Мачорот во чизми (филм од 2011)
Мачорот во чизми (англиски: Puss in Boots) е американски анимиран филм од 2011 година, во режија на Крис Милер. Гласовите ги позајмуваат: Селма Хаек, Зак Галифијанакис, Били Боб Торнтон, Антонио Бандерас итн.
Содржина
уредиКога биле мали, Мачорот в чизми (гласот го позајмува Бандерас) и Хампти Дампти (гласот го позајмува Галифијанакис) биле најверни другари, живеејќи во дом за сираци. Кога Хампти ограбува кочија со пари, за тоа е обвинет и Мачорот, по кого се распишува потерница. Затоа, тој мора да ја докаже својата невиност и се обидува да ги украде волшебните гравчиња од криминалците Џек и Џил. Притоа, тој ја среќава мачката Кити (гласот го позајмува Хаек), која го носи кај Хампти. Сеќавајќи се на предавството на Хапмти, Мачорот е непријателски настроен кон него, но сепак тие заедно одат на небото, во замокот на џинот и ја крадат златната гуска. Потоа, Мачорот се враќа во градот од каде бил прогонет, но повторно доаѓа до израз алчноста на Хампти.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Возбудлива авантура на триото од бајките“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 2.