Намесништва во Шкотска

Намесништвата (англ. lieutenancy areas) се области на чие чело стојат лордови-намесници, кои се претставници на британскиот монарх во Шкотска. Тие се разликуваат од локалните управни области, обласните комитети и шерифствата, регистарските грофовии, поранешните региони и окрузи, поранешните грофовии и разни други административни единици.

Абердин, Данди, Единбург и Глазгов наместо тоа имаат лордови-провости кои воедно се екс официо лордови-намесници. Ова е едиствен случај на вакво право во Обединетото Кралство: сите други лордови-намесници ги назначува монархот, наместо по пат на политички избори[1].

Намесништва во шкотска
  1. Абердин
  2. Абердиншир
  3. Ангус
  4. Аргајл и Бјут
  5. Ершир и Аран
  6. Банфшир
  7. Перикшир
  8. Кејтнес
  9. Клакмананшир
  10. Дамфрис
  11. Данбартоншир
  12. Данди
  13. Источен Лотијан
  14. Единбург
  15. Фајф
  16. Глазгов
  17. Инвернес
  18. Кинкардиншир
  19. Ланаркшир
  1. Мидлотијан
  2. Мари
  3. Нерн
  4. Перт и Кинрос
  5. Ренфрушир
  6. Рос и Кромарти
  7. Роксбург, Етрик и Лодердејл
  8. Стерлинг и Фолкерк
  9. Садерленд
  10. Стјуардство Киркубри
  11. Твидејл
  12. Западен Лотијан
  13. Западни Острови
  14. Вигтон

Неприкажано:

Опфат на намесништвата уреди

Секој лорд-намесник на една грофовија кој служел до 16 мај 1975 сега добил регион или дел од регион:

Грофовија Поранашен регион Назив Дел од регионот
Абердин Грампијан Абердиншир Грофовијата Абердин како што била до 16 мај 1975, освен тој дел од градот Абердин
Ангус Тејсајд Ангус Округ Ангус
Аргајл Стратклајд Аргајл и Бјут Округ Аргајл и Бјут
Еар Стратклајд Ершир и Аран Окрузи Канингам, Килмарнок и Лаудон, Кајл и Керик и Камнок и Дунска ДОлина
Банф Грампијан Банфшир грофовијата Банф каква што била до 16 мај 1975
Берик Граници Берикшир Округ Берикшир
Кејтнес Хајленд Кејтнес Округ Кејтнес
Клакманан Централен Клакаманан Округ Клакаманан
Дамфрис Дамфрис и Галовеј Дамфрис Окрузи Најтсдејл and Анандејл и Ескдејл
Данбартон Стратклајд Данбартоншир Окрузи Дамбартон, Клајдбенк, Беарзден и Милгај, Страткелвин и Камбернолд и Килсит
Источен Лотијан Лотијан Источен Лотијан Округ Источен Лотијан
Фајф Фајф Фајф Цел регион
Инвернес Хајленд Инвернес Окрузи Лохабер, Inverness and Баденох и Стратспи
Кинкардин Грампијан Кинкардиншир Грофовијата Кинкардин каква што била до 16 мај 1975, освен тој дел од градот Абердин
Кинрос (заедно со Перт) Тејсајд Перт и Кинрос Округ Перт и Кинрос
Стјуартство Киркубри Дамфрис и Галовеј Стјуартство Киркубри Округ Стјуартри
Ланарк Стратклајд Ланаркшир Окрузи Монкландс, Мадервел, Хамилтон, Источен Килбрајд и Ланарк
Мидлотијан Лотијан Мидлотијан Округ Мидлотијан
Мари Грампијан Маришир Оние делови од Мари што се протегаат во регионот, и постоеле пред 16 мај 1975
Нерн Хајленд Нерн Округ Нерн
Оркни Оркни Islands Area Оркни Цела област
Пиблс Граници Твидејл Округ Твидејл
Перт (заедно со Кинрос) Тејсајд Перт и Кинрос Округ Перт и Кинрос
Ренфру Стратклајд Ренфрушир Окрузи Иствуд, Ренфру и Инверклајд
Рос и Кромарти Хајленд Рос и Кромарти Окрузи Рос и Кромарти and Скај и Лохалш
Роксбург (заедно со Селкирк) Граници Роксбург (заедно со Етрик и Лодердејл) Округ Граници
Селкирк (заедно со Роксбург) Граници Етрик и Лодердејл (заедно со Роксбург) Округ Етрик и Лодердејл
Стерлинг Централен Стерлинг и Фолкерк Окрузи Стерлинг и Фолкерк
Садреленд Хајленд Садреленд Округ Садреленд
Западен Лотијан Лотијан Западен Лотијан Округ Западен Лотијан
- Западни Острови Западни Острови Цела област
Вигтон Дамфрис и Галовеј Вигтон Округ Вигтон
Зетланд Шетландски Острови Шетланд Цела област

Наводи уреди

  1. Одредба за Лордовите-намесници 1975 1975 Бр. 428

Поврзано уреди