Седуммина против Теба
Седуммина против Теба (старогрчки: Ἑπτὰ ἐπὶ Θήβας, Hepta epi Thēbas; латински: Septem contra Thebas) — третата претстава во Едиповата трилогија напишана од страна на Есхил во 467 п.н.е. Трилогијата понекогаш е ословувана со името Едиподеја.[1] Во делата се разработува војната меѓу армијата на Аргос предводена од Полиник и армијата на Теба предводена од Етеокл аи неговите поддржувачи. Трилогијата ја има освоено првата награда за дионисија. Првите две претстави, Лај и Едип, како и сатирата Сфинга, денес не постојат.
„Седуммина против Теба“ |
---|
Заднина
уредиКога Едип, кралот на Теба, ќе разбере дека се оженил со сопствената мајка и дека има два сина и две керќи, се ослепува самиот и ги проколнува синовите да го поделат наследството со меч. Синовите, Етеокл и Полиник, во обид да избегнат крвопролевање, се договориле да владеат со Теба наизменично. По првата година на владеење, Етеокл одбива да се повлече од престолот, со што го приморува Полиник да насобере војска од Аргос (предводена од познатите седуммина) за да ја освои Теба насила. Од овој момент започнува трагедијата на Есхил.
Фабула
уредиСедуммина против Теба нема некоја особена акција, наместо тоа, изобилува со голем број на дијалози меѓу граѓаните на Теба и нивниот крал Етиокл за опасноста од непријателската војска пред портите.Преку дијалозите се дава слика за карактерот на Етиокл. Постои и долг опис на секојод седуммте капетани кои ја водат војската од Аргос пред седуммте порти на Теба како и пеиказите на нивните штитови. Етиокл, пак, кој Тебански војсководци ќе ги прати против напаѓачите од Аргос.Конечно, се дознава дека водачот пред седмата е Полиник, братот на Полиник. Тогаш Етиокл се присеќава на клетвата на нивниот татко Едип.[2] Етиокл се одлучува да се сретне и да се бори со својот брат пред седмата порта и излегува. Следен од хорска ода, влегува гласник, кој објавува дека напаѓачите се разбиени но Етиокл и Полиник се убиле меѓусебно во битката. Нивните тела се донесени на сцената, и хорот ги сожалува.
Поради славата на Софоклевата претстава Антигона, крајот на Седуммината од Теба бил препишан скоро педесет години по Есхиловата смрт.[3] Есхил го напишал крајот со трагично жалење за мртвите браќа, но денес има завршница со крај кој послужува како вовед во Софоклевата претстава: се појавува гласник, кој објавува дека има забрана за погребување на Полиник, неговата сестра Антигона, сепак, ја најавува својата намера дека ќе се спортистави на вакавата наредба.
Седуммината напаѓачи и бранители во претставата се:
# | Напаѓачи | Бранители |
---|---|---|
1 | Тидеј | Меланип |
2 | Капаниј | Полифонт |
3 | Етиокле | Мегариј |
4 | Хипомедон | Хипербиј |
5 | Партенопиј | Актор |
6 | Амфиара | Ластениј |
7 | Полиник | Етиокл |
Митска содржина
уредиМитологијата за „неандминатите“ и „бурни“ седуммина кои претставувале закана за градот се смета дека е заснована на историјата од бронзената доба генерација пред Тројанската војна,[4] кога од наброените бродови во Илијадата' единствено останува Хипотебај („Нискоград“) кој пристинува на рушевините на Теба. Сепак на археолозите им било тешко да ги најдат седуммте порти на „седум-портената Теба“:[5] Во 1891 Улрих фон Виламовиц-Молендорф објавил дека седуммте порти постоеле како симетрија на седуммте азиланти, кои имаат најразлични имиња: sнекои од нив имаат и познати идентитети, како што е гатачот амфиара, „кој имал сопствено светилиште и култ... Други се појавуваат како резервни ликови за да го надополнат списокот,“ според Буркет. „Да наречеш еден од нив Етеоклбратот на Полиник, е најверојатно очајниот обид на поетот“[6] Буркет се надоврзува на Ернест Хаволд во 1939 дека седуммината е мит предводен од Адраст на неговиот магичен коњ, седуммте демони од Подземјето, Буркет ја потенцира поврзаноста со еден Акадиски епски текст, приказната за богот на чумата Ера, и семуммината (Сибити), биле повикани да го уништат човештвото, но кој се повлекува од Вавилов во последниот момент. Градот е спасен кога браќата едновремено се прободуваат меѓусебно. Буркет претставил релјеф од деветтиот век од Тел Халаф што точно ќе го прикаже текстот од вториот Самуел II: „Се зграбија меѓусебно за косите и го наби мечот во него па така сите паднаа заедно“.
Митската тема станала дел од Етрурската култура:бронзена позадина од огледалото[7] со натписи на Полиник и Етеокл кои се залетани еден кон друг со кренати мечеви. Особено непријатен детал од битката во која Тидејг го џвака мозокот на Меланип за време на опсадата, истата сцена се појавува и во теракотен релјеф во храмот во Пирги, о. 470–460 п.н.е.[8]
Седуммината против Теба се:
Сојузници:
- Етеокл и Мекистеј. Некои извори, сепак, тврдат дека Етеокл и Мекистеј биле дел од седуммината, и дека Тидеј и Полиник биле сојузници. Ова се должи на фактот што Тидеј и Полиник биле странци. Сепак, Полиник бил причината за целиот судир, и Тидеј извел храбри дела надминувајќи ги Етеокл и Мекистеј. Како и да е, сите деветмина биле присутни на местото (и убиени) во Битката за да го спасат Адраст.
Бранители на Теба:
Поврзано Епигони, митичната тема од Втората војна за Теба.
Лај, Едип и Сфинга
уредиДругите две претстави кои се составен дел на трилогијата Седуммина против Теба, Лај и Едип, и сатирата Сфинга, се останати само неколку делови. Единствениот дел кој со сигурност се однесува на Едип е реченица преведена од страна на Херберт Веир Смит „Ние напредувавме на патувањето до местото каде трите патишта се разгрануваат, пошто ја минавме раскрсницата на трите патишта кај Потинај.“[1] Двете единствени реченици кои дефинитивно се дел од сатирата Сфинга се преведени од Смит „За странецот наметка, стара круна, најсилните окови, како што вели Прометеј,“ и „Сфингата, чуварот кој опстојува во злите денови.“[9]
Превод
уреди- Артур Веј, 1906 – стих
- Морсхед, 1908 – стих: електронски текст
- Едвин Беван, 1912 – стих
- Куксон, 1922 – стих
- Херберт Веир Смит, 1922 – проза: целосен текст
- Давид Грин, 1956 – стих
- Филип Велакот, 1961 – стих
- Вил Повер, 2001 – стих, лирика
- Јорго Теодоридис, 2010, проза: целосен текст
Поврзано
уреди- Малиот Стеисихор, фрагмент на папирус за Тебанскиот мит од лиричарот of Стеисихор
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 Herbert Weir Smyth (1930). Aeschylus: Agamemnon, Libation-Bearers, Eumenides, Fragments. Harvard University Press. стр. 437–438. ISBN 0-674-99161-3.
- ↑ Етиокл само споменува клетва, која хорот ја изговара во целост 785ff.
- ↑ Aeschylus. Prometheus Bound, The Suppliants, Seven Against Thebes, The Persians. Philip Vellacott's Introduction, pp.7–19. Penguin Classics.
- ↑ "There is no reason to suppose that the tale was not based on historical fact" Cambridge Ancient History II (1978:168), noted by Burkert 1992:107n.
- ↑ Burkert 1993:107-08 briefly surveys the attempts, with bibliography.
- ↑ Burkert 1993:108.
- ↑ Illustrated in Larissa Bonfante and Judith Swaddling, Etruscan Myths (Series The Legendary Past, University of Texas/ British Museum) 2006, fig. 9 p. 22.
- ↑ Relief in the Museo Etrusco, Villa Giulia, Rome, illustrated in Bonfante and Swaddling, fig. 10 p. 23, and p. 58.
- ↑ Herbert Weir Smyth (1930). Aeschylus: Agamemnon, Libation-Bearers, Eumenides, Fragments. Harvard University Press. стр. 460–461. ISBN 0-674-99161-3.
Наводи
уреди- Walter Burkert 1992. The Orientalizing Revolution: Near Eastern Influence on Greek Culture in the Early Archaic Age "Seven against Thebes" pp 106–14. Burkert draws parallels between Greek and Ancient Near Eastern materials. Notes and bibliography.
Надворешни врски
уреди„Седуммина против Теба“ на Ризницата ? |
- Compare English translations of Seven Against Thebes Архивирано на 30 август 2014 г.
- Seven against thebes аудио книга од јавен домен на LibriVox
Предлошка:Aeschylus Plays Предлошка:Theban Kings Предлошка:Oedipus