Што направив да го заслужам ова?

„Што направив да го заслужам ова?“ (шпански: ¿Qué he hecho yo para merecer esto?) е филм од 1984 година на шпанскиот режисер Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Кармен Маура (Carmen Maura), Анхел де Андрес Лопес (Ángel de Andrés López), Вероника Форке (Verónica Forqué), Гонсало Суарес (Gonzalo Suárez), Хуан Мартинес (Juan Martinez) и Ампаро Солер Леал (Amparo Soler Leal). Филмот претставува типична комедија во Алмодоваровиот стил при што тој си поигрува со ликовите ставајќи ги во апсурдни сосотојби со бизарни начини на решавање на проблемите. Токму оваа карикатуралност на ликовите е еден од темелите на хуморот на Алмодовар, кој е често застапен во неговите подоцнежни филмови. Овој филм претставува ода на италијанскиот неореализам и латиноамериканскиот магичен реализам.[1]

Дејство

уреди

Во еден кварт во Мадрид, во иста зграда живеат Глорија (ја игра Маура) со сопругот (го игра Андрес Лопес), свекрвата и трите сина. Едниот син продава хероин, а другиот е хомосексуалец. Сопругот Антонио е таксист кој обожава германски шлагери, а мајка му е старица со незгоден карактер. Освен дошаните работи, Глорија работи и како домашна помошничка во една куќа. Нејзиниот живот е мачен, а единствената забава ја наоѓа во дружењето со сосетката Кристал (ја игра Форке) која е проститутка. Бидејќи живее во лош брак со незаинтересиран сопруг, Глорија зема амфетамини и станува зависна од нив. Меѓутоа, по некое време, таа не може повеќе да ги набави амфетамините и ја зафаќа апстиненциска криза...

Наводи

уреди