Лошо образование (шпански: La mala educación) е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 2004 година. Режисерот работел десет години на приказната за овој филм. Филмот се работи за двајца другари (и љубовници) од детството кои повторно се среќаваат. Сексуално злоупотребување од католички свештеници, транссексуалност, конзумирање дрога и метафикција се теми во овој филм.

„Лошо образование“
Постер
РежисерПедро Алмодовар
ПродуцентПедро Алмодовар
Агустин Алмодовар
Естер Гарсија
СценаристПедро Алмодовар
Главни улогиГаел Гарсија Бернал
Феле Мартинес
Даниел Хименес Качо
Хавиер Камара
Петра Мартинес
Леонор Ватлинг
МузикаАлберто Иглесијас
КинематографијаХосе Луис Алкаине
МонтажаХосе Салседо
ДистрибутерСАД
Sony Pictures Classics
Мексико
20th Century Fox
Шпанија
Ворнер Брос
Франција
Pathé
ПремиераСАД
5 септември 2004
Шпанија
19 март 2004
Времетраење106 мин
Земја Шпанија
Јазикшпански
латински
Буџет5,000,000 долари
Бруто заработкаСАД
5,211,842 долари
Шпанија
6,118,873 евра
Светско ниво
40,266,982 долари

Резиме

уреди

(Треба да се напомене дека ова резиме е напишано по хронолошки редослед, додека во филмот некои елементи се присутни преку флешбекови и сцени од филмот на Енрике заснован на расказот на Игнасио, во која братот на Игнасио, Хуан, е портрет на Игнасио од 80-тите)

Двајца училишни другари, Игнасио и Енрике, ги откриваат љубовта, киното и стравот во религиозен интернат во почетокот на 1960-те. Отецот Маноло, директорот на училиштето и нивен наставник по литература, е сведок и дел од овие откритија. Откако ја открива симпатијата меѓу двете момчиња, отецот, кој и самиот е вљубен во Игнасио, е љубоморен и се заканува дека ќе го избрка Енрике поради „лошо влијание“. За да го спречи ова, Игнасио ветува дека ќе стори сѐ што отецот бара од него. Но отецот го измамува и сепак го брка Енрике.

Филмот прави скок во 1980-те, кога момчињата се веќе повозрасни. Енрике (Феле Мартинес) успешен филмски режисер, на ѕидот на чие студио стои постер од филм наречен Бабата дух (шпански: La abuela fantasma) (овој наслов е првобитниот наслов на следниот филм на Алмодовар, Враќање), добива посета од странец (Гаел Гарсија Бернал) – глумец кој бара работа и кој тврди дека е Игнасио, симпатијата од интернатот. Игнасио со себе донел расказ која ги раскажува нивните случки во интернатот и физичката и сексуална злоуботреба на отецот Маноло (Даниел Хименес Качо).

Енрике сака да направи филм од оваа приказна, но Игнасио вели дека тоа ќе го дозволи под услов тој да ја игра улогата на Захара, транссексуалец. Енрике е скептичен бидејќи човекот што е пред него не е ист како оној што порано го сакал. Тој решава да оди во Галисија кај мајката на Игнасио, и таму дознава дека вистинскиот Игнасио е мртов веќе четири години, а човекот кој дошол кај него е помладиот брат на Игнасио – Хуан.

Енрике е заинтересира да дознае зошто Хуан го прави тоа, па затоа решава да го направи филмот без да му каже на Игнасио/Хуан дека знае. Енрике и „Игнасио“ започнуваат врска и Енрике го поправа сценариото така што тоа заврши со отец Маноло, кого Игнасио го уценувал поради злоупотребата за да му даде пари за да направи операција за промена на пол, како го убива Игнасио. При снимањето на сцената, „Игнасио“ изненадно почнува да плаче.

На сетот на филмот доаѓа Мануел Беренгер (Љуис Омар), кој прочитал во весник дека се снима филмот. Мануел е всушност вистинскиот отец Маноло кој се откажал од црквата. Мануел му признава на Енрике дека крајот на филмот не е многу далеку од вистината: вистинскиот Игнасио го уценувал Мануел, кој некако успеал да собере пари за да му ги даде, но и се заинтересирал за неговиот помлад брат Хуан. Хуан и Мануел започнале врска, а малку подоцна откриле дека обајцата сакаат Игнасио да умре. Олеснителен фактор бил што Игнасио конзумирал дрога. Хуан набавил чист хероин, со намера брат му да умре од предозирање.

Енрике е шокиран од ова и е незаинтересиран за објаснувањата што Хуан му ги дава за убиството на брата си. На крај, пред да замине, Хуан му дава на Енрике еден лист: писмо за Енрике кое Игнасио го пишувал во моментот кога умрел.

Од стилот на најавната шпица и музиката која потсетува на творбите на Бернард Херман, овој филм му оддава почит на класиците на Хичкок како Вртоглавица, во кој фатална жена од минатото на главниот лик излегува на површина, но со двоен идентитет и крие мрачна тајна.

Премиера и реакции

уреди

Овој филм се разликува од другите филмови на Алмодовар бидејќи скоро сите улоги се машки (а во другите негови филмови преовладуваат женски приказни) и се смета за еден од најсериозните филмови. Имаше чест да го отвори 57-от Кански филмски фестивал во 2004, а со тоа стана првиот шпански филм што го сторил тоа (ова отворање делумно беше посветено и на загинатите во бомбашките напади на Мадрид претходниот месец). Поради сцени со сексуална содржина, филмот имаше ограничена премиера во САД, и му се намали популарноста поради друг шпански филм, Mar Adentro, кој освои Гоја награда и Оскар за најдобар странски филм. Многумина претпоставуваат дека следниот филм на Алмодовар, Враќање, е потрадиционален затоа што се обидувал да се искупи за „премногу контроверзниот“ Лошо воспитание.

Надворешни врски

уреди