Кунг-фу Панда
Кунг-фу Панда (англиски: Kung Fu Panda) — американски анимиран филм од 2008 година. Филмот е во режија на Џон Стивенсон и Марк Озборн и продуциран од Мелиса Каб. Во главната улога се наоѓа Џек Блек како По (Кунг-фу Панда). Филмот е продуциран во студиото на DreamWorks Animation во Глендејл, Калифорнија, а дистрибуиран од Paramount Pictures. На главните ликови покрај Џек Блек како По, гласовите ги позајмиле, Дастин Хофман, Анџелина Џоли, Луси Лу, Сет Роген, Дејвид Крос и Ијан Макшејн. Дејството е поставено во античка Кина, и се работи за дебелата џиновска панда која сака да стане кунг-фу воин. Откако се предвидува дека многу страшен воин ќе избега од затвор, на По му е претскажано да стане Змејов воин, на негово големо изненадување, како и на разочарување на веќе искусните кунг-фу воини.
„Кунг-фу Панда Kung Fu Panda“ | |
---|---|
Режисер | Марк Озборн Џон Стивенсон |
Продуцент | Мелиса Каб |
Сценарист | Џонатан Ејбел Глен Бергер |
Главни улоги | Џек Блек Дастин Хофман Анџелина Џоли Ијан Макшејн Џеки Чен Сет Роген Луси Лу Рандал Дук Ким Дејвид Крос |
Музика | Ханс Зимер Џон Повел |
Кинематографија | Јонг Дук Џун |
Студио | DreamWorks Animation |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | Северна Америка: 6 јуни, 2008 Австралија: 26 јуни, 2008 Велика Британија: 4 јули, 2008 |
Времетраење | 92 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | 130 милиони долари[1] |
Бруто заработка | 631.908.951 долари[2] |
Следен | Кунг-фу Панда 2 (2011).[3] |
Иако коцептот за „Кунг-фу Панда“ бил планиран уште од 1993, работата на филмот не започнала сè до 2004.[4] Идејата за филмот била значната од Мајкл Леченс,[5] извршител на DreamWorks Animation. Филмот во почетокот бил планиран да биде пародија, но режисерот Стивенсон одлучил наместо тоа, да снима акционо-комичен филм со боречки вештини во духот на акционото кино на Хонгконг кое го вклучува херојското патување на раскажувачки архетип за главниот лик. Компјутерската анимација во филмот е посложена од која било друга анимација на DreamWorks, досега. Како и со повеќето анимирани филмови на DreamWorks, Ханс Зимер (овој пат соработувајќи со Џон Повел) ја направил музиката за Kung Fu Panda. Тој ја посетил Кина за да ја апсорбира кинеската култура и да го запознае Меѓународниот кинески симфониски оркестар како дел од неговата подготовка.
Кунг-фу Панда премиерно се прикажуваше во САД на 1 јуни 2008 и оттогаш се има здобиено со многу поволни критики.
Цитати
уреди„ | Yesterday is history, tomorrow is a mystery, but today is a gift! That is why it is called present. |
“ |
Наводи
уреди- ↑ „Kung Fu Panda“. The Numbers. Посетено на 2008-06-11.
- ↑ „Kung Fu Panda“. The Numbers. Посетено на 2008-12-25.
- ↑ „Dreamworls Animation announces plans for "Kung Fu Panda" sequel in 2011“. Dreamworks News. 1 октомври 2008. Посетено на 2009-02-13.
- ↑ Brown, Geoff (1993-10-19). „Who framed the animator's artistry?“. The Times.
- ↑ „Imagi Announces Strategic Alliance for Gatchaman and Astro Boy Toy Development“. IT News. 2007-08-07. Архивирано од изворникот на 2008-10-09. Посетено на 2008-09-01.