Отвори го главното мени

Нагоре (англиски: Up) e американски анимиран филм од 2009 продуциран од Pixar, и дистрибуиран од страна на Walt Disney Pictures. Овој филм за прв пат беше прикажан во кино салите низ Северна Америка на 29 мај, 2009, а во Обединетото Кралство на 9 октомври, 2009. Овој филм беше и првиот анимиран филм кој го отворил Канскиот филмски фестивал.

„Нагоре (Up)“
Up ver2.jpg
Филмскиот постер
РежисерПитер Доктер
Ко-режисер:
Боб Пeтерсон
ПродуцентЏонас Ривера
Извршни продуцери:
Џон Ласетер
Ендру Стентон
СценаристСценарио:
Питер Доктер
Боб Пeтерсон
Приказна:Питер Доктер
Боб Петерсон
Томас МекКарти
НастапуваатЕдвард Аснер
Кристофер Пламер
Џордан Нагаи
Боб Петерсон
Делрој Линдо
МузикаМајкл Гиачино
СтудиоPixar Animation Studios
ДистрибутерWalt Disney Pictures
ПремиераСеверна Америка:
29 мај, 2009
Австралија:
3 септември, 2009
Обединетото Кралство:
9 октомври, 2009
Времетраење96 минути
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$175 милиони
Бруто заработка$683,004,164

Нагоре е вториот филм режиран од страна на Питер Доктер по анимираниот филм од 2001, Чудовишта. Нагоре е десетиот долгометражен филм продуциран од студиото Пиксар, и првиот во кој се користи новата „Disney Digital 3-D“ технологија. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат актерите Едвард Аснер, Кристофер Пламер, Боб Петерсон, и Џордан Нагаи.

Филмот ги следи авантурите на еден намуртен стар човек по име Карл Фредриксен и еден млад природен истражител по име Расел. Тие летаат низ Јужна Америка со куќа на која се заврзани илјадници балони со хелиум. Филмот беше позитивно прифатен од страна на публиката и критичарите и има зачудувачки рејтинг од 98% на интернет страницата Rotten Tomatoes.