Николај Денков
Николај Денков Денков (бугарски: Николай Денков Денков) е универзитетски професор на Софискиот универзитет, доктор по хемиски науки.
Николај Денков Николай Денков | |
---|---|
58. премиер на Бугарија | |
На должноста | |
Стапил 6 јуни 2023 | |
Претседател | Румен Радев |
Претходник | Галаб Донев |
Министер за образование и наука | |
На должноста 12 Маj 2021 – 2 Август 2022 | |
Премиер | Стефан Jанев Кирил Петков |
Претходник | Красимир Валчев |
Наследник | Сашо Пенов |
На должноста 27 Јануари 2017 – 4 Маj 2017 | |
Премиер | Огнjан Герджиков |
Претходник | Меглена Кунева |
Наследник | Красимир Валчев |
Лични податоци | |
Роден(а) | 3 септември 1962 Стара Загора, Бугарија |
Државјанство |
|
Партија | Продолжуваме со промената |
Деца | 1 |
Установа | |
Занимање |
|
Од 27 јануари 2017 година до 4 мај 2017 година бил министер за образование и наука во преодната влада на Огњан Герџиков.[1] Тој ја извршуваше оваа функција во првата и втората техничка влада на Стефан Јанев од 12 мај до 13 декември 2021 година.[2] Во периодот од 13 декември 2021 до 2 август 2022 година бил министер за образование и наука во редовната влада на Кирил Петков. На 6 јуни 2023 година Николај Денков беше избран од Народното собрание за премиер на Република Бугарија. Бил е народен претставник во XLVIII-то Народно Собрание[3] и во XLIX-то Народно Собрание од „Продолжуваме со промената“.
Биографија
уредиРоден е на 3 септември 1962 година во Стара Загора.[4] Во 1980 година дипломирал на Националната гимназија за природно-математички науки во Софија. Во 1987 година магистрирал на Хемиско-фармацевтскиот факултет на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Во 1993 година ја одбранил докторската теза на тема „Меѓучестички интеракции и агрегација во колоидни системи“[5], од 1997 година е вонреден професор, а од 2008 година е професор по физичка хемија на Универзитетот.[6] Од 2008 до 2015 година бил раководител на Катедрата за инженерска хемија и директор на магистерската програма „Дисперзни системи по хемиски технологии“ на Хемискиот и Фармацевтскиот факултет на Софискиот универзитет. Од 2007 година докторира по хемиски науки со теза на тема „Течни филмови во присуство на колоидни честички - стабилност и формирање на подредени структури“[5]. Специјализирал во Јапонија и на Универзитетот во Упсала, Шведска. Работи како водечки научник во истражувачките институти на Unilever (САД) и Rhone-Poulenc (Франција). Академик Денков е оженет и има еден син.
Научна дејност
уредиАвтор е на повеќе од 130 научни публикации и раководител на повеќе од 40 меѓународни научни и научно-апликативни проекти со надворешно финансирање. Учествува во управните комитети на три европски научни мрежи. Зборува англиски и руски јазик.[1] Во октомври 2021 година бил избран за академик на БАН.[7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Министър на образованието и науката на Република България“ (бугарски). Министерство на образованието и науката. Архивирано од изворникот на 2018-09-15. Посетено на 1 януари 2022 г.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Кой е проф. Николай Денков – служебният министър на образованието и науката“. вестник „Дневник“ (бугарски). 2021-05-11. Посетено на 2021-05-12. no-break space character во
|title=
во положба 27 (help) - ↑ Профил на народния представител Николай Денков в сайта на 48-ото Народно събрание
- ↑ „Prof. Nikolai D. Denkov, Ph.D., D.Sc“ (англиски). dce.uni-sofia.bg. Архивирано од изворникот на 2017-02-06. Посетено на 28 януари 2017 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 5,0 5,1 „Николай Денков Денков“. НАЦИД. Архивирано од изворникот на 2022-06-22. Посетено на 2022-06-22.
- ↑ „Кой е проф. Николай Денков – служебният министър на образованието и науката“ (бугарски). dnevnik.bg. Посетено на 28 януари 2017 г. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help); no-break space character во|title=
во положба 27 (help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=
(help) - ↑ Новоизбрани академици на БАН, 25 октомври 2021