Потекло на Античките Македонци

Во оваа статија се наведени фактите за и против грчкото потекло на Античките Македонци (Македони). Научниците кои истражуваат дали Античка Македонија била хеленистичка држава или не, се потпираат како на свидетелства од античките автори, така и на јазичарички материјал. Ниту еден од доказите не се јавува како неоспорен, но досега собраниот јазичарички и историски материјал допушта Македоните да се сместат во грчката група народи, иако степенот на нивната блискост останува нејасен.

Аргументи за блискоста на Македоните со Грците

уреди

Старогрчка литература

уреди

Во комедијата „Македонци“ (5 век п.н.е., од поетот Стратис) се одвива разговор на грчки јазик меѓу двата лица. Оваа комедија Грците ја наведуваат како доказ за грчкото потекло на Македонците, но тоа не е никаков доказ. Имено, од комедијата се останати буквално само две реченици, во кои Македонците не се спомнуваат. Географот Теофраст се осврнува на разговори со прости луѓе од Македонија, иако никаде директно не се говори за самите Македонци, а драматургот Еврипид во своите последни години живеел и пишувал во Македонија, иако и тоа не значи многу. Грчки пиеси играле во Македонија, а пиесите „Архелај“ и „Менади“ најпрво се изведувале во Дион. Никаде не се споменува за сериозна јазична бариера, а само ретки свидетелства за различен изговор. Наместо аспирацискиот звук φ [ph], Македоните го изговарале звучното β [b], на пример, Херодот забележува: „Според кажувањата на Македоните, додека тие живееле истовремено со Фригите /Φρύγες/ во Европа, ги нарекувале нив Бриги /Βρίγες/“.

Херодот

уреди

Според неколку толкувања, Херодот укажува на дорското потекло на Македоните: „По иселувањето од Хистиеотида кадмејците дорци се населиле во Пидна и се нарекле Македони. Оттука ова племе поново се преселило во Дриопида, а оттука главно на Пелопонез, каде и го добило името дорци“.[1] Но, ова можело да значи дека Дорците се населиле во краиштата на Македонија, но после избегале оттаму.

Меѓутоа, постојат разни толкувања на името Македони, за кои ова име не е обичен синоним на грчкото име Македони[2]; Освен тоа, можен е и друг превод на дадениот пасус, според кој „Дорците се доселиле во Пидна, во областа наречена Македонија“.[3]; На друго место Херодот кажува дека, во крајна мерка, барем владеечката династија на Македонија била од грчко потекло:

А тоа што тие македонски цареви, потомци на Пердика, — се всушност Елини, покажуваат не само тие самите, туку и јас сум убеден во тоа. Освен тоа, и судиите на Олимписките натпревари го признаа тоа. Кога Александар посакал да земе учество во натпреварите и поради ова дошол во Олимпија, Елините, учесници во натпреварите, побарале тој да биде отстранет. Овие натпревари, зборувале тие, се за Елини, а не за варвари. Но, Александар докажал дека е аргеец и судиите го признале неговото елинско потекло.“[4]

Историчарот Тукидид лично бил во Македонија на крајот на 5 век п.н.е. и не се сомнева во елинското потекло (од Аргос) на македонските цареви. Меѓутоа, овие исти податоци можат да се сметаат и како аргумент против елинското потекло на Македоните: самиот факт што елинското потекло на династијата требало да се докажува, означува дека принадлежноста на династијата (а со тоа и поголемиот дел од Македонија) за елинскиот свет не била многу очигледна. Освен тоа, како доказ за ваквото потекло Херодот наведува само легенда со елементи на приказна, за тоа како во далечното минато, како резултат на мошне необични околности, тројца браќа, протерани од Аргос, го придобиле македонскиот престол (8:137-139).

Навратувајќи се на Олимписките игри, постои една епизода во говорот на Есхин насловен како „За амбасадата на престапот“ (средината на 4 век п.н.е.), каде Македоните се обвинети за нарушување на светото за сите Грци Олимписко примирје. Македоните (опишани како варвари) го нарушиле обичајот, но уште почудно е што се обвинуваат за богохулство вистински варвари. За време на Александар Македонски, меѓу победниците на Олимпијадите се среќавале и прости Македони.

Поетот Хесиод (8-7 век п.н.е.) во „Каталог на жените“ во митско прикажување укажува на сродството меѓу Македоните и тесалијците (племињата магнети, од Магнезија):

„Фија, прифаќајќи го зачнувањето од радосногромниот Зевс,
Два сина народила: Македон заедно со Магнет,
Во Пиерискиот крај живееја близу Олимп.“

Според Хесиод, прародителот на основните грчки племиња бил Елин, брат на Фија. Различните од Грците народи произлегле од камења, фрлени од прародителот на човештвото Девкалион, татко на Елин и Фиј. Грчкиот историчар Хеланик ја посетил Македонија во 5 век п.н.е. и ги сметал Македонците за потомци на митскиот Еол, син на Елин (прародител на еолците). Другиот син на Елин бил Дор (прародител на дорците). Очигледно е дека дури и ако постоеле разлики во јазикот, тие не се толку големи за да го посомневаат историчарот во грчките корени на Македоните.

Персијците во 492 п.н.е. (за време на Дариј I) ги именувале Македоните како Грци во шапки од Сонце (Yaunâ takabarâ, Yaunâ — произлегло од името на Грците-јонци кои живееле во Мала Азија), што е засведочено во староперсиските натписи за племињата кои му биле потчинети на Дариј. Македоните носеле национални широки шапки, кавсии, а други разлики од Грците Персијците и не забележувале.

Географот од почетокот на н.е. Страбон ги опишувал Македоните како различни варварски племиња покорени од страна на Грците на почетокот од постоењето на првите македонски царски династии на Аргеадите. Делот од неговиот труд посветен на Македонија недостасува, но се зачувани цитати од подоцнежните автори. Страбон напишал: „Македонија е секако дел од Грција, па дури и денес [по римското завојување]. Но бидејќи јас ја следам природата и местоположбата на местата по географски принцип, се решив да ја опишам одделно од остатокот на Грција и да ја присоединам со оној дел на Тракија што граничи со неа“.[5] Но, може да се забележи дека тука Страбон пишувал за римското уредување на државата, каде што Македонија се сметала за еден дел од римската провинција со името Грција.

Староримскиот историчар Тит Ливиј на работ од нашата ера го цитира македонскиот амбасадор од 3 век п.н.е., кој ги нарекува Македоните луѓе кои имаат ист јазик со етолците и аркањаните, односно Грците: „Етолците, акарнанците, македоните зборуваат на еден ист јазик, сега тие се раскарани и разделени, утре — повторно ќе се обединат...“.[6] Но и овде може да се забележи дека Етолците и Акарнијанците од многумина не се сметаат за грчки/хеленски племиња, а се инородни на Грците. [1][мртва врска][7]

Плутарх употребувал израз кој на современите јазичари им е тешко точно да го преведат, од што не може да се каже дали е античкомакедонски јазик или само античкомакедонски дијалект. Но, од неговите описи на походите на Александар Македонски е можно да се донесе заклучок дека Македоните разговарале на грчки јазик: „За таа иста цел тој одбрал три илјади момчиња кои ги доверил на многубројни учители за да ги учат на грчка писменост и ракување со македонските оружја“.[8]

Имиња

уреди

Анализите извршени од германскиот јазичар Ото Хофман на имињата на 40 Македонци, отпечатени на натписи од 423 п.н.е. (по повод сојузот меѓу атињаните и античкомакедонскиот цар Пердика II) кажуваат дека: „Едно име е, веројатно, од тракиско потекло, а уште едно друго е со нејасно потекло. Сите останати имиња имаат јасна хеленистичка структура, а само две од нив, Неоптолем и Мелеагар, би можеле да бидат позајмени од елинската митологија“.

Овој јазичар забележува дека античкомакедонските зборови, различни од грчките, припаѓаат на тесен круг на имиња на животни, растенија, облеки, воена амуниција, односно на тој круг каде постои голема веројатност од позајмување од надвор. Оваа анализа го води јазичарот до заклучокот: античкомакедонските зборови кои звучат грчки не се заемки од познатите дијалекти на Елада, но се формирале самостојно како бројни дијалекти од една основа, која можно е да е претставена од протогрчкиот јазик. Присуството на тракиски имиња не треба да изненадува, со оглед на тоа што по репресиите, многу од тракијците останале да живеат меѓу Античките Македонци.

Друг голем извор на античкомакедонски имиња се натписите на могилни камења од антички гробишта откриени во 1977 година во Кутлеш, меѓу кои се наоѓаат и Кралските гробници на Филип II и неговата мајка. Камењата што датираат од втората половина на 4 век п.н.е. вклучуваат и могили на гробовите од прости Македони, мажи и жени. Идентифицирани се 75 имиња, сите грчки.

Натписи

уреди
 
Клетвата од Пела (на грчки katadesmos): од Проф. Редклиф Г. Едмондс III, Брин Мор Колеџ.

Во Македонија се најдени натписи на грчки, но не е најден ниту еден натпис на негрчки јазик (до периодот на римско завојување). Особено е важна Pella katadesmos, клетва на оловна плочка, откриена во главниот град на Античка Македонија — Пела — во 1986 година (објавена во 1993) и која датира од 4 или 3 век п.н.е. Во оваа клетва, некоја жена од низок социјален статус ги моли демоните да ја срушат женидбата на некојси Дионисофен со Тетима. Пораката е напишана на јазик кој претставува разновидност на дорскиот (северозападен дијалект на грчкиот јазик), но притоа различен од другите форми на дорскиот, што сведочи дека авторот е од Македонија, а не од друга област.

Искази на современици

уреди

Од говорот на Есхин „За амбасадата на престапот“ дознаваме дека Аминта III, дедо на Александар Македонски и во тоа време незначаен цар, имал право да учествува на сегрчкиот конгрес во Спарта (371 п.н.е.). Есхин не ги одделува Македоните од Грците: „Тој /т.е. Аминта/ им се придружил на другите Грци во гласањето“.[9]

Во писмо до Дариј, Александар Македонски изјавува: „Твоите предци извршија наезда во Македонија и остатокот од Грција“. Според ова, Македоните се сметале себеси за роднини на Грците, иако Грците не сакале да ја признаат културата на грубите и игнорантни роднини сè додека тие не ја воздигнале Елада со блескав блицкриг во Азија.

Аргументи против блискоста на Македоните и Грците

уреди

Грците ги нарекувале Македоните варвари, но од контекстот на запаливите политички говори е јасно дека се има предвид туѓото културно и политичко ниво на Македоните, а исто така и желба да му се наштети на силниот непријател. Признак на варварство според Грците бил не само туѓиот, негрчки јазик, туку и отсуството на демократско уредување и наследственоста на царевите. Така на пример, и епирците Тукидид ги нарекува варвари, иако во тоа време тие општат на грчки јазик. Често е цитирана фразата на Демостен од неговата трета филипика:

Но, во однос на Филип и неговото дејствување тие тоа не го чувствуваат, бидејќи тој не само што не е Грк и на никаков начин не е близок со Грците, туку и не е варварин од место кое е достојно за спомнување; всушност, тој е грд човек од Македонија, од каде порано беше невозможно да се купи и достоен роб.


Меѓутоа, еден друг атински оратор (Изократ), во неговиот говор „За Филип“, се осврнува на елинското потекло на античкомакедонскиот цар, иако го негира истото за простите Македони врз основа на тоа што „Елините не се навикнати да бидат владеени од еден човек, додека другите народи не се способни да ги организираат своите животи без такво владеење“.

Друг, често цитиран аргумент, е цитатот од Плутарх:

Александар не можел да го задржи гневот: грабнувајќи јаболко кое било до него, го фрлил кон Клит и започнал да го бара својот нож. Но бидејќи еден од телохранителите, Аристофан, успеал навреме да го тргне ножот, а сите останати го опкружиле Александар и го молеле да се смири, тој скокнал од место, на македонски ја повикал царската стража (тоа било знак за голема опасност), му наредил на трубачот да даде сигнал за тревога.


Наводи

уреди
  1. Херодот, 1.56
  2. W. W. How, J. Wells, A Commentary on Herodotus. At Perseus
  3. Herodotus, Histories; English translation at Perseus
  4. Геродот, 5.22
  5. Страбон, фр. 9 к кн. VII, «Географија»
  6. Тит Ливиј, 31.29.15
  7. Тукидид во своето дело "Пелопонеската војна" пишува: 21 "Евританијаните, кои ce најголемо племе во Етолија, зборуваат на јазик, кој тешко може да ce разбере. (Thucydides: "Peloponesian War" 3, 94)
  8. Плутарх, «Александар», 47
  9. Есхин, За амбасадата на престапот, 2.32