Радовишта (Населичко)
Радовишта (грчки: Ροδοχώρι, Родохори; до 1928 г. Ραδοβίτσι, Радовици или Ραδοβίστι, Радовисти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).
Радовишта Ροδοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°12′N 21°18′E / 40.200° СГШ; 21.300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 730 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 27 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаж
уредиСелото е сместено во областа Населица, крај патот кој води за Гребен на надморска височина од 730 м. Лежи југозападно од Лапчишта и источно од Жупан.[3]
Во непосредна близина на селото е Цукарев мост.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Радовишта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Радовишта живееле 366 Грци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радовишта (Radovichta) има 325 Грци под патријаршијата.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Радовишта живееле 150 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Радовишта се запишани 471 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 316 лица.[3]
Во 1928 г. во селото живееле 344 лица. Истата година македонското име на селото му било сменето во Родохори.[3]
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 258 | 116 | 112 | 126 | 173 | 136 | 87 | 52 | 27 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Цукарев мост — стар камен мост кај селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Radovitsi -- Rodochorion“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-15.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 345–346.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-07-15.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.226-227.
- ↑ Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.