Коралина (филм)
Коралина (англиски: Coraline) е американски цртан филм од 2009 година, во режија на Хенри Селик. Филмот е заснован според истоимената новела на Нил Гајман. Филмот својата американска премиера ја имал на 6 февруари 2009 година, а светската премиера неколку недели подоцна. Во 2010 година, филмот бил номиниран за наградите „Златен глобус“ и „Оскар“ за најдобар анимиран филм.[1]
„Коралина (Coraline)“ | |
---|---|
Официјален постер | |
Режисер | Хенри Селик |
Продуцент | Клер Џенингс |
Сценарист | Хенри Селик (сценарио) Неил Гаиман (новела) |
Главни улоги | Дакота Фенинг Тери Хачер Хон Хоџман Кеит Дејвид |
Жанр | анимација |
Музика | Бруно Коулаис |
Дистрибутер | Focus Features |
Премиера | 6 февруари 2009 |
Времетраење | 100 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | 70 мил. долари |
Бруто заработка | $85,195,651 |
Синопсис
уредиКоралина Џонс (гласот го позајмува Дакота Фенинг) е темпераментна и љубопитна единаесетгодишна девојка, која секогаш е подготвена за авантура. Неодамна со родителите се преселила од Мичиген во една стара, осамена куќа. Бидејќи ѝ недостасуваат пријателите, а нејзините родители се зафатени со своите работни обврски, таа постојано се обидува да најде нешто возбудливо во својата околина. Така, Коралина го запознава Виби Ловат, момче од соседството кој ја нервира, а потоа ги посетува и своите стари соседи, ексцентричните британски глумици и Русинот Бобински, кој тренира глувци за да направи циркуска претстава. Еднаш, Виби ѝ подарува на Коралина кукла, која неверојатно личи на неа, само што има копчиња наместо очи.
Еднаш, на ѕидот од својата соба, Коралина открива скриена врата. Откако поминува низ тунелот зад вратата, таа открива паралелна верзија на својот живот, запознавајќи ги своите втори родители, кои имаат копчиња наместо очи. Во твој паралелен свет е многу поинтересно и таа започнува секоја ноќ да оди таму, сè додека не се соочува со страшната вистина: нејзината „друга“ мајка (гласот на Тери Хечер), всушност, е вештерка која ги заробува душите на луѓето од вистинскиот свет, ставајќи им копчиња наместо очи. Кога Коралина сака да побегне од тоа проколнато место, вештерката ја заклучува во една соба, каде Коралина ги здогледува душите на три дечиња, заробени од вештерката. Со помош на необичниот црн мачор, Коралина успева да побегне во својот свет, каде согледува дека исчезнале нејзините родители. Таа сфаќа дека нив ги грабнала вептерката и затоа се враќа кај неа, предизвикувајќи ја на една игра. Иако е изложена на безброј смртоносни опасности, Коралина успева да ги пронајде очите на заробените дечиња, а потоа, борејќи се со вештерката, успева да ги ослободи родителите и да побегне во својот свет. Меѓутоа, опасноста не е завршена, зашто во нејзината соба доаѓа шаката на вештерката (со игли наместо коски) која ја брка Коралина. Најпосле, Коралина и Виби ја туркаат шаката во стариот бунар.[2]
Глумечка екипа
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Дакота Фенинг | Коралина Џонс |
Тери Хачер | Мел Џонс |
Џон Хоџман | Чарли Џонс |
Кеит Дејвид | Мачката |
Роберт Бејли Џуниор | Виви Ловат |
Џенифер Сандерс | Г-ѓа Спинк |