Цукарев мост
Цукарев мост (грчки: Γεφύρι του Τσούκαρη) — камен мост во Населичко, Егејска Македонија.[1]
Цукарев мост Γεφύρι Του Ζουπάνι | |
---|---|
Координати | 40°13′24″N 21°18′18.6″E / 40.22333° СГШ; 21.305167° ИГД |
Преминува | Праморица |
Место | Радовишта, Населичко, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 40 м |
Ширина | 3 м |
Висина | 7 м |
Најдолг распон | 12 м |
Распони | 5 |
Историја | |
Завршен | XIX век |
Местоположба | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found |
Мостот ја преминува реката Праморица и се наоѓа на 2 км од центарот на селото Радовишта. Го поврзува Цотил со напуштеното село Рокастро. По него минува земјен пат која сè уште е во употреба. Месноста се нарекува Палиомонастиро (Стар Манастир) и веројатно таму имало тврдина бидејќи мостот е изграден од бедемски камења.[1]
Изграден е со средства на Димитриос Цукарис од Радовишта кој имал занаетчиски дуќан во Цариград. Не е познато кога е направен, но првпат се споменува во 1890 година.[1]
Мостот има пет лакови, од кои два мали лака се покриени со растителност. Првиот лак имал вградена плоча со времеследот на градбата, но таа се срушила во 1955 година и е заменета со бетонска плоча. Вториот лак е најголем, со ширина од 12 м и висина од 7 м. Целиот мост е долг 40 м, а широк 3 м.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Το Γεφύρι του Τσούκαρη“. Πρόγραμμα Πίνδος. Посетено на 8 ноември 2019.