Никола I Петровиќ
Никола I Мирков Петровиќ Његош (роден на 7/19 октомври 1840 во Његуши, Црна Гора — починал на 2 март 1921 во Антиб, Франција) бил кнез на Црна Гора (1860—1910) и првиот и единствен крал (1910—1918). Тој, исто така бил и поет, чие дело е познатата црногорска песна Онамо, 'намо!.
Никола I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Кралот Никола I | |||||
Кнез на Црна Гора | |||||
На престол | 13 август 1860 – 28 август 1910 | ||||
Претходник | Данило I | ||||
Крал на Црна Гора | |||||
На престол | 28 август 1910 – 26 ноември 1918 | ||||
Крунисување | 28 август 1910[се бара извор] | ||||
Роден(а) | 7 октомври 1841 | ||||
Починал(а) | 1 март 1921 | (возр. 79)||||
Сопружник | Милена Вукотиќ | ||||
| |||||
Потпис |
Животопис
уредиРани години
уредиНикола се родил во селото Његуши, како син на Мирко Петровиќ-Његош, кој бил брат на кнезот Данило.
Уште од мал, изучувал боречки вештини и вежбал гимнастика. Голем дел од своето детство поминал во Трст, во домот на семејството Кустиќ, од кое потекнувала неговата стрина Даринка (сестра на кнезот Данило). Неговата стрина, Даринка била голема обожавателка на француската литература, па го испратила да го продолжи школувањето во Париз.
Кнез на Црна Гора
уредиНа 19 години станал кнез на Црна Гора, функција која во првите неколку години ја извршувал заедно со својот татко. Заради ослободувањето на Херцеговина, во 1862 година завојувал против Османлиското царство. Војната била тешка за Црна Гора, па идејата за ослободување на Херцеговина завршила без успех. Во 1868, кнезот Никола отпатувал во Русија, каде се сретнал со императорот Александар II и ги продолжил пријателските односи, кои ги започнале неговите предци. По враќањето од Русија, започнал да спроведува реформи и да ја преуредува државата. Најголема грижа му била војската, па најпрвин неа ја преуредил, а потоа формирал судови и отворил училишта низ целата земја.
Во 1876 година, како сојузник на Србија завојувал во нова војна против Османлиското царство. Во војната како сојузник против Османлиите влегла и Русија, па по војната Црна Гора ги добила Билеќа, Бар, Улцињ и Подгорица. За победата на Црногорците се чуло насекаде во светот, а кнезот Никола бил нарекуван «цар на јунаците». По војната Црна Гора се проширила, добила излез на море и нејзината независност била признаена од големите сили, кои дотогаш формално не ја признавале.
По војната, кнезот Никола ја смирил состојбата и водел мудра политика, овозможувајќи ѝ на својата земја да се развива во сите полиња. Во тоа време, започнал со подобрување на инфраструктурата, проширување на градовите, отворал училишта, донесувал корисни закони, а државната управа ја организирал со формирање на министерства. Сепак, најголема грижа имал и понатаму кон војската, која успеал да ја осовремени и да ја обучи како и сите современи војски во тоа време, благодарение на помошта од Русија. Роднинските врски со странските кралски дворови му овозможиле да ѝ донесе уште поголем углед на Црна Гора.
Крал на Црна Гора
уредиНа 28 август 1910 во Цетиње, прославувајќи го јубилејот од 50 години владеење, Никола I се прогласил за крал на Црна Гора. За време на Балканските војни, тој бил голем ентузијаст и верувал дека, конечно Османлиите ќе бидат протерани од Европа.
За време на Првата светска војна, кралот Никола бил првиот владетел, кој побарал помош во желбата Австрија да биде потисната од Балканскиот Полуостров.
По војната, Црна Гора влегла во рамките на Кралството СХС, а кралот Никола продолжил да владее од егзил во Франција, сè до неговата смрт во 1921.
Поезија
уредиНикола Петровиќ бил и поет, кој ја напишал познатата црногорска песна Онамо, 'намо!, која требало да биде и државна химна, што никогаш не се случило поради нејзината содржина.
Семејство
уредиНикола I се оженил со Милена Вукотиќ на 8 ноември 1860. Со неа имал 12 деца:
- Зорка Караѓорѓевиќ (1864—1890)
- Милица Николаевна (1866—1951)
- Анастасија Николаевна (1868—1935)
- Марица (1869—1885)
- Данило (1871—1939)
- Елена Савојска (1873—1952)
- Ана Батенбершка (1874—1971)
- Софија (1876—1876)
- Мирко (1879—1918)
- Ксенија (1881—1960)
- Вера (1887—1927)
- Петар (1889—1932)
Никола I Петровиќ е прадедо на последниот цар на Бугарија Симеон ІІ и на кнегињата Мариjа-Луиза.
Надворешни врски
уредиВикиизвор има оригинални дела од или за: Никола I Петровиќ |
„Никола I Петровиќ“ на Ризницата ? |
- Црногорска кралска лоза Архивирано на 3 септември 2020 г.
- Дигитална библиотека на црногорската култура
- Никола I Петровиќ Његош: Декларација на Црногорците, Босанците и Далматинците (1915.) Архивирано на 19 октомври 2013 г. (српски)
- Информација за неговиот гроб (англиски)
- Национален музеј на Црна Гора Архивирано на 14 јуни 2009 г. (англиски)
- Места на кои се погребани владетелите на Црна Гора (англиски)