Визенбург (германски: Wiesenburg; службено наречен Визенбург/Марк) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа 11 километри западно од Бад Белциг и 46 километри југозападно од Бранденбург на Хафел. Се наоѓа во Природниот парк Горен Флеминг.

Визенбург
Замок Визенбург
Замок Визенбург
Замок Визенбург
Визенбург во рамките на Германија
Визенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Градоначалник Барбара Клембт (Левица)
Основни податоци
Површина 218,20 км2
Надм. височина 167 м
Население 4.253 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 19 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14827
Повик. бр. 033849
Портал www.wiesenburgmark.de
Местоположба на Визенбург во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Карта
Координати 52°07′0″N 12°26′59″E / 52.11667° СГШ; 12.44972° ИГД / 52.11667; 12.44972

Географија

уреди

Од 2000, кога 14 околни села доброволно се приклучија да ја основаат општината Визенбург/Марк, има површина од 218,19 км2.

Овие села станала општински единици (Ortsteile) на Визенбург:

  • Бенкен
  • Грубо
  • Језериг/Флеминг
  • Језеригерхитен
  • Келпциг
  • Ленсдорф
  • Медевиц
  • Мицдорф
  • Нојехитен
  • Рец
  • Рецерхитен
  • Репинихен
  • Шламау
  • Визенбург

Знаменитости

уреди

Главна знаменитост е Замокот Визенбург, средновековен замок кој бил делумно претворен во неоренесансен дворец и парк.

Покрај замокот, постои и „патека на скулптури“, која започнува од Визенбург и се движи кон Бад Белциг.

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди