Портал:Лингвистика
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Лингвистика
Лингвистиката е наука за јазикот со кој комуницираат луѓето. Таа го проучува јазикот како средство за комуникација, а во нејзините рамки, одделно се проучуваат јазичните нивоа, нивната интеракција и различните јазични стилови
Лингвистиката е современа и млада научна дејност која се конструира како наука кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, кога се засилува научниот интерес за теориските проблеми на јазикот, а нејзините почетоци се сврзани со името на швајцарскиот лингвист Фердинанд де Сосир. Тој е меѓу првите луѓе кои за јазикот зборуваат како за сложена структура, како за систем не еднаш даден и затворен, туку како еден жив и отворен процес, постојано подложен на влијанија и промени.
Сè до издвојувањето на лингвистиката како наука, јазикот се проучувал, пред се, како средство на културата, во рамките на филологијата. Лингвистиката се издвојува од филологијата во моментот кога нејзините проучувања добиле вистинска научна втемеленост и аргументираност. Јазикот, правилно сфатен како структура во која секој елемент е причинско - последично врзан со другите, станува достоен предмет на проучување на идните лингвисти. Се отвораат нови и нови проблеми врзани со знаковната, општествената и психичката природа на јазикот
Избрана статија: Македонски глагол
Глаголите во македонскиот јазик сочинуваат сложена зборовна група. Според општата класификација, македонските глаголи се менлива група зборови и се обележани за следниве граматички категории: вид, време, начин, лице, род, број, залог и преодност. Како резултат на исчезнувањето на инфинитивот во македонскиот јазик, македонските глаголи се делат на три големи групи според последнната самогласка во трето лице еднина од сегашното време: а-група, и-група и е-група. Глаголот „сум” е единствениот глагол чија форма за трето лице еднина сегашно време не завршува на самогласка и затоа се смета како исклучок.
Понатаму, глаголите се делат според видот на несвршени глаголи (зборува, оди, пие итн.), на свршени глаголи (зароби, дојаде итн.) и на двовидски глаголи (најчесто глаголи што завршуваат на -ира: акумулира, се консултира итн.). Видот е граматичка и лексичка категорија од исклучително значење за оваа зборовна група. Според неа се одлучува во кое време и на кој начин ќе се менува еден глагол. Свршените глаголи од и-групата и е-групата се делат на три, односно на четири раздели според основната самогласка во првото лице еднина од минатото определено свршено време (аорист).
Иако во традиционалната лингвистика глаголските времиња и начини се единствени категории за групирање на глаголските форми, во македонската граматичка традиција најпрвин се изучуваат простите, а потоа сложените глаголски форми. Дознајте повеќе...
Избрана слика: Македонска реченица
Избрана јазична тема: Глагол
Глаголот (латински: verbum, „збор“) е една од зборовните групи на јазикот. Според дефинициите на синтаксата, глаголот е збор што искажува дејство, процес или состојба. Во најголем број од јазиците основната форма на глаголот е инфинитивот, но во некои јазици, како што е македонскиот, инфинитивот не постои па така, основната форма се одредува според некоја глаголска форма во еднина. Главните одлики на глаголот се неговите граматички категории кои, за разлика од другите зборовни групи, се најбројни. Меѓу нив спаѓаат времето, видот, начинот, залогот, лицето, родот, бројот и преодноста. Македонскиот збор „глагол“ потекнува од старословенскиот што значи „зборува“.
Дали сте знаеле дека...
- ... во тамилскиот јазик сите именки се поделени на ’рационални’ и ’нерационални’ именки?
- ... малтешкиот јазик е единствен семитски јазик кој се пишува на латиница?
- ... македонскиот јазик е единствен словенски јазик со три вида на определен член?
- ... кинескиот јазик нема морфолошки средства за искажување граматичко време?
Категории
Поврзани портали
ВикиПроекти
Работи кои можеш да ги направиш
- Проширување на постоечките статии поврзани со лингвистиката.
- Одржување на постоечките статии
- Создавање на нови статии поврзани со лингвистиката
- за повеќе информации обратете се кај заинтересираните администратори, уредници или ВикиПроект Лингвистика.