Зборувај со неа
Зборувај со неа (шпански: Hable con ella) е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 2002 година. Филмот доби Оскар за најдобро сценарио и Златен глобус за најдобар странски филм.
„Зборувај со неа“ | |
---|---|
Англиски постер за филмот | |
Режисер | Педро Алмодовар |
Продуцент | Агустин Алмодовар Мишел Рубен |
Сценарист | Педро Алмодовар |
Главни улоги | види подолу |
Музика | Алберто Иглесијас |
Кинематографија | Хавиер Агирресаробе |
Монтажа | Хосе Салседо |
Дистрибутер | Sony Pictures Classics (USA) Ворнер Брос (Шпанија) 20th Century Fox (Аргентина) Pathé (Франција) |
Премиера | 15 март 2002 25 декември 2002 25 декември 2002 |
Времетраење | 112 мин. |
Земја | Шпанија |
Јазик | шпански |
Буџет | n/a |
Бруто заработка | 51,001,550 долари (на светско ниво) |
Темите во филмот се потешкотии при комуникација со спротивниот пол, осаменост и интимност, тајни и неверства, и истрајноста на љубовта и покрај загубата.
Синопсис
уредиПатиштата на Бенигно (буквален шпански превод – нештетен) и Марко за првпат се вкрстуваат на еден танц, а потоа тие ќе се запознаат во приватната клиника во која Бенигно работи. Тој работи како болничар чие задолжение е да се грижи за Алисија, прекрасна танчерка која е во кома, и која станала негова опсесија. Марко, новинар, доаѓа во клиниката да ја посети девојка си Лидија, познат матадор, која е исто така во кома по сериозна повреда од бик. Приказната на овие четири ликови и нивните врски се откриваат преку флешбекови. Марко ја остава Лидија откако нејзиниот претходен љубовник му кажува дека се вратиле заедно еден месец пред несреќата.
Марко ја напушта Шпанија и оди во Јордан да напише туристички водич, но таму во весник ќе прочита дека Лидија починала.
Во меѓувреме, Бенигно е обвинет дека ја силувал Алисија, која откриваат дека е бремена. Не се открива дали Бенигно навистина ја силувал, но тоа е очигледно. Бенигно е затворен во затвор во Сеговија, каде ќе испие голема доза на апчиња за и тој да падне во кома и со тоа да ѝ се придружи на Алисија. Но, апчињата го убиваат Бенигно. Алисија се буди од комата по раѓањето. Бебето е мртвородено, а Алисија оди на рехабилитација за повторно да може нормално да оди. Филмот завршува на една театарска претстава, каде Марко и Алисија се среќаваат.
Улоги
уреди- Хавиер Камара – Бенигно Мартин
- Дарио Грандинети – Марко Сулоага
- Леонор Ватлинг - Алисија
- Росарио Флорес - Лидија Гонсалес
- Мариола Фуентес - Роса
- Хералдин Чаплин – Катерина Билова
- Пина Бауш – Танчерка во „Кафе Милер“
- Малу Аираидо – Балерина во „Кафе Милер“
- Каетано Велосо – пејач на забавата
- Роберто Алварез - Доктор
- Елена Анаја - Анхела
- Лола Дуењас - Матилде
- Адолфо Фернандес – Нињо де Валенсија
- Ана Фернандес - Сестра на Лидија
- Чу Лампреав – Портир
Надворешни врски
уреди- Hable con ella на Семрежната филмската база на податоци
- Club Cultura Website for the film - Hable con ella Архивирано на 5 јули 2008 г. (In Spanish - English and French options available)
- Review by Ed Howard at Only The Cinema
- Review and discussion at kamera.co.uk Архивирано на 31 јануари 2009 г.
- Interview with Pedro Almodóvar about Talk to Her