Ветрот се засилува
Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) Казе Тачину е јапонски анимиран филм од 2013 година напишан и режиран од Хајао Мијазаки[1]. Филмот е заснован на истоименувана манга на Мијазаки, која е заснована на новела на Тацуо Хори, јапонски писател, поет и преведувач од 20 век (јапонскиот период Шова). Казе Тачину е фикционизирана биографија на Џиро Хорикоши, дизајнер на популарниот јапонски воен авион Мицубиши А6М Нулта кој бил користен во втората светска војна.
„Ветрот се засилува“ | |
---|---|
Постер на филмот за јапонската театарска премиера | |
Режисер | Хајао Мијазаки |
Продуцент | Тошио Сузуки |
Сценарист | Хајао Мијазаки |
Главни улоги | Хидеаки Ано, Миори Такимото, Хидетоши Нишиџима, Масахико Нишимура |
Музика | Џо Хисаиши |
Студио | Студио Гибли |
Дистрибутер | Тохо, |
Премиера | 20 јули 2013 |
Времетраење | 125 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Настапуваат
уреди- Џиро Хорикоши (Хидеаки Ано)
- Наоко Сатоми (Миори Такимото)
- Хонџо (Хидетоши Нишиџима)
- Курокава (Масахико Нишимура)
- Касторп (Стив Алперт)
- Сатоми (Морио Казама)
- мајката на Џиро (Кеико Такешитака)
- Кајо Хорикоши (Мираи Шида)
- Хатори (Џун Кунимура)
- госпоѓа Курокава (Шинобу Отаке)
- Капрони (Номура Мансаи)
Аргумент
уредиФилмот го раскажува животот на Џиро Хорикоши, човекот кој го дизајнирал борбениот авион Нулта, кој бил користен за нападот на Перл Харбор за време на втората светска војна. Хорикоши бил пилот и аеронаутички инженер, кој дизајнирал неколку воени авиони. Филмот почнува прикажувајќи го детството на пилотот и постепено стигнува до зенитот на Џиро во светот на авионите.
Приказна
уредиПорака
уредиПродукција
уредиКазе Тачину е режиран од Хајао Мијазаки, кој е познат по филмовите Мојот сосед Тоторо, Авантурите на малечката Чихиро, Принцезата Мононоке и Подвижниот замок на Хоул.[2] Ова е првиот филм кој Мијазаки ќе го режира после пет години; негово последно дело е Поњо од 2008 година.[3] Казе Тачину е заснован на манга од Хајао Мијазаки која е издавана во месечното списание Model Graphix во 2009 година.[2] Приказната во мангата е неколку заснована на новелата на Тацуо Хори „Казе Тачину“ напишана во 1936-1937.[4]
За гласот на протагонистот Џиро Хорикоши е избран Хидеаки Ано, режисер на дела како што се Надја од Мистериозните Мориња и Евангелион. Ано е долгогодишен пријател и поранешен помошник на Мијазаки. Ано и Мијазаки се порано соработувале на филмот на Мијазаки, Наусикаа од Долината на Ветрот.
Името на новелата на Тацуо Хори и исто така на филмот на Мијазаки доаѓа од поемата „Морнарски гробишта“ на францускиот поет Пол Валери каде поетот пее “Le vent se lève! . . . il faut tenter de vivre! или „Ветрот се засилува... мора да се обидеме да живееме!
Насловната песна Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) е од 1973 година напишана и изведена од Јуми Мацутоја. Мацутоја претходно има соработувано со Мијазаки и има напишано две песни за неговиот филм Испорачката на Кики.
Казе Тачину и Кагуја-химе но Моногататари беа официјално најавени од Студио Гибли и Тохо на 13 декември, 2012.[3]
Издавање
уредиКазе тачину треба да биде издаден истовремено со Кагуја-химе но Моногатари, друг филм на Студио Гибли режиран од Исао Такахата, летото на 2013 во Јапонија.[3] Ова е првиот пат делата на двајцата режисери да бидат издадени истовремено после издавањето на филмовите Мојот сосед Тоторо и Гробот на Светулките во 1988 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Russ Fischer (2012-11-21). „Studio Ghibli Titles New Films From Hayao Miyazaki and Isao Takahata; 'Grave of the Fireflies' Picked Up For US Re-Release“. slashfilm.com. Посетено на 2012-11-24.
- ↑ 2,0 2,1 „ジブリ新作、2作一挙公開!宮崎駿&高畑勲作品でジブリ史上初!“. Cinema Today. 2012-12-13. Посетено на 2012-12-27.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Ghibli Announces Miyazaki's Kaze Tachinu, Takahata's Kaguya-hime no Monogatari“. Anime News Network. 2012-12-13. Посетено на 2012-12-27.
- ↑ „ジブリ新作は宮崎駿「風立ちぬ」&高畑勲「かぐや姫の物語」 2013年夏2本同日!“ (јапонски). ITmedia. December 13, 2012. Посетено на December 13, 2012.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Ветрот се засилува на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ветрот се засилува на Big Cartoon DataBase (англиски)