Отвори го главното мени

Фондација Викимедија

американска непрофитна добротворна организација

Фондацијата Викимедија (англиски: Wikimedia Foundation Inc.) е организацијата покровител на Википедија, Викиречник, Викицитат, Викикниги, Викиизвор, In Memoriam 9/11, Заедничка ризница, Викивидови, Викивести, и Nupedia (затворен проект). Фондацијата е непрофитна организација регистрирани по законите на Флорида, САД. Нејзиното постоење е официјално обзнането од страна на поранешниот извршен директор на Бомис и соосновач на Википедија Џими Велс на 20 јуни 2003 [1].

Фондација Викимедија
Wikimedia Foundation, Inc.
Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg
Лого на фондацијата
Тип501(c)(3) charitable organization
ОснованаСент Питерсберг, САД.
20 јуни 2003 (2003-06-20)
СедиштеСан Франциско, Калифорнија
САД
КадарКет Волш, Претседател на одборот
Џими Велс, Почесен претседател[1]
Sue Gardner, Executive Director
Опслужувано подрачјеЦел свет
ЗадршкаСлободна, отворена содржина, вики интернет-проекти
МетодВикипедија, Викиречник, Викицитат, Викикниги (вклучително Wikijunior), Викиизвор, Заедничка ризница, Викивидови, Викивести, Викиуниверзитет, Викимедија инкубатор и МетаВики
Приход$5,032,981 (2007–2008)[2]
Доброволци350.000 (2005)[3]
Вработени27 (податок од јуни 2009)[4]
Мреж. местоwikimediafoundation.org

Локален огранок на Викимедија во Македонија е Викимедија Македонија.

Локални ограноциУреди

 
Карта на која со сина боја се прикажани земјите каде има формирано локален огранок на фондацијата.

Викимедија проектите се на меѓународно ниво. Викимедија гради меѓународна мрежа на ограноци преку која ги подржува своите проекти.

Локалните ограноци се самостојни организации кои ги споделуваат целите на Викимедија фондацијата и истите ги подржуваат на територијата на земјата во која се регистрирани.

Локалните ограноци се самостојни и правно немаат контрола ниту пак било каква одговорност за веб-страните на Викимедија Фондацијата и обратно.

Земја Назив URL Формирани на
  Аргентина Викимедија Аргентина wikimedia.org.ar 1 септември 2007
  Австралија Викимедија Австралија wikimedia.org.au 1 март 2008
  Австрија Викимедија Австрија wikimedia.at 26 февруари 2008
  Чешка Викимедија Чешка wikimedia.cz 6 март 2008
  Данска Викимедија Данска wikimedia.dk 3 јули 2009
  Франција Викимедија Франција wikimedia.fr 23 октомври 2004
  Германија Викимедија Германија wikimedia.de 13 јуни 2004
  Хонгконг Викимедија Хонг Конг, 香港維基媒體協會 wikimedia.hk 1 март 2008
  Унгарија Викимедија Унгарија wiki.media.hu 27 септември 2008
  Индонезија Викимедија Индонезија wikimedia.or.id 7 октомври 2008
  Израел Викимедија Израел il.wikimedia.org 26 јуни 2007
  Италија Викимедија Италија wikimedia.it 17 јуни 2005
  Македонија Викимедија Македонија mk.wikimedia.org 21 септември 2009
  Холандија Викимедија Холандија nl.wikimedia.org 27 март 2006
  Норвешка Викимедија Норвешка no.wikimedia.org 23 јуни 2007
  Полска Викимедија Полска pl.wikimedia.org 18 ноември 2005
  Португалија Викимедија Португалија wikimedia.pt 3 јули 2009
  Русија Викимедиа Русија wikimedia.ru 24 мај 2008
  Србија Викимедија Србија rs.wikimedia.org 3 декември 2005
  Шведска Викимедија Шведска se.wikimedia.org 11 декември 2007
  Швајцарија Викимедија Швајцарија wikimedia.ch 14 мај 2006
  Тајван Викимедија Тајван, 中華民國維基媒體協會 wikimedia.tw 4 јули 2007
  Украина Викимедија Украина wikimedia.org.ua 3 јули 2009
  Обединето Кралство Викимедија Обединето Кралство uk.wikimedia.org 12 јануари 2009
  Њујорк Викимедија Њујорк Сити 12 јануари 2009

НаводиУреди

  1. Cbrown1023. „Board of Trustees“. Wikimedia Foundation. Архивирано од изворникот на 2008-01-15. конс. 19 јануари 2008. 
  2. „Финансиски извештај“ (PDF). Wikimedia Foundation. конс. 2009-07-05. 
  3. (француски) Open for business (2007), Jaap Bloem & Menno van Doorn (trad. Audrey Vuillermier), éd. VINT, 2007 (ISBN 978-90-75414-20-2), стр. 93. No official number available since 2006
  4. „Key Facts“ (PDF). Wikimedia Foundation. конс. 2009-11-07. 

Надворешни врскиУреди