Правишта

гратче во Правишко (Кавалски округ), Егејска Македонија
(Пренасочено од Правиште)

Правишта или Правиште (грчки: Ελευθερούπολη, Елевтеруполи, до 1929 г. Πнеράβι, Прави[2]) — град во Правишко, Егејска Македонија, денес во општина Кушница, денес во Источна Македонија и Тракија. Населението брои 4.360 жители (2011).

Правишта
Ελευθερούπολη
Улица во Правишта
Улица во Правишта
Правишта is located in Грција
Правишта
Правишта
Местоположба во областа
Правишта во рамките на Кушница (општина)
Правишта
Местоположба на Правишта во Кавалскиот округ и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°54.58′N 24°15.20′E / 40.90967° СГШ; 24.25333° ИГД / 40.90967; 24.25333
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски
ОпштинаКушница
Општ. единицаПравишта
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4.360
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.KB

Географија

уреди

Правишта се наоѓа 17 км западно од градот Кавала в во југоисточното подножје на плнината Кушница (Пангео), на реката Лаџа (Мармара).

Историја

уреди

Потекло на поимот

уреди

Според Јордан Н. Иванов Правишта е патронимно лично име од личното име *Прав(о). Жителското име е правишќанин, правишќанка, правишќани.[3] Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името е од првичниот патроним на -ишти *Правишти од личното име Прав(о).[4]

Во Османлиското Царство

уреди

Во Калимановата грамота од XVI век се среќава „Правица“, и смета дека се работи за Правишта. Името се среќава кај Хаџи Калфа в средината на XVII век во Турцизираниот облик Пираушта.[4]

Во Правишта имало голем турски арсенал. Од XVII век тука се изработувале ѓулиња за турската атрилерија, а веројатно се одлевале и други железни предмети за армијата.[5] Кон крајот на XIX век, Правишта бил центар на мала каза во Османлиското Царство. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) пишува за Правишта:

Градот Правишта или Прави на грчки е расположен во рамнина по двата брега на неголема река... Правиште е седиште на мудурот, кадијата и меџлисот на казата. Во градот има 6 турски џамии, од кои една им припаѓа на Циганите-муслимани. Христијаните имаат епископски дом со црква и две грчки народни училишта. Тука постојано живее епископ, наречен Правишки [Елефтеруполски] и потчинет на Драмскииот митрополит. За своја издршка овој епископ зема од секоја христијанска двојка во Правишката каза по 32 пијастри годишно, додека во другите кази овој износ не надминува 6 пијастри. Образложението на високиот данок е многубројноста на христијаните под водство на Правишкиот [Елефтеруполскиот] епископ.[6]


В 1891 година Георги Стрезов пишува за Правишта:

Правишта, паланка на југ од Драма 5 часа пат. Изградена е меѓу падини, кои се спуштаат меѓу двата напоредни венци на Прнар (Кушница) до истоимената река. Седиште на грчкиот митрополит „Елевтериополски“. Има пазар, а на Митровден има панаѓур, кој трае 1 седмица. Панаѓурот има 3000 посетители. Жителите се 3000 Грци, со црква и училиште. Правишката нахија ја сочинуваат 16 грчки села едно македонско, Натен, со 40 куќи. Веројатно има и други македонски села; но не можев да добијам веродостојни податоци.[7]


Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Правишта живет 1 250 Турци, 1 100 жители Грци христијани и 1 200 Роми.[8] а Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Правишта има 1 100 Грци и 1 200 Роми.[9]

Градот е заземен од четата на кумановскиот војвода Панајот Бајчев на 31 октомври 1912 г. за време на Првата балканска војна. Истовремено во Правишта влегува и четата на грчкиот андарти капетан Дукас Дукас, по што во градот остануваат бугарски воени единици.[10] Петар Бајчев станува воен комендант на Правишта.

Во Грција

уреди
 
Разгледница од Правишта.

Во 1913 г. гратчето влегува во грчката држава по Втората балканска војна. Во 20-те години на XX век е иселено турското население со спогодбата за размена на население меѓу Грција и Турција по Лозанскиот договор и на негово место се доселени грчки дојденци. Во 1928 г. грчкото бегалско население од Турција броело 160 семејства со 745 жители.[11] В 1929 година паланката е преименувана на Елевтеруполис.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πράβι -- Ελευθερούπολις
  3. Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 207.
  4. 4,0 4,1 Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония,ќ София, МНИ, 1996, стр. 188.
  5. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.92.
  6. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 48 - 49.
  7. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 33.
  8. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 200.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 232-233.
  10. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 114.
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди