Прушков
Прушков (полски: Pruszków, Прушкув) — град кој се наоѓа во Полска, во Мазовското Војводство, со население од 60.068 жители според податоци од 2014 година. Прушков е седиште на Прушковскиот регион.
Прушков | |||
---|---|---|---|
Гесло: Kolej na Pruszków! It's Pruszków's turn! | |||
Координати: 52°10′N 20°48′E / 52.167° СГШ; 20.800° ИГД | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Мазовско | ||
Округ | Прушковски регион | ||
Општина | Прушков | ||
Основање | 16 век | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Јан Старзински | ||
Површина | |||
• Вкупна | 19,15 км2 (739 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 60.068 | ||
• Густина | 31/км2 (81/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 05-800, 05-802, 05-803, 05-804 | ||
Повик. бр. | +48 22 | ||
Регистарски таблички | WPR | ||
Мреж. место | http://www.pruszkow.pl/ |
Историја
уредиПрушков бил основан како град во 1916 година, по Првата светска војна, иако селото постоело уште од 16 век. Развојот на градот било потпомогнато по изградбата на железничката станица Виена-Варшава во 19 век. Во 1927 година била изградена психијатриска болница, и истата работи до денес. За време на Првата светска војна, битка меѓу германските и руските сили се одвила во Прушков на 12-18 октомври 1914 година (како дел од битката на реката Висла). И покрај првичниот успех на германските сили на 12 октомври, руските сили направиле контра-напад на 14 октомври. Интензивниот артилериски оган од двете страни предизвикал сериозни оштетувања на многу згради во Прушков вклучувајќи ја железничката станица, електричната централа и две цркви. Во август 1915 година Прушков бил окупиран од страна на германските сили без борба.
Втора светска војна
уредиГрадот имал голема еврејска популација пред германско-руската инвазија на Полска. Во 1940 година, германските окупациски власти изградиле еврејското гето во градот.[1]. Гетото било ликвидирано на 31 јануари 1941 година, кога сите 1.400[2] - 3000 жители биле транспортирани во Варшавското гето, најголемото гето во сите нацистички окупирани зони во Европа со повеќе од 400.000 Евреи кои биле сместени во површина од 3.4 км2. Од таму, поголемиот дел од затворениците биле испратени во Треблинка[3][4][5][6].
Во текот на 1944 година во текот на Варшавското востание, нацистите создале голем транзитен камп во Прушков. Околу 550.000 жители во Варшава, и околу 100.000 од периферијата биле затворени во овој камп. Околу 650.000 Полјаци поминале низ логорот во градот во август, септември и октомври 1944 година и околу 55.000 биле испратени во концентрациони логори, вклучувајќи 13.000 во Аушвиц.
По Втората светска војна, Прушков станал еден од најголемите индустриски центри во Мазовското Војводство. Поради неговата близина на Варшава, во градот биле изградени неколку фабрики и компании, вклучувајќи ги Herbapol, Daewoo Electronics, L'Oreal. Градот е исто така важен спортски центар, со спортска сала, фудбалски стадион и се со развиен велосипедизам. Од 2007 година локалниот фудбалски тим Знич се натпреварувал во полската Прва лига за три сезони, но се преселил во полската втората лига во 2010 година. Роберт Левандовски бил играч на Знич од 2006 до 2008 година.
Во Прушков, поранешниот полски претседател Бронислав Коморовски поминал дел од своето детство.
Население
уредиНаселението на градот се зголемило значително, од 16.000 во почетокот на XX век до 60.068 во 2014 година според пописот од страна на Централниот завод за статистика на Полска[7][8].
- 1914 - 16.000
- 1939 - 27.100
- 1970 - 43.400
- 1990 - 53.700
- 2000 - 54.331
- 2008 - 55.971
Административна поделба
уредиАдминистративно, градот е поделен на 10 области и микрорегиони.
Области:
- Бонки
- Гаши
- Жбиков
- Малихи
- Остоја
- Творки
Микрорегиони:
- Сташица (А и Б)
- Паркови
- Прусија
- Вигледовек
Наводи
уреди- ↑ "The War Against The Jews." The Holocaust Chronicle, 2009. Chicago, Il. Accessed June 21, 2011.
- ↑ The statistical data compiled on the basis of "Glossary of 2,077 Jewish towns in Poland" Архивирано на 8 февруари 2016 г. by Virtual Shtetl Museum of the History of the Polish Jews (англиски), as well as "Getta Żydowskie," by Gedeon, (полски) and "Ghetto List" by Michael Peters at www.deathcamps.org/occupation/ghettolist.htm (англиски). Accessed July 12, 2011.
- ↑ Warsaw Ghetto, United States Holocaust Memorial Museum (USHMM), Washington, D.C.
- ↑ Richard C. Lukas, Out of the Inferno: Poles Remember the Holocaust, University Press of Kentucky 1989 - 201 pages. Page 13; also in Richard C. Lukas, The Forgotten Holocaust: The Poles Under German Occupation, 1939-1944, University Press of Kentucky, 1986, Google Print, p.13.
- ↑ Gunnar S. Paulsson, "The Rescue of Jews by Non-Jews in Nazi-Occupied Poland," Journal of Holocaust Education, Vol.7, Nos.1&2, 1998, pp.19-44. Published by Frank Cass, London.
- ↑ Edward Victor, "Ghettos and Other Jewish Communities." Judaica Philatelic. Accessed June 20, 2011.
- ↑ http://stat.gov.pl/files/gfx/portalinformacyjny/pl/defaultaktualnosci/5515/3/9/1/rocznik_demograficzny_2015.pdf
- ↑ „Central Statistical Office (Poland), Ludność. Stan i struktura w przekroju terytorialnym“ (PDF).
Надворешни врски
уреди„Прушков“ на Ризницата ? |
- (полски) Pruszków official website
- (полски) Alleycat races in Pruszków Архивирано на 11 февруари 2020 г.
- (англиски) Museum of Ancient Mazovian Metallurgy Архивирано на 30 август 2010 г.
- Jewish Community in Pruszków on Virtual Shtetl