Високи потпетици

„Високи потпетици“ (шпански: Tacones lejanos е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1991 година. Во главните улоги настапуваат Викторија Абрил и Мариса Паредес. Како и кај повеќето филмови на Алмодовар, тешко е да се одреди жанр; овде се мешаат драма, трилер, надреализам, фарса и комедија.

„Високи потпетици“
Tacones lejanos poster.JPG
РежисерПедро Алмодовар
ПродуцентАгустин Алмодовар,
Енрике Поснер
СценаристПедро Алмодовар
Главни улогиВикторија Абрил,
Мариса Паредес
Мигел Босе
ДистрибутерМирамакс (САД)
Премиера23 октомври 1991
Времетраење112 мин
Јазикшпански

СинопсисУреди

Приказната е за мајка (Мариса Паредес) и ќерка (Викторија Абрил), и чудно убиство извршено од Абрил а предизвикано од нејзината посесивна мајка. Мажот на Ребека бил првата љубов на мајка ѝ, дивата „Беки дел Парамо“. Мајката и ќерката се спротивставуваат откако тој ќе биде убиен. Честопати, судијата кој го води случајот (Мигел Босе) се облекува како жена – ја имитира Беки.

СаундтракУреди

Песните за саундтракот се изведени од шпанската пејачка Лус Касал, која ги создаде своите најголеми хитови: "Piensa en mí" and "Un año de amor".

НаградиУреди

  • 1991 Цезар награда
  • 1992 Сан Џорди награда за најдобра глумица