Сѐ за мојата мајка

„Сѐ за мојата мајка“ (шпански: Todo sobre mi madre) е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar) од 1999 година. Алмодовар е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Сесилија Рот (Cecilia Roth), Мариса Паредес (Marisa Paredes), Антонија Сан Хуан (Antonia San Juan) и Пенелопе Круз (Penélope Cruz).

„Сѐ за мојата мајка
Todo sobre mi madre“
Постер од филмот
РежисерПедро Алмодовар
ПродуцентАгустин Алмодовар
Мишел Рубен
СценаристПедро Алмодовар
Главни улогивиди подолу
МузикаАлберто Иглесијас
КинематографијаАлфонсо Беато
МонтажаХосе Салседо
ДистрибутерШпанија
Ворнер Брос
ПремиераШпанија 16 април 1999
Времетраење101 мин
Земја Шпанија
Јазикшпански
Бруто заработка67,964,530 долари (на светско ниво)

Филмот обработува комплексни теми како: сидата, сексуалниот идентитет, полот, религијата и егзистенцијализмот. Дејството во филмот потекнува од еден претходен филм на Алмодовар, „Цветот на мојата тајна“, во кој студенти по медицина се учат како да убедат една ожалостена мајка да даде согласност органите на син ѝ да бидат подарени за пресадување.

И во овој филм, Алмодовар вешто балансира меѓу мелодрамата и комедијата, прикажувајќи мноштво живописни ликови чии судбини се испреплетуваат низ неверојатни случки, при што сите елементи успева да ги поврзе во складна и убедлива приказна. Филмот освоил повеќе од 30 угледни награди на разни филмски фестивали, вклучувајќи ги и следниве: „Оскар“ за најдобар странски филм, „Златен глобус“, Европските филмски награди (Рот), „Сезар“, седум награди „Гоја“, наградата за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал (Алмодовар), а бил прогласен и за најдобар странски филм во Британија, Бразил, Италија, Германија, Данска и Шведска.[1]

Синопсис

уреди

Мануела (ја игра Рот) е медицинска сестра која живее и работи во Мадрид со синот тинејџер Естебан, кој сака да биде писател и никогаш го нема запознаено својот татко. Една вечер, по театарската претстава „Трамвајот наречен желба“, Естебан сака да земе автограм од глумицата Ума Рохо (ја игра Паредес), која ја игра главната улога во претставата, Бланш Дубоа, но го удира кола и умира. По оваа несреќа, Мануела оди во Барселона да го најде таткото на Естебан, трансвеститот Лола кој работи како проститутка, за да го извести дека имал син. Додека е во Барселона, Мануела ќе се најде и со стар добар пријател, трансвеститот Слатка. Исто така, ќе ја запознае сестрата Роса, млада и бремена калуѓерка која го познавала поранешниот сопруг на Мануела, а ќе се здружи и со Ума, глумицата која син ѝ ја обожувал.

Алмодовар го завршува филмот со посветата: „За сите глумици кои глумеа глумици, за сите жени кои глумат, за мажите кои глумат и се претвораат во жени, за сите луѓе кои сакаат да бидат мајки. За мајка ми“.

Улоги

уреди

Критики

уреди

Сѐ за мојата мајка е општо-прифатен како најзрелиот филм на Алмодовар досега.[2][3][4][5][6][7][8][9] Доби Оскар за најдобар странски филм во 1999, Награда за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал, седум Гоја награди вклучувајќи Најдобар филм, Најдобра режија и Најдобра женска главна улога за аргентинката Сесилија Рот. Ричард Шикел од магазинот Тајм, како и други критичари го прогласија за најдобар филм на годината.

Белешки

уреди
  1. Filmovi Pedra Almodovara: Sve o mojoj majci, španjolsko-francuski film (пристапено на 6.6.2024)
  2. David Ansen, "The Man of La Mancha." Newsweek 5 Dec. 1988;
  3. Celestine Bohlen, "Spain's Freest Spirit Gives Maturity a Try." The New York Times 18 Jan. 1998
  4. Richard Corliss, "Pedro on the Verge of a Nervy Breakthrough." Time 30 Jan. 1989
  5. Richard Corliss, "Loving Pedro." Time 15 Nov. 1999
  6. Lynn Hirschberg, "The Redeemer." The New York Times Magazine 5 Dec. 2004
  7. Brendan Lemon, "A Man Fascinated by Women, as Actresses." The New York Times 19 Sep. 1999
  8. Alan Riding, "Almodovar Takes the Pulse of Spain in Transition." The New York Times. 11 Feb. 1990'
  9. Jonathan Van Meter, "Man of Many Women." The New York Times Magazine 12 Sept. 1999.

Надворешни врски

уреди