Црвената желка

Црвената желка (француски: La Tortue Rouge; јапонски: レッドタートル ある島の物語) — анимиран филм од 2016 година, во режија на холандско-британскиот аниматор Михаел Дудок де Вит. Филмот е ко-продукција помеѓу Wild Bunch и Studio Ghibli, и ја раскажува приказната на човек кој доживува бродолом на пуст остров и запознава огромна црвена желка. Филмот нема дијалог.[4] Тој премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2016 година.[6][7] Филмот е номиниран за Оскар за најдобар анимиран филм на 89. доделување на наградите.

„Црвената желка“
РежисерМихаел Дудок де Вит
Продуцент
  • Тошио Сузуки[1]
  • Венсан Маравал
  • Паскал Кочето
  • Грегуар Сорлат
  • Леон Перахиа
Сценарист
МузикаЛорен Перез дел Мар
Студио
Дистрибутер
Премиера18 мај 2016
(Кански филмски фестивал) 29 јуни 2016
(Франција)
17 септември 2016
(Јапонија)
Времетраење80 минути
Држава
ЈазикНема говор[4]
Бруто заработка3.4 милиони долари[5]

ПродукцијаУреди

Црвената желка е ко-продукција на Wild Bunch и Studio Ghibli во соработка со Why Not Productions. Според Венсан Маравал, директорот на студиото Wild Bunch, тој го посетил Studio Ghibli во Јапонија во 2008 година и имал средба со Хајао Мијазаки. Мијазаки му го посочил краткометражниот филм Татко и ќерка и му кажал да се сретне со неговиот режисер, Михаел Дудок де Вит, со намера за ко-продуцирање на долгометражен анимиран филм. Од Wild Bunch пристапиле до Дудок де Вит во Лондон и го убедиле да го прифати проектот. Сценариото на филмот било напишано од Дудок де Вит и Паскал Феран.[8][9]

МузикаУреди

Композитор на придружната музика во филмот е Лорен Перез дел Мар. Музиката била снимена во Скопје, во студиото ФАМЕС на француската двојка Од Мопас и Лорен Копиц, што работи во просториите на македонската радиотелевизија.[10]

ПриемУреди

КритикиУреди

Црвената желка добил критичко признавање. На агрегаторот Rotten Tomatoes, филмот има резултат од 94% врз основа на 77 ревизии, со просечна осенка од 8.3/10.[11] На Metacritic филмот има рејтинг 88 од 100, врз основа на 22 ревизии, означувајќи „универзално признание“.[12]

НаводиУреди

  1. „The Red Turtle - descriptions“. Prima Linea Productions. Посетено на 23 May 2016.
  2. Amidi, Amid (May 22, 2016). „Michael Dudok de Wit's 'The Red Turtle' Wins At Cannes“. Cartoon Brew. Посетено на May 22, 2016.
  3. The Red Turtle French press kit“ (PDF) (француски). Wild Bunch. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 May 2016. Посетено на 22 May 2016.
  4. 4,0 4,1 Amidi, Amid (13 May 2016). „Watch the Trailer for Michael Dudok de Wit's 'The Red Turtle,' Debuting At Cannes“. Cartoon Brew. Посетено на 23 May 2016.
  5. „The Red Turtle (2017) - International Box Office Results“. Box Office Mojo. Посетено на 8 September 2016.
  6. „2016 Cannes Film Festival Announces Lineup“. IndieWire. Посетено на 14 April 2016.
  7. „Cannes 2016: Film Festival Unveils Official Selection Lineup“. Variety. Посетено на 14 April 2016.
  8. Père, Olivier (18 February 2014). „Arte France Cinéma coproduit The Red Turtle, premier long métrage d'animation de Michael Dudok de Wit“. arte.tv (француски). Arte. Посетено на 24 April 2015.
  9. Goodfellow, Melanie (24 April 2014). „Wild Bunch unveils first titles on Cannes slate“. Screen Daily. Посетено на 24 April 2015.
  10. Музиката за „Црвената желка“ номиниран за Оскар е снимена во Скопје sdk.mk ; 25 јануари 2017
  11. The Red Turtle (La tortue rouge) (2017)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Посетено на 22 January 2017.
  12. The Red Turtle Reviews“. Metacritic. CBS Interactive. Посетено на 27 November 2016.

Надворешни врскиУреди