Отвори го главното мени

Зорка Караѓорѓевиќ (23 декември 1864 – 16 март 1890) била најстара ќерка на црногорскиот кнез, Никола Петровиќ-Његош. На крштевањето го добила името Љубица, по мајката на кнезот Михајло Обреновиќ, кој бил нејзин кум. Од милост била нарекувана Зорка.

Кнегиња Зорка
Кнегиња Зорка Караѓорѓевиќ

Princess Zorka of Montenegro.jpg
Сопружник Петар I Караѓорѓевиќ
Деца
Елена Караѓорѓевиќ
Кнегиња Милена
Ѓорѓе Караѓорѓевиќ
Александар I Караѓорѓевиќ
Кнез Андрија
Полно име
Љубица Петровиќ-Његош
Династија Петровиќ-Његош
Татко Никола I Петровиќ
Мајка Милена Вукотиќ
Роден(а) 23 декември 1864(1864-12-23)
Цетиње, Црна Гора
Починал(а) 16 март 1890(1890-03-16) (воз. 25 г.)
Цетиње, Црна Гора
Почивалиште Опленац, Топола, Србија

Во 1883 се омажила за кнезот Петар I Караѓорѓевиќ, со кого имале пет деца. Починала на 25 години, и била погребана во Цетиње. Подоцна нејзините земни останки биле пренесени во храмот на Опленац.

БиографијаУреди

Зорка Караѓорѓевиќ била родена на 23 декември (11 декември според стариот календар) 1864 година на Цетиње. На крштевањето на денот Свети Сава го добила името Љубица, а кум ѝ бил српскиот кнез Михајло Обреновиќ.[1] Таа била првото дете од вкупно дванаесетте деца на црногорскиот кнез Никола I Петровиќ и кнегињата Милена.

Детството го поминала на Цетиње до единаесеттата година, каде ја учеле цетињски учители и една госпоѓа од Швајцарија. Во 1875 година, кнегињата била испратена во Русија на школување во Смољанскиот Институт, каде се воспитувале девојки од најугледните семејства на руската аристократија. По завршување на школувањето, се вратила на Цетиње.

На почетокот на 1883 година, на Цетиње дошол кнезот Петар Караѓорѓевиќ, со намера да се жени, да се зближи со Црногорците, и да се пресели овде. Кнезот ја побарал за жена младата кнегиња, што не било по волја на противниците и на двете династии. Венчавката се одвивала во манастирот на Цетиње на 30 јули 1883 година, а свадбата била организирана според народните обичаи. Попладнето по венчавката, кнезот Петар и кнегињата Зорка заминале на свадбено патување во Париз, а по враќањето од Париз, се преселиле во Цетиње..[2] Кнегињата Зорка родила пет деца:

 
Покана за венчавката на кнезот Петар Караѓорѓевиќ и књегињата Зорка Петровиќ
  • Јелена, родена на 23 октомври (4 ноември) 1884 година. Била сопруга на големиот кнез Иван Константинович – која со децата во 1917 година среќно ја избегнала судбината на царското семејство благодарение на помошта од српскиот амбасадор во Санкт Петерсбург, додека нејзиниот сопруг, како најблизок роднина на царското семејство Романови, бил стрелан. Умрела во 1962 година.
  • Милена, родена на 26 април 1886 година, умрела како дете на 22 декември 1887 година.
  • Ѓорѓе, роден на 27 август (8 септември) 1887 година. Во 1909 година се откажал од своето право на престолот во корист на својот помал брат Александар. Умрел во 1972 година.
  • Александар, роден на 4 декември (16 декември) 1888 година. Бил вториот крал на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (1921-1929), а подоцна и на Кралството Југославија (1929—1934). Бил убиен во Марсеј, во 1934 година.
  • Андрија, роден и умрел во 1890 година.

Семејството Караѓорѓевиќ живеало на Цетиње, а кога резиденцијата станала тесна, изградиле нова.

Главната преокупација на кнегињата Зорка била нејзиниот сопруг да стане крал на Србија, па постојано била бремена со намера да остави што повеќе потомци. Умрела на 16 март (4 март според стариот календар) 1890 година, брзо по пораѓајот со последниот син, Андрија, кој исто така умрел неколку дена по својата мајка.

Кнегињата Зорка била погребана на Цетиње, кај манастирот Свети Петар, но кога била изградена црквата Свети Ѓорѓи на Опленац, нејзините останки биле пренесени таму, на 15 март 1912 година.[3]

Тринаесет години по нејзината смрт, нејзиниот сопруг, кнезот Петар Караѓорѓевиќ дошол на престолот на Србија.

НаводиУреди

  1. Коста Христић: „Записи старог Београђанина“, Нолит, Београд. Зорка Караѓорѓевиќ
  2. Зорка Карађорђевић / Војислава Латковић, Подгорица : Културно-просвјетна заједница, 2001 (Крагујевац : Inter print)
  3. Цетињски вјесник,Једна тужна свечаност, број 20, укуцати бр. стр. 79, 83, 85. Цетиње. 1912. http://digitalnezbirkenbcg.me/sken_prikaz_1_f.php?id_jedinice=684#. посет. 26. 05. 2016 г.