Жени на работ од нервен слом

„Жени на работ на нервен слом“ (шпански: Mujeres al borde de un ataque de nervios) е филм од 1988 година на шпанскиот режисер Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Кармен Маура (Carmen Maura), Антонио Бандерас (Antonio Banderas), Хулиета Серано (Julieta Serrano), Марија Баранко (Maria Barranco), Роси де Палма (Rossy de Palma), Кити Манвер (Kiti Manver), Гиљермо Монтесинос (Guillermo Montesinos) и Фернандо Гиљен (Fernando Guillen). Филмот, кој го прославил Алмодовар, бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм, а освоил пет награди „Гоја“. Филмот ги поставил темелите на препознатливиот стил на Алмодовар — смеса на свесен кич, поп-арт и длабока поврзаност со шпанската културна традиција. Исто така, во него режисерот го профилирал својот препознатлив тип на жена — независна, претприемчива, но трајно несреќна во љубовта. Заснован врз духовити и апсурдни дијалози, филмот се одликува со вешто режирани сцени и со исклучително добро изведени односи меѓу ликовите, како и со возбудлива и иронично-црнохуморна акциска сцена.[1]

„Жени на работ од нервен слом“
Постер
РежисерПедро Алмодовар
ПродуцентПедро Алмодовар
СценаристПедро Алмодовар
Жан Кокто
Главни улогиКармен Маура
Антонио Бандерас
Хулиета Серано
Роси де Палма
Марија Баранко
МузикаБернардо Бонеци
КинематографијаХосе Луис Алкаине
МонтажаХосе Салседо
ДистрибутерЛауренфилм С.А.
Премиера23 март 1988
Времетраење90 мин
Земја Шпанија
Јазикшпански
Буџет$700,000

Дејство

уреди

„Soy infeliz“ (шпански: несреќна сум), мелодраматична песна се слуша на најавната шпица, претставувајќи како се чувствува Пепа на почетокот на приказната.

Телевизиската глумица Пепа Маркос живее во својот голем апартман со многу кокошки, зајаци и други животни. Нејзиниот љубовник Иван тукушто ја оставил, така што таа е во депресија и пие апчиња за спиење. Таа и Иван работат на синхронизација на странски филмови; гласот со кој ја придобива неа и многу други жени е истиот кој го користи во својата работа. Тој се подготвува да оди на пат, најверојатно со друга жена, и ја замолува Пепа да му ги спакува сите негови работи што се наоѓаат кај неа, за тој подоцна да помине да го земе куферот.

Пепа оди на доктор и добива важна вест, па прави сѐ што може да дојде до Иван за да зборуваат пред тој да замине на пат. Таа дури се јавува и на неговата поранешна сопруга Лусија, која е ментално нестабилна. Лута, Пепа спрема гаспачо, омилениот пијалак на Иван, и во него става 30 апчиња за спиење. Потоа, сакајќи да изгори спомен од нив двајца, го изгорува целиот кревет. Таа остава порака за Иван, но гледа како Лусија ја врла в ѓубре, па фаќа такси да ја следи. Таксистот е некој ексцентричен маж кој обожува мамбо музика и е голем обожувател на Пепа. Тие ја следат Лусија и ја откриваат нејзината адреса. Истата вечер, главната вест на вестите е дека група Шиитски терористи биле фатени, а тоа ја преплашува Кандела, најдобрата пријателка на Пепа, која почнува нервозно да ѝ се јавува. Пепа ја поминува цела ноќ пред станот на Лусија надевајќи се дека ќе го најде Иван. Иако тој не доаѓа дома, таа дознава нешто што пред тоа не знаела: Иван и Лусија имаат син – Карлос.

Пепа се враќа дома в зори и гледа дека телефонската секретарка е преполнета со пораки од Кандела. Во лутина, таа го корне телефонот и го фрла низ прозорецот. Кандела пристигнува, преплашена, но пред да успее да ја објасни зошто е исплашена, Карлос и неговата свршеница Мариса пристигнуваат во станот на Пепа, која го ставила на продажба, а овие сакаат да го видат. Пепа и Карлос откриваат кои се, додека Кандела се обидува да се самоубие. Малку подоцна, Мариса пие од гаспачото и паѓа во длабок сон. Кандела конечно добива шанса да објасни дека се вљубила во некој човек кој со неговите пријатели привремено се вселил кај неа, но излегува дека тие се терористите кои ги фатиле и неа ѝ е страв да не дојде полиција по неа. Пепа оди да побара адвокат за неа, и изненадно влегува во истото такси како претходниот ден. Има нешто чудно кај Паулина, адвокатот кај кој таа пристигнува. Таа се спрема да отпатува за Стокхолм, во еден момент и Иван се јавува во нејзината канцеларија, а Паулина очигледно ја познава Пепа и е многу дрска према неа. Во меѓувреме, Кандела му открива на Карлос дека терористите планираат да киднапираат авион кон Стокхолм таа вечер. Карлос го поправа телефонот и набрзина се јавува во полиција, спуштајќи пред да можат да го идентификуваат повикот, или барем тој така мисли, и изненадно ја бакнува Кандела.

Кога Пепа се враќа, Лусија се јавува кај неа дома и ѝ најавува дека ќе дојде кај неа за да разговараат за Иван. Карлос открива дека таа била во болница за ментални откако Иван ја напуштил и дека пред кратко време била ослободена. Пепа е веќе изморена од Иван и не сака да го види, па го фрла куферот на Иван, за малку промашувајќи го, кој тргнал на аеродром со Паулина. Тој ѝ остава порака на Пепа додека Карлос ја пушта „Soy infeliz“ на плоча. Пепа го фрла грамофонот преку прозор и тој ја погодува Паулина. Откако ја слуша пораката на Иван, повторно го фрла телефонот низ прозор и тој завршува на колата на Паулина. Лусија пристигнува во станот заедно со мајсторот за телефон и двајца полицајци кои го идентификувале повикот на Карлос. Кандела се нервира, но на Карлос му текнува дека сите би сакале гаспачо. Полицајците и мајсторот паѓаат во несвест, Карлос и Кандела се гушкаат на софата и и тие заспиваат, а лудата Лусија ги зема пиштолите на полицаецот и ги вперува во Пепа. Пепа сфаќа дека Паулина е другата жена со која Иван ќе оди во Стокхолм, и дека нивниот лет е оној кој терористите планираат да го киднапираат. Лусија открива дека таа сѐ уште е луда и дека се преправала дека е здрава откако ги слушнала зборовите на Иван на телевизија. Лусија го фрла нејзиното гаспачо во лице на Пепа и истрчува од станот. Земајќи еден моторџија како заложник, таа пристигнува на аеродромот. Пепа ја следи во истото такси во кое се возеше. Лусија ги гледа Иван и Паулина како ги предаваат картите, го вперува пиштолот кон нив, но Пепа пристигнува на време и фрла куфер кон неа. Иван се стрчува кон Пепа, која е физички и ментално истоштена бркајќи го два дена само за да разговараат. Но Иван се брза, и Пепа му вели дека имало време порано, но веќе не. Таа го напушта Иван засекогаш.

Нејзиниот дом е хаос, изгорена спална, скршени прозори, искорнат телефон, гаспачо на подот, животните трчаат насекаде, и неколку посетители кои се во несвест поради преголема доза на апчиња за спиење. Пепа седнува на балконот до Мариса, која тукушто се разбудила. Двете споделуваат еден момент на тишина и мир по луди 48 часа, и Пепа конечно открива зошто толку сакала да го најде Иван - таа е бремена.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди