Рекреација е физичка активност, со користење на време, на непрофитен начин, а на многу начина претставува и терапевтско освежување на телото и умот. Рекреацијата се разликува од неработењето. Додека за неработењето се смета дека би требало да користи за одмор, рекреацијата е освежувачка и забавна.

Рекреацијата, играта и забавата. не се својствени само за луѓето, туку и за сите живи организми. Играта е неопходна за развој на разни способности, уклучувајќи ги и оние најосновните како што се моторичките способности кај младите.

Викендот е типично време за рекреација, можеби заради тоа што сабота припаѓа во викендот, а сабота е "ден за одмор". празниците исто така се често време за рекреација. Традиционално, музиката и танцот се средство за рекреација во многу култури, како што се и спортовите, хобијата, игрите и туризмот. Гледањето телевизија и слушањето музика се чести облици на рекреација

Многу активности можат да бидат и функционални и рекреативни:

Во поскоро време некои повозбудливи облици на рекреација вклучуваат скијање, банџи скокање, скокање со падобран, змијарство, пејнтбол, планинарење, авантуристички туризам. Некои луѓе уживаат во облиците на рекреација кои другите ги сметаат за ненормални, како што се: употреба на дроги, коцкање, нудизам и други.

Бидејќи во голема мера се оценува како непродуктивна активност, претераната рекреација не се смета за здрава, и може да биде назначена како бегство од реалноста.

Поврзано

уреди