Коко и големата тајна

Коко и големата тајна (англиски: Coco) — американски компјутерско-анимиран авантуристички филм во 3D од 2017 година, продуциран од Pixar Animation Studios и издаден од Walt Disney Pictures.[6] Филмот е во режија на Ли Анкрич и во ко-режија на Адријан Молина. Заплетот го следи 12-годишното момче Мигел Ривера, кое случајно се пренесува во земјата на мртвите, каде бара помош од неговиот починат прапрадедо музичар да го врати на своето семејство помеѓу живите.

„Коко и големата тајна“
РежисерЛи Анкрич
ПродуцентДарла К. Андерсон
Сценарист
Главни улоги
МузикаМајкл Џакино[1]
Кинематографија
  • Мет Еспбури[2]
  • Даниеле Феинберг[2]
Монтажа
  • Стив Блум[2]
  • Ли Анкрич[2]
Студио
ДистрибутерWalt Disney Studios
Motion Pictures
Премиера20 октомври 2017 (2017-10-20) (Филмски фест. во Морелија)
22 ноември 2017 (2017-11-22) (САД)
Времетраење109 минути[3]
Земја САД
ЈазикАнглиски[4]
Буџет175–200  млн. долари
Бруто заработка740 млн. долари[5]
Логото на Коко на Дизни

Концептот на филмот е заснован на мексиканскиот празник Ден на мртвите. Pixar започнал со развивање на анимацијата во 2016 година; Анкрич и дел од филмската екипа го посетиле Мексико за инспирација. Композиторот Мајкл Џакино, кој работел на претходни анимирани филмови на Pixar ја компонирал филмската музика. Гласовите ги позајмуваат Ентони Гонсалес, Гаел Гарсија Бернал, Бенџамин Брет, Алана Убак, Рене Виктор, Ана Офелија Мургуја и Едвард Џејмс Олмос Ова е првиот филм воопшто со буџет од девет цифри (175–200 милиони долари),[7] во кој сите глумци се латиноамериканци.

Коко и големата тајна премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Морелија, Мексико на 20 октомври 2017 година. Филмот бил нашироко издаден следната недела во Мексико, во викендот пред празникот Ден на мртвите и станал филм со најголема заработувачка во историјата на земјата.[8][9][10] Филмот бил издаден во САД на 22 ноември 2017 година и остварил заработка од 740 милиони долари во светски рамки. Филмот добил пофалби за анимацијата, вокалните изведби, филмската музика, песните, емоционалната приказна и почитта кон мексиканската култура и бил избран од националниот одбор за реценција на филмови за најдобар анимиран филм за 2017 година.[11] Филмот добил БАФТА награда, Ени награда и Златен глобус за најдобар анимиран филм. На 90. доделување на наградите Оскар, Коко и големата тајна добил 2 награди, и тоа во категориите најдобар анимиран филм, и најдобра оригинална песна („Remember Me“).

Наводи

уреди
  1. Giardina, Carolyn; Kit, Borys (July 14, 2017). „New 'Incredibles 2', 'Toy Story 4' Details Revealed at D23“. The Hollywood Reporter. Посетено на July 14, 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Coco Award Categories“. disneystudiosawards.com. Архивирано од изворникот на 2017-12-02. Посетено на October 10, 2017.
  3. „Coco“. Morelia International Film Festival. Посетено на October 22, 2017.
  4. „COCO (2017)“. British Board of Film Classification. December 20, 2017. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на December 26, 2017.
  5. „Coco (2017)“. Box Office Mojo. IMDb. Посетено на March 3, 2018.
  6. „Coco Press Kit“ (PDF). wdsmediafile.com. Посетено на November 28, 2017.
  7. „Pixar's 'Coco' feasts on 'Justice League' at box office“. New Haven Register. November 26, 2017. Посетено на November 27, 2017.
  8. Nancy Tartaglione (November 15, 2017). 'Coco's Otherworldly Mexico Run Lands Pixar Toon As Market's No. 1 Movie Ever“. Deadline.com. Посетено на November 21, 2017.
  9. Dave Trumbore (November 18, 2017). „This Week in Animation: Pixar's 'Coco' Now Mexico's #1 Film of All-Time“. Collider. Посетено на November 21, 2017.
  10. Dave McNary (November 15, 2017). „Disney-Pixar's 'Coco' Breaks Box Office Record in Mexico“. Variety. Посетено на November 21, 2017.
  11. „National Board of Review Announces 2017 Award Winners“. National Board of Review. November 28, 2017. Посетено на December 7, 2017.

Надворешни врски

уреди