Цветот на мојата тајна
Цветот на мојата тајна (шпански: La flor de mi secreto е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1995 година.
„Цветот на мојата тајна“ | |
---|---|
Режисер | Педро Алмодовар |
Продуцент | Агустин Алмодовар, Естер Гарсија |
Сценарист | Педро Алмодовар |
Главни улоги | Мариса Паредес, Хуан Ечанове, Роси де Палма, Чу Лампреав, Хоакин Кортес |
Времетраење | 102 мин. |
Јазик | шпански |
Синопсис
уредиМариса Паредес е Леокадија (Лео) Масијас, жена која пишува романи под псевдонимот Аманда Грис. Нејзините романи се популарни во цела Шпанија. Но нејзиниот приватен љубовен живот е во проблеми. Лео има несреќна врска со сопругот Пако, офицер кој подоцна ќе отпатува во Босна, кој не е близок со неа ни физички ни емоционално.
Лео почнува да го менува начиот на пишување и се задржува на темни теми како болка и загуба и веќе не може да ги пишува новелите на Аманда Грис, бидејќи издавачите сакаат среќни краеви. Лео почнува да го преиспитува својот живот, врската со сопругот, нејзината „најдобра“ пријателка Бети, сестра ѝ Роса и постарата мајка. Исто така, го запознава Анхел, уредник на весник кој ќе се вљуби во Лео и во нејзиниот стил на пишување.