Митологија на Инките

(Пренасочено од Митологијата на Инките)

Митологијата на Инките вклучува поголем број на приказни и легенди со митолошки карактер и тие помагаат да се објаснат верувањата на Инките. Сите христијански свештеници кои пристигнале во Јужна Америка по шпанската колонизација ги запалиле записите на Инките.

Цивилизација на Инките


Супај, бог на смртта

Божества

уреди
  • Апу - бог на планината. Секоја планина имала свој апу и се принесувале жртви.
  • Апокатеквил - бог на молњите.
  • Атагучу - бог кој помогнал во создавањето на светот.
  • Катеквил - бог на молњите и светлината.
  • Кавилаке - божица-девица која јадела овошје.
  • Часка - божица на залезот и на зората. Таа ги заштитувала невините девојки.
  • Часка Којлру - божица на цвеќињата.
  • Куку Мама - божица на здравјето и задоволството. Таа била жена која била растргната од млади мажи кои биле заљубени во неа. Таа се „препородила“ во првото какако растение.
  • Конираја - бил божество на месечината.
  • Копакати - била божица на езерата.
  • Екеко - бил бог на здравјето и на благосостојбата.
  • Илапа - бил популарен бог на времето. Неговиот празник бил на 25 јули.
  • Инти бил бог на сонцето и заштитник на луѓето. Тој се сметал за најзначаен бог.
  • Кон - бил бог на дождот и ветрот кој дошол од југ. Тој бил син на Инти и Мама Квила.
  • Мама Алпа - била божица на плодноста.
  • Мама Коча ("мајка на морето") -ибарите и морепловците.
  • Мама Пача - била жена на Пачакамак и божество на билките. Таа предизвикувала земјотреси.
  • Мама Квила („мајка-месечина“) - божица на месечината и ќерка на Виракоча и Мама Коча.
  • Мама Зара - божица на житариците, била поврзана со пченката.
  • Пача Камак („создавач на земјата“) - бог-создавач.
  • Паријакака - бог на водата, дождовите и бог-создавач.
  • Парисија - бог кој испратил поплава за да ги убие луѓето кои не го почитувале.
  • Супај - бог на смертта и владател на Ука Пача.
  • Уркагвари - бог на металите, скапоцените камења и слични вредни минерали.
  • Уркучилај - бог кој внимавал над животните.
  • Виракоча - бог на сè. На почетокот бил главен бог, но кога Пачакутек станал Инка, ги сменил значењата на Виракоча и Инти.

Значајни места

уреди
  • Уку Пача ("долен свет") било подземјето сместено во средината на земјата.
  • Кај Пача бил светот во кој живееме.
  • Ханан Пача ("горен свет") бил рајот. Само негрешни луѓе можеле да влезат таму.

Поврзано

уреди