се порелевантни од, пример, фински и литвански. Веројатно тие се таму заради големината, ама тие немаат врска со македонски како што имаат словенските. Балканец What man, what? 04:51, 12 ноември 2008 (UTC)
Значи конечно одиме со сите интервикија?  Ок fine by me :) --Brainmachinewtf? 23:18, 14 ноември 2008 (UTC)

20.000!!!

уреди

Алал да ви е луѓе! Честито на сите кои имаат креирани статии овде. Ајде сега до 25.000 :). Сѐ најдобро и само напред. Балканец What man, what? 23:04, 5 ноември 2008 (UTC)

Новогодишно лого

уреди
 

Предлагам ова да биде новогодишното лого.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:42, 27 декември 2008 (UTC)

   и треба да се стави порано, со други зборови веднаш. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 23:49, 27 декември 2008 (UTC)

Внимание

уреди

Избраната статија на Главната страна под итно да се среди. Нема администратор он лајн кому може да се укаже ова па пишувам тука. Обични корисници не можат да чепкаат таму. Средете ја. Поздрав--MacedonianBoy 10:04, 16 февруари 2009 (UTC)

Се смена форматот MacedonianBoy, сега изгледа вака: Википедија:Избрана статија/2009/08 -{админинстратор}-   гитардемон 14:23, 16 февруари 2009 (UTC)

Лого за 30.000 статии

уреди

Што заборавивме заборавивме да си направиме лого за 25.000 статии, ајде да направиме лого за 30.000 статии. Предлози кој има нека даде тука или на Селската Чешма. Сепак 30 000 ќе ги стигнеме набрзо и е солидна бројка.--MacedonianBoy 09:25, 16 март 2009 (UTC)

Проблем со избраната мултимедијална содржина

уреди

Дечки, ја исклучив привремено избраната слика и избраната мултимедија − со преместувањето на шаблоните се измести некако работата. Да се обидеме да ја поправиме грешката, овде е кодот од главната страница за тестирање. Ова ни е моментално приоритетна задача − итно да ни профункционира оваа секција од главната страница! --Brainmachinewtf? 19:59, 11 април 2009 (UTC)

 Ок Ок e, го поправив. :) --Brainmachinewtf? 23:29, 11 април 2009 (UTC)

Предлог лого за 30 000 статии

уреди

Еднаш напишав, никој не ми врати па јас си направив едно поедноставно лого. Логото е од десно и ако има коментари слободно пишете. Поздрав--MacedonianBoy 21:55, 23 април 2009 (UTC)

Добро е. Јас мислев ида не одиме со лого за 30.000, но веќе кога си се потрудил, мислам дека треба да го ставиме. Инаку, сега да се фаќаме на работа за 30.000 статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:19, 24 април 2009 (UTC)

Новото лого за 30 000

уреди

До кога да го чуваме логото? Јас мислам до 31.500 или до 32.000 статии и да го тргнеме, доста му е. Поздрав--MacedonianBoy 22:58, 2 мај 2009 (UTC)

Преименување на секцијата „Дали сте знаеле...“ во „Дали сте знаеле дека...“

уреди

Бидејќи забележав дека сите податоци во секцијата „Дали сте знаеле...“ започнуваат со зборот „дека“, мислам дека би требало оваа секција да се преименува во „Дали сте знаеле дека...“, а сите „дека“ во податоците да се избришат -- dav(разговор) 19:39, 26 септември 2009 (UTC)

Добра замерка треба да се промени.--Никола Стоіаноски 19:40, 26 септември 2009 (UTC)

Печатна грешка

уреди

Во избрана статија за оваа седмица (Торинско платно) на крајот на првиот пасус пишува тоа крпата, а треба да е тоа е крпата. Знам дека ова е мала грешка, но би било добро да се поправи. -- dav(разговор) 20:27, 16 ноември 2009 (UTC)

Па слободно поправи :)--Р ашо  15:06, 16 ноември 2009 (UTC)
Во статијата го поправив, но бидејќи не сум администратор не можам да ја поправам секцијата која е прикажана на главната страница. Затоа и се обратратив тука со надеж дека некој админ ќе го поправи. Но засега ништо од тоа :( -- dav(разговор) 20:27, 16 ноември 2009 (UTC)
Го поправив, во нсрените неколку минути би требало само да се смени. За таа поправка не треба да си администратор, туку само малку поискусен уредувач, за да можеш да ги пронајдеш „цаките“. Позз--Р ашо  20:36, 16 ноември 2009 (UTC)
И јас ќе го најдев, ама мислев дека е заклучено, бидејќи ако не е, тогаш секој попаметен википедијанец кој го разбира вики кодот барем малку би можел да вандализира на главна страница. Ај позз. -- dav(разговор) 21:09, 16 ноември 2009 (UTC)

Правописна грешка

уреди

На главната страница: Не се пишува "Добре дојдовте на Википедија", туку "Добродојдовте на Википедија" Ова за "добродојдовте" го научив од мојата професорка по македонски во средно 77.29.10.36 (разговор) Иво

Новогодишно лого

уреди
 
Предлог за новогодишно лого (2009-2010)

Ако немате против, мислам дека ова е добро да биде новогодишно лого за оваа година.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:34, 25 декември 2009 (UTC)

И јас направив баш вакво лого, но кога го подигнував некој ерор ми покажуваше. Супер е лоово, и би било добро до 31 јануари да остане, поради новогодишните празници во тој месец. -- dav(разговор) 23:24, 26 декември 2009 (UTC)

Избрана статија

уреди

Со вчитувањето на кодот на главната страница има проблем, па не се вчитува избраната статија за втората седмица, туку за првата. Поради тоа една статија веќе две седмици е на главната страница. Ќе го променам кодот со бројка за да може статијата Исус Христос да биде на главната страница, баем до крајот на седмицата. Менувањето на кодот може да потрае и во наредниот период, сè додека проблемеот не го решиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:01, 7 јануари 2010 (UTC)

Значи вака, старите параметри за автоматско читање на избрана статија ги избришав, и наместо тоа директно ја ставив оваа статија за читање. Кога ќе помине периодот за оваа статија, ќе ги вратам старите параметри за автоматско читање и сè ќе биде по старо. Поз--Никола Стоіаноски 16:34, 7 јануари 2010 (UTC)

Со оглед на тоа дека се вчитува една недела порано, односно наместо втората моментно се вчитува првата во годината, предлагам параметарот +2 часа во шаблонот за трансклудирање за седмици да го промениме во +170 (168 часа повеќе, односно една седмица повеќе). Со тоа автоматски ќе се вчита избраната статија која сме ја ставиле за идната идната седмица, а во случајов тоа би било за тековната седмица.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:24, 8 јануари 2010 (UTC)

Новото лого

уреди

Новото лого на Википедија на македонски јазик е грешно. Која е буквата после о, а пред н во првиот збор? Мислам треба да се среди. Поз--Никола Стоіаноски 19:23, 23 јуни 2010 (CEST)Одговори

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Податотека наместо File, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:26, 7 август 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Назад на страницата „Главна страница/Архива 3“.