Отвори го главното мени

Мртвата невеста е американски анимиран филм од 2005 од авторот на необичните и често мрачните филмски остварувања, режисерот Тим Бартон. Тој искористил т.н стоп-анимација („stop motion") за овој филм, музичка фантазија во која еден од гласовите ги позајмува глумецот Џони Деп. Како го објаснува костурот на еден од ликот во овој анимиран филм: тоа е трагична приказна за љубовта, страста и убиството најстрашно ви викторијанската Англија.[се бара извор]

„Мртвата невеста
(Corpse Bride)“
Movie corpsebride.jpg
Филмскиот плакат за филмот Мртвата невеста
РежисерТим Бартон
ПродуцентТим Бартон
СценаристЏон Август
Каролин Томпсон
НастапуваатЏони Деп
Хелена Бонам Картер
Емили Ватсон
Трејси Улман
Жанранимација , мјузкл, хорор
МузикаДени Елфман
КинематографијаПит Козачик
ДистрибутерWarner Bros
Премиера23 септември, 2005
Времетраење78 мин.
Држава САД / Обединето Кралство Обединето Кралство
Јазиканглиски
Буџет$53.337.608
Бруто заработка$117,195,061 (низ цел свет)

Во Мртвата невеста, и Џони Деп и останатите глумци зборуваат преку кукли од 30 центиметри, кои се движат заблагодарувајќи се на одличниот процес 'stop motion' анимација. Интересно е тоа што сите кукли се рачно направени. Филмот е сниман во Велика Британија и Америка.

Тоа што исто така има голем дух во ова остварување е музиката, уште еден чест соработник на Тим Бартон - композиторот Дени Елфман.

Овој филм беше номиниран за Оскар во 2006 година, за најдобар анимиран филм.