Бад Белциг (германски: Bad Belzig), исто така познат како Белциг, е град во сојузната покраина Бранденбург, Германија, сместен на околу 70 километри југозападно од Берлин. Градот претставува административно седиште на округот Потсдам-Мителмарк.

Бад Белциг
Стариот град со Замокот Ајзенхарт
Стариот град со Замокот Ајзенхарт
Стариот град со Замокот Ајзенхарт
Грб на Бад Белциг
Бад Белциг во рамките на Германија
Бад Белциг
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Градски единици 18
Градоначалник Ханелоре Клабунде
Основни податоци
Површина 234,82 км2
Надм. височина 88 м
Население 11.172 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 48 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14806
Повик. бр. 033841
Портал www.belzig.de
Местоположба на градот Бад Белциг во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Карта
Координати 52°08′32″N 12°35′44″E / 52.14222° СГШ; 12.59556° ИГД / 52.14222; 12.59556

Географија

уреди
 
Црква во Грос Бризен

Бад Белциг е сместен во рамките на ридскиот масив Флеминг и во центарот на Природниот парк Горен Флеминг. Рамниците северно од градот се дом на едно од неколкуте јата на големата дропла во Германија.

Од 2003, кога 14 околни села биле припоени во Бад Белциг, некои од нив доброволно, некои преку административни мерки, Бад Белциг има површина од 234,83 км². Тие села станале градски единици (Ortsteile) на Белциг:

  • Бергхолц
  • Борне
  • Дипмансдорф
  • Фредерсдорф
  • Грос Бризен
  • Хагелберг
  • Куловиц
  • Либниц
  • Лисе
  • Лите
  • Нешхолц
  • Рагезен
  • Шванебек
  • Вербиг

Шумата Ферлоренвасер близу Вербиг претставувала географски центар на Источна Германија.

Историја

уреди

Словенската тврдина Белици (Belizi) била првпат спомената во декрет од 997 година издаден од царот Отон Трети до Архиепископијата Магдебург. Дали ова означување се однесувало на Бад Белциг или на соседниот град Белиц не било конечно одредено. Сепак, двата града ја прославиле нивната 1000-годишнина во 1997.

 
Замок Ајзенхарт
 
Црква Св. Богородица

Меѓутоа, имотите веќе биле изгубени во словенското востание од 983 и не биле повторно освоени до 1153 од Алберт Мечката од династијата Асканија. Во 1251, замокот (Burg Eisenhardt) и блиската населба станале дел од Саксо-Витенберг под водство на наследникот на Алберт, војводата Алберт Први. Меѓутоа бил присвоен од бискупите на Магдебург, чии силе го уништиле Белциг во 1406. Обновениот замок бил повторно нападнат од хуситскиот генерал Прокоп Велики, кога ја нападнал Саксонија во 1429, по што изборниот кнез Ернест го проширил во тврдина. Во текот на Триесетгодишната војна бил освоен од трупите на Шведска во 1636, по што изборниот кнез Јохан Георг Први се здружил со царот Фердинанд Втори со Прашкиот мир.

Романската црква „Св. Богородица“ е изградена кон крајот на 13 век. Според записот во главниот камен на западниот влез, Мартин Лутер проповедал овде на 14 јануари 1530. Бад Белциг добил градски права во 1702. Во текот на Војната на Шестата коалиција на 27 август 1813, трупите на Француското царство и Саксонија биле нападнати од пруските и руските сили близу селото Хагелберг. Борбата завршила со пораз на Французите, додека неколку саксонски единици преминале кај Прусите. Според Виенскиот конгрес Бад Белциг бил предаден на Прусија и станал дел од покраината Бранденбург, откако припаѓал на Изборното кнежевство Саксонија со векови наназад.

Во 1934 била основана фабрика за муниција, вклучувајќи работен камп со околу 1.500 присилни работници. Во текот на периодот 1936-1945, Замокот Ајзенхарт бил седиште на школа за техничка помош при несреќи (техничката помош при несреќи била укината во мај 1945, но идејата била обновена од Ото Лумич во форма на Техничка помош во 1950, која постои и денес како еден од столбовите на германската цивилна заштита). Помеѓу 1940 и 1945 во близина се наоѓал подкамп на женскиот концентрациски камп Равенсбрик со околу 750 затвореници. Бад Белциг бил исто така седиште на голем радио предавател, изграден во 1939. Во 1952 градот станал административно седиште на округот Белциг и во 1993 на новосоздадениот округ Потсдам-Мителмарк. Во 1995 Бад Белциг ја добил официјалната титула за климатско-здравствено одморалиште. Почнувајќи од март 2010, името на градот било променето во „Бад Белциг“.

 
Градско собрание

Меѓународни односи

уреди
 
Гимназија
 
Противпожарна станица

Бад Белциг е збратимен со

 
Обновената воденица Шпрингбахмиле

Знаменитости

уреди

Главни знаменитости се средновековниот Замок Ајзенхарт и термалните бањи ШтајнТерме (SteinTherme). Воедно во градот се наоѓа сликовит стар дел на центарот со градското собрание и главниот плоштад на средина.

Знаменитости во припоените села се дворецот Глин (Klein Glien) во Хагелберг и ветерницата во Борне.

Постои и патека на скулптури од Бад Белциг кон Визенбург.

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди