Раскинати прегратки
Раскинати прегратки (шпански: Los Abrazos Rotos) е филм на Педро Алмодовар снимен во 2009 година, а сместен во 1990-те и сегашноста. Филмот е сниман во стилот на американските филм ноар филмови од 1950-те. Во филмот глумат Анхела Молина, Лола Дуењас и Пенелопе Круз, глумици кои често се појавуваат во филмовите на Алмодовар.
„Раскинати прегратки“ | |
---|---|
Постер | |
Режисер | Педро Алмодовар |
Продуцент | Педро Алмодовар Агустин Алмодовар |
Сценарист | Педро Алмодовар |
Главни улоги | Пенелопе Круз Бланка Портиљо Љуис Омар Лола Дуењас Анхела Молина Роси де Палма |
Музика | Алберто Иглесијас |
Кинематографија | Родриго Прието |
Студио | Ел Десео |
Премиера | Шпанија: 18 март 2009 САД: 20 ноември 2009 |
Времетраење | 129 минути |
Земја | Предлошка:FilmSpain |
Јазик | шпански |
Филмот беше прифатен во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал 2009 и се бореше за престижната Златна палма.[1]
Синопсис
уредиЕден човек пишува, живее и љуби во темнина. Пред 14 години доживува тешка сообраќајна несреќа на островот Лансароте. Во таа несреќа не само што го губи видот, туку и жената на неговиот живот, Лена.
Овој човек користи две имиња: Хари Кејн, псевдоним со кој ги потпишува своите книжевни дела, приказни и сценарија, и Матео Бланко, име кое го користи во вистинскиот живот и со кое ги потпишува филмовите коишто ги режира. По несреќата, тој решава да го користи само псевдонимот Хари Кејн. Помислата дека не може да режира филмови го наведува на идејата дека Матео Бланко умрел во Лансароте заедно со љубената Лена.
Во сегашноста, Хари Кејн живее благодарение на сценаријата што ги пишува и со помошта на неговата верна пријателка и продуцентка Џудит Гарсија, и на Диего, синот на Џудит, кој е секретар, меканограф и кој му помага да се движи.
По одлуката да живее и да раскажува приказни, Хари е активен и привлечен слеп човек, кој ги развил сите други сетила за да ужива во животот, врз основа на иронија и самонанесена амнезија. Од својата биографија целосно го избришал неговиот претходен идентитет, Матео Бланко.
Една вечер, на Диего му се слошува и Хари се грижи за него (додека Џудит е надвор од Мадрид и решаваат да не ја загрижуваат). Уште првите ноќи од закпренувањето, Диего го прашува за времето кога тој се викал Матео Бланко. Хари решава да му раскаже за настаните пред 14 години со намера да го забавува, како што еден татко му раскажува приказна на синот пред да заспие.
Приказната на Матео, Лена, Џудит и Ернесто Мартел е приказна за една „луда љубов“, управувана од фаталноста, љубомората, неверноста и грижата на совест. Една ужасна и емотивна љубовна приказна која најдобро може да се отслика со слика на двајца љубовници прегрнати, раскината на илјада парчиња.[2]
Улоги
уреди- Пенелопе Круз - Лена
- Љуис Омар - Матео Бланко / Хари Кејн
- Бланка Портиљо - Џудит
- Хосе Луис Гомес - Ернесто Мартел
- Тамар Новас - Диего
- Рубен Окандиано - Икс-зрак
- Анхела Молина - Мајката на Лена
Белешки
уреди- ↑ „Festival de Cannes: Broken Embraces“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2009-07-04. Посетено на 2009-05-09.
- ↑ Синопсис од официјалното мрежно место
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Los Abrazos Rotos на Семрежната филмската база на податоци
- Los abrazos rotos/Broken Embraces (June 2009) Архивирано на 28 август 2016 г. at Paul Julian Smith's Film Reviews