Подвижниот замок на Хоул
Подвижниот замок на Хоул (ハウルの動く城 , Hauru no Ugoku Shiro) е јапонски, фантазиски, анимиран филм од 2004 гонида, напишан и режиран од Хајао Мијазаки на Студио Гибли. Филмот е заснован на истоименуваниот роман од Дијана Вејн Џонс. Првично за режисер на филмот беше избран Мамору Хосода, но оддеднаш го напушти пројектот оставајќи ја режисерската работа на тогаш-пензионираниот Хајао Мијазаки.
„Подвижниот замок на Хоул“ | |
---|---|
Режисер | Хајао Мијазаки |
Продуцент | Хајао Мијазаки |
Главни улоги | Чиеко Баишо Такуја Кимура Акихиро Мива |
Музика | Џо Хисаиши |
Монтажа | Такеши Сејама |
Студио | Студио Гибли |
Премиера | ноември 20 2004 |
Времетраење | 119 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Буџет | ¥2.4 billion USD$24 милијони |
Бруто заработка | ¥23.2 billion $231,711,096 (worldwide) |
Филмот ја имаше својата светска премиера на Венецискиот Филмски Фестивал на 5 септември 2004 година, а во јапонските кина беше премиерно емитуван на 20 ноември истата година. Филмот заработи 231.7 милијони долари со што стана еден од финансиски најуспешните филмови во јапонска историја. Филмот беше номиниран за Оскар за најдобар анимиран филм на 78-то доделување на Оскарите во 2006.
Романот на Вејн Џонс му овозможува на Мијазаки да ги комбинира карактерот на една млада и смела жена со фигурата на мајка во еден ист лик, хероината Софи. Својата улога ја започнува како 18-годишна шијачка на шешири, но потоа е претфорена во 90-годишна белоглава старка од страна на вештерка. Софи ја прифаќа оваа маѓија како ослободување од сите нејзини грижи, страв и несамодоверба. Оваа промена можеби е благослов за авантура.
Кратка содржина
уредиВо една измислена земја живее срамежлива и повлечена млада девојка по име Софи. Софи работи во продавницата за капи на мајка си. Иако е млада не ужива во својот живот, нема желби нити амбиции, и заради некоја причина нема никакви соништа ни страсти за ништо. Еден ден младиот волшебник Хоул ја спасува од гњавењето на двајца војници, но потоа одеднаш исчезне без трага. Софи е преземана од неговата привлечност, шарм и љубезност. Таа вечер во својата продавница Софи ја среќава покварената вештерка која без никаква посебна причина ги вреѓа шиширите на Софи и ја претвора во старка. Утрдента будејќи се Софи открива дека не е сон и навистина е стара. Не и останува ништо друго освен да го напушти својот дом и да бара помош во ненаселените ридови каде живеат вештерки и волшебници.
Таму наидува на подвижен замок каде се решава да ја помине ноќта. Внатре го запознава огненото суштество Калцифер и малиот помошник Маркл. И двајцата работат за Хоул, првиот го движи замокот а другиот е ученик на Хоул. Волшебникот не ја препознава Софи, а и таа не може да му каже за своето проклетство. Сепак и дозволува да остане како домаќинка. Во меѓувреме во земјата владее војна и Хоул како сите други волшебници е повикан да помогне на својата татковина.
Војувањето влијае лошо на Хоул, постепено почнува да ја губи својата човечка форма и се претвора во чудовиште. Софи се обидува на секој начин да му помогне и заедно да ја убедат г-ѓа Сулиман во безсиселноста на војната. Софи открива како постепено се подмладува заради посветеноста и љубовта кон Хоул.
Ликови
уредиСофи Хетер е најстарата ќерка од семејството Хетерс. Стартувајќи без знаење што да прави со својот живот се спријателува со Хоул. Љубоморна на ова пријателство, Вештерката од пустелијите фрла маѓија врз Софи и ја претвора во 90-годишна старка. По вселувањето во замокот на Хоул нејзината љубов кон него ја претвора во млада девојка повторно.
Хоул е привлечниот но мистериозен господар на подвижниот замок. Се претставува со имињата Џенкинс, Пендрагон и секако Хоул. На повиците од кралската палата не обрќа внимание иако поседува голема моќ. Својот живот го минува забавувајќи се.
Калцифер е оганот демо на Хоул кој го поседува срцето на господар си. Тој го движи замокот и е обврзан да седи кај каминот заради договорот склучен со Хоул. Кога Софи се вселува во куќата и ветува дека ќе поврати во нејзината оригинална форма, ако таа успее да го прекине неговиот договор со Хоул.
Маркл е чиракот на Хоул. Нема свое семејство и живее во подвижниот замок каде што се учи да прави магии и напивки кои подоцна ги продава на луѓе на кои им се потребни.
Вештерката од пустолијите е вештерка која го прогонува Хоул. И таа некогаш служела на кралевската палата во Кингсбури, но беше измавана и затоа сега живее во пустолијите.
Награди
уреди- Номинација за Оскар (најдобар анимиран филм).
- Номиниран за Награда Сатурн (најдобар анимиран филм).
- Освоена награда Mainichi Film Concours (најдобар филм).
- Освоена New York Film Critics Circle Award (најдобар анимиран филм).
Улоги
уреди- Софи — Чиеко Баишо;
- Хоул — Такуја Кимура;
- Вештерката од пустолијите — Акихиро Мива;
- Калцифер — Тацуја Гашуин;
- Маркл — Рјуносуке Камики;
- Г-ѓа Сулиман — Харуко Като;
- Кабуто — Томое Ханба;