Со љубов, Винсент
Со Љубов, Винсент (англиски: Loving Vincent) — анимиран биографски драма филм од 2017 година за последните денови од животот на сликарот Винсент ван Гог. Ова е прв долгометражен анимиран филм во кој сите фрејмови, вкупно 65,000, се рачно насликани со масло на платно, истата техника која ја користел и самиот Ван Гог.[5] Филмот, во режија на Дорота Кобела и Хју Велхман е во полска продукција, финансиран од полскиот филмски институт и делумно преку кампања на Kickstarter.[6]
„Со љубов, Винсент“ | |
---|---|
Режисер | Дорота Кобела Хју Велхман |
Продуцент | Хју Велхман Ајван Мактагарт Шон М. Бобит |
Сценарист | Дорота Кобела Хју Велхман Јацек Денел |
Главни улоги | |
Музика | Клинт Мансел |
Кинематографија | Тристан Оливер |
Монтажа | Дорота Кобела Јустина Виершинска |
Студио | BreakThru Productions Trademark Films |
Дистрибутер | Altitude Film Distribution Next Film [1] |
Премиера | 12 јуни 2017(Анси) 6 октомври 2017 (Полска) 13 октомври 2017 (Обединето Кралство) |
Времетраење | 95 минути[2] |
Земја | |
Јазик | англиски |
Буџет | 5.5 милиони долари[3] |
Бруто заработка | 30.2 милиони долари[4] |
На анимацијата на филмот работеле 125 сликари од целиот свет. Филмот премиерно бил прикажан на 12 јуни 2017 година на Меѓународниот фестивал на анимиран филм во Анси. Филмот бил прогласен за најдобар анимиран филм на 30. доделување на европските филмски награди и добил номинација за Оскар за најдобар анимиран филм на 90. доделување на Оскарите.
Улоги
уредиГласовите ги позајмиле следните глумци:[7][8][9]
- Роберт Гулазик како Винсент ван Гог
- Даглас Бут како Арманд Рулин
- Џером Флин како Пол Гаше
- Сирша Ронан како Маргарита Гаше
- Хелен Мекрори како Луис Шевалије
- Крис О'Дауд како Јоџеф Рулин
- Џон Сешнс како Пер Танги
- Елеонор Томлинсон како Аделин Раво
- Ејдан Тарнер како бродарот
Прием
уредиЗаработка
уредиДо 28 јануари 2018 година, филмот остварил заработка од 30.2 милиони долари во светски рамки, од кои 6.5 милиони долари во домашните кина. Во надворешни рамки, филмот остварил заработка од 2.9 милиони долари во Јужна Кореја, 1.5 милион долари во Италија и 10.8 милиони долари во Кина.[4]
Критики
уредиНа агрегаторот за рецензии Rotten Tomatoes, филмот има рејтинг од 83% врз основа на 125 рецензии, со просечен рејтинг од 7.1/10. Критичкиот консензус на мрежното место гласи: „Импресивните визуелни достигнувања на Со љубов, Винсент го прават овој биографски филм за Ван Гог да вреди – дури и ако неговата нарација е многу помалку ефикасно составена.“[10] На Metacritic филмот има резултат 62 од 100 врз основа на 21 критика, означувајќи „генерално поволни рецензии“.[11]
Наводи
уреди- ↑ „LOVING VINCENT IS RELEASED IN POLAND, CANADA AND VIETNAM“. Loving Vincent. Архивирано од изворникот на 2018-02-10. Посетено на 19 November 2017.
- ↑ „LOVING VINCENT (12A)“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот на 2017-11-15. Посетено на 30 August 2017.
- ↑ „Van Gogh, a new film and a tantalising question: was Vincent murdered?“. The Daily Telegraph. 27 June 2016. Посетено на 3 July 2017.
- ↑ 4,0 4,1 Hopewell, John. „'Loving Vincent' Passes $20 Million at Worldwide Box Office“. Variety. Посетено на 11 December 2017.
- ↑ Macdonald, Fiona (16 October 2017). „Loving Vincent: The film made entirely of oil paintings“. BBC. Посетено на 21 October 2017.
- ↑ „Watch the Mesmerizing Trailer for a Movie About Van Gogh Fully Animated From Oil Paintings“. Slate. 29 February 2016. Посетено на 2 March 2016.
- ↑ Waring, Olivia (2016) This animated Van Gogh movie rendered entirely in paint looks unbelievably stunning; Metro 87.1M, 23 March 2016. Retrieved 4 August 2016.
- ↑ ‘Loving Vincent’ Starring Vincent van Gogh; Fashion Industry Broadcast FIB, 4 April 2016. Retrieved 4 August 2016.
- ↑ Loving Vincent (2016) Full Cast & Crew; IMDb. Retrieved 4 August 2016.
- ↑ „Loving Vincent Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. Посетено на 14 November 2017.
- ↑ „Loving Vincent Reviews“. Metacritic. Посетено на 14 November 2017.