Зборовна група

(Пренасочено од Зборовни групи)

Во граматиката, зборовна група е јазичаричка категорија на зборови (или поточно лексички единици), која е општо дефинирана според синтаксичката или морфолошката употреба на дадената лексичка единица. Општите јазичарички категории, меѓу другите, ги вклучуваат именките и глаголите. Постојат менливи зборовни групи, кои постојано примаат нови членови и неменливи зборовни групи, кои ретко или никогаш не примаат нови членови. Различни јазици може да имаат различни зборовни групи, или можaт да обединат различни својства во една иста група. На пример, јапонскиот јазик има три групи на придавки, додека англискиот јазик има една. Кинескиот, корејскиот и јапонскиот јазик имаат наставки кои ги распределуваат зборовите во соодветна група, додека во граматиката на европските јазици не се среќаваат единици за мерење (пар панталони, зрно ориз); во многу јазици не постои разлика помеѓу придавки и прилози, придавки и глаголи или помеѓу придавки и именки, итн. Некои тврдат дека формалната разлика помеѓу зборовните групи мора да се направи во рамките на одреден јазик или јазично семејство и таа да не се пренесува на други јазици или јазични семејства.

Историја

Распределбата на зборовите во зборовни групи е застапена уште во најраните моменти на историјата на лингвистиката. Во Нирукта, напишана во петтиот или шестиот век пр.н.е., санскритскиот граматичар Јаска дефинирал четири основни зборовни групи: 1. nāma — именки 2. ākhyāta — глаголи 3. upasarga — претставки 4. nipāta — честички, неменливи зборови

Овие четири се групирани во две големи групи: менливи (именки и глаголи) и неменливи (претставки и честички). Тамилскиот граматичар Толкапиан во неговото дело Толкапивам, кое датира од периодот помеѓу I и X век, ги распределува зборовите во тамилскиот јазик како: 1. peyar (именка), 2. vinai (глагол), 3. idai (зборовни групи кои ги менуваат односите помеѓу глаголите и именките) и 4. uri (збор кој ја определува именката или глаголот).

Еден или два века подоцна, грчкиот ученик Платон во Кратилски дијалог напишал: „... јас ги разбирам речениците како комбинација од глаголи [rhēma] и именки [ónoma]". Друга класа, „сврзници“ (која ги опфаќа сврзниците, заменките и членот), беше подоцна додадена од Аристотел.

До крајот на II век пр.н.е., поделбата била проширена на осум категории, а забележана во Уметноста на граматиката:

1. именка: зборовна група која разликува падеж и означува конкретен или апстрактен поим. 2. глагол: зборовна група која не разликува падеж, но разликува време, лице и број и означува дејство или процес кои се извршени или спроведени, 3. партицип: зборовна група која ги дели одликите на глагол и именка, 4. извик: зборовна група со која непосредно изразуваме чувства, 5. заменка: зборовна група која ја заменува именката и го бележи лицето, 6. предлог: зборовна група која се става пред други зборови при составување и во синтакса, 7. прилог: зборовна група која не се менува и служи за дообјаснување на глаголот или како негов определувач, 8. сврзник: зборовна група која го поврзува говорот и ги пополнува празнините во неговата интерпретација.

Латинскиот граматичар Присиан го изменил системот од осум зборовни групи, заменувајќи ги „извиците“ со „членови“. Сѐ до 1767 г. придавките не постоеле како посебна зборовна група. Традиционалната англиска граматика е изработена според традиционалната европска граматика дадена погоре, таа сѐ уште се учи во училишта и се употребува во речници. Оваа граматика именува осум зборовни групи: именки, глаголи, придавки, прилози, заменки, предлози, сврзници и извици.

Контроверзии

Дефинирањето на зборовните групи според нивните морфолошки, синтаксички и семантички критериуми започнало со грчките граматичари од II век пр.н.е. Сепак, во моментов не постои општо усвоена шема за класификацијата на зборовите која може да се применува во сите јазици, или пак збир на критериуми на којшто може да се заснова таква шема. Јазичарите велат дека списокот на осумте зборовни групи дадена погоре е драстично поедноставена и вештачка. На пример, „прилог“ е група која може да ги опфати сите зборовни групи и вклучува зборови со многу различни дејства. Некои дури тврдат дека најосновните зборовни групи, именки и глаголи, се неосновани или не можат да се применат во некои јазици.

Англиски јазик

Во англискиот јазик зборовите се традиционално класифицирани во осум зборовни групи: • именка: апстрактен или конкретен поим • заменка: збор кој заменува именка или именска фраза • придавка: збор кој ја определува именката • глагол: дејство или состојба • прилог: збор кој ја определува придавката, глаголот или друг прилог • предлози: зборови кои искажуваат различни односи помеѓу зборовите • сврзник: ги поврзува зборовите или речениците • извици: зборови со кои непосредно изразуваме различни чувства Иако ова се традиционалните осум зборовни групи во англискиот јазик, современите јазичари ги класифицираат зборовите во уште поспецифични подгрупи според нивната функција. Четирите основни зборовни групи во англискиот јазик: именки, глаголи, придавки и прилози се менливи групи. Ова е затоа што членовите од секоја група можат да ја променат нивната форма со додавање на зборообразувачки или формообразувачки морфеми. Терминот форма е употребен за да ги покаже сличностите на зборовите во нивниот изговор и пишување за секоја зборовна група. Ниту пишаниот, ниту пак, говорниот англиски јазик не ги означува зборовите како припадници на една или друга зборовна група, бидејќи тие го добиваат своето значење во контекстот на реченицата. Зборовите како neigh, break, outlaw, laser, microwave и telephone можат да бидат и глаголи и именки. Иако –ly е честа наставка за прилози, не мора да значи дека сите прилози завршуваат на -ly или дека сите зборови кои завршуваат на –ly се прилози. На пример, tomorrow, fast, very можат да бидат прилози, додека early, friendly, ugly се придавки (иако early може да биде и прилог). Во одредени околности, дури и зборовите кои првенствено имаат граматички функции можат да се употребат како глаголи или именки, како во: "We must look to the hows and not just the whys" или "Miranda was to-ing and fro-ing and not paying attention".

Функционална класификација

Лингвистиката го проширила проучувањето на зборовните групи во различни јазици и придонела за подобро распределување на зборовите според нивната функција. Во англискиот јазик зборовните групи според функција се поделени на следниов начин: • менливи зборови: o придавки o прилози o именки o глаголи (освен помошни глаголи) o извици

• неменливи зборови: o помошни глаголи o клитики o ко-глаголи o сврзници o определувачи (членови, зборови за количина, показни придавки и присвојни придавки) o честички o зборови за количина o предлози o пред-глаголи o заменки o скратени зборови o обични броеви