Потсдам-Мителмарк
(Пренасочено од Потсдам-Мителмарк (округ))
Потсдам-Мителмарк (германски: Potsdam-Mittelmark) — округ во западниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Хафеланд, слободните градови Бранденбург на Хафел и Потсдам, сојузната покраина Берлин, округот Телтов-Флеминг и окрузите Витенберг, Анхалт-Битерфелд и Јерихов во Саксонија-Анхалт.
Потсдам-Мителмарк Landkreis Potsdam-Mittelmark | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Бад Белциг | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2,575,4 км2 (994,4 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 217.954 | ||
• Густина | 85/км2 (220/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | PM | ||
Мреж. место | potsdam-mittelmark.de |
Географија
уредиОкругот го вклучува јужниот тек на реката Хафел и северните делови на Флеминг (пошумен ридски масив). Постојат три природни паркови во округот: Природен парк Горен Флеминг, Природен парк Нуте-Ниплиц и Природен парк Западен Хафеланд.
Историја
уредиОкругот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Белциг, Бранденбург-Ланд и Потсдам-Ланд.
Грб
уредиГрбот е поделен на четири полиња. Горниот лев дел прикажува црвен орел како симбол на Бранденбург. Трите дабови листови во горниот десен дел ги симболизираат дабовите шуми, но исто така и трите претходни окрузи, кои биле споени за да го создадат денешниов. Во долниот десен дел се два бискупски клучеви, кои ја претставуваат бискупијата Бранденбург. Црно-златните ленти во долниот лев дел се симбол на Саксонија и симболизираат дека областа околу Белциг, Брик, Визенбург и Нимегк припаѓала на Саксонија до 1815. |
Градови и општини
уредиСлободни градови | Општински заедници | |
---|---|---|
|
1. Бецзе 2. Брик 3. Нимег |
4. Вустервиц 5. Цизар |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Потсдам-Мителмарк на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)