Влада на Македонија од 1945

Владата на Македонија од 1945 е првата влада на македонската република во составот на ново-формираната југословенска федерација. Избрана е на 16 април 1945 година, на Третото заседание на АСНОМ. Со нејзиното формирање, таа ги презема извршните ингеренции на дотогашниот Президиум на АСНОМ и неговите поверенства. Основна преокупација на извршната власт е политичката, стопанската и образовно-културната обнова и изградба на НР/СР Македонија. Во тој процес доминантна раководна улога има Комунистичката партија на Македонија (КПМ), подоцна Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ), помогната од страна на масовните организации (Народниот фронт, подоцна ССРНМ, синдикалната и младинската организација, АФЖ и др.).

Прва влада на Лазар Колишевски
Колишевски I

1. влада на Демократска Македонија
1945–1946
Членови на првата влада на Македонија
Првата влада на Македонија
Конституирана16 април 1945
Распуштена18 април 1946
Организација
ПремиерЛазар Колишевски
Заменик ПремиерЉупчо Арсов (прв заменик)
Абдураим Мехмед (втор заменик)
Историја
ИзбориАСНОМ
Собраниски составПрво собрание
Претходен кабинетПрезидиум на АСНОМ
Следен кабинетКолишевски II

Оваа влада е реконструирана на 11 февруари 1946 година, а мандатот ѝ завршува по една година, на 18 април 1946 година, кога е избрана нова влада.

Дискусии на основачкото собрание по повод изборот на Владата

уреди
 
Лазар Колишевски
 
Емануел Чучков
 
Димитар Влахов

Лазар Колишевски

Пред да ја составам листата на нашата влада разменив мисли со многу другари и членови на фронтот. Така, разменуваќи ги мислите со ним најдов, дека тие другари наполно ќе одговорат во составот кој денеска го вигјате пред нас. Гледав да во новата влада бидат застапени по возможност сите малцинства и како што гледате се застапени. Втор потпредседател на владата е Турчин, Абдурахман Ахмедов, како министер за социјална политика Неджат Аголи, албанец, како представител на албанското малцинство. Во владата влезе и др. Попадич. Тој не само што е Србин, туку е и активен борец во нашите партизански одреди и веќе десет години живее во Македонија, така да е наполно запознаен со битот и животот на нашиот народ.
Политиката на правителството ќе биде насочена и кон тоба да можат да се приобштат кон новата власт сите тие елементи до сега стоеле на страна и не зеле участие во изградуенјето и поддршката на нашата власт. При тоа требе да се има вид дека ние нема да правиме никакви отстапки и никаков компромис на штета на широките народни маси, кои стварно дадоа во таа борба и денес проливат крвта за ослободување на нашата широка татковина Југославија и за слобода на Македонија.

Емануел Мане Чучков

Во светлината на тоа Правителство новото положение на Македонија, на слободна Македонија, точно е и добро поставено и добро разбрано и никој не може сега да си прави илузија дека ќе се направи нешто да го промени патот на тоа историско тркало. Становиштето и фундаментот на који Македонија е поставена се тврди и силни, уште повеќе зашто Македонското прашанје не е веќе Македонско, а може и јужнословенско. Македонското прашанје е сигурно решено и во сигурни раце и сите опити на тие реакционерни клики, кои се истоветни и при нас и пи ним таму, кои со ништо не се отличават, кои прават сојуз и со гјаволот само за нивните часни интереси, за нимните пари, тие се клики кои се разбијат исто онака као секој историјски догагјај од новото време (Долу со нив!).

Димитар Влахов

Нашето право на слободно национално саштествувнје е признато од сите слободолјубиви народи. Ние имаме нашата власт во Федеративна Југославија под водачество на Маршал Тито и таја власт е призната од сите слободолјубиви народи. Во таја нова Федеративна Југославија ние сме дел, ние сме неотклона част и ние сме признати како народ кој има право на слободно национално саштествуванје. Има крагови кои се заинтересовани затова да продолжи оноа старо положение кое саштествуваше порано, имено да Македонија биде поробена и да македонскиот народ не се признае како отделна југословенска нација. Тука преднјачат разни турски прикрити фашисти реакционери, грчки монархисти и прикрити фашисти кои зајавуат дека нема македонија, дека македонското прашанје не саштествува, дека она е решено преди триесе и неколку години.

Состав на првата влада на Македонија

уреди

Владата е составена од претседател, два потпретседатели и 10 министерства. Нејзиниот состав е следниот:[1]

Реконструкција на владата од февруари 1946 година

уреди

На 11 и 12 февруари 1946 година е извршена реконструкција на владата.[2] Промени настанаа во четири министерства, за финансии, внатрешни работи, градежништво и индустрија и рударство, воведена е Контролна комисија при Народната влада на НРМ и извршена е ротација на неколку министри. Од составот на владата излегува Страхил Гигов, а нови министри стануваат Цветко Узуновски и Даре Џамбаз.

Промените до кои дојде се следните:

  • Љупчо Арсов ја задржува функцијата прв потпретседател на владата, но наместо министер за финансии станува претседател на Контролната комисија при Народната влада на НРМ.
  • Даре Џамбаз станува министер за финансии, на местото на Љупчо Арсов.
  • Цветко Узуновски станува нов министер за внатрешни работи, на местото на Кирил Петрушев.
  • Кирил Петрушев, наместо министерството за внатрешни работи, го презема министерството за градежништво.
  • Георги Василев, наместо министерството за градежништво, го презема министерството за индустрија и рударство.

Наводи

уреди
  1. „Прва народна влада на Македонија“, Републички комитет за информации, Скопје, 1985, 43-44 стр.
  2. Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр.

Хронологија на претседателите на Владата на Македонија до 1991 година

уреди
Име Функција Период Партија/странка
Методија Андонов Ченто Претседател на Президиумот на АСНОМ 1944 - 1945 КПМ
Лазар Колишевски Претседател на Владата на Демократска Македонија
Претседател на Извршниот совет на НРМ
1945 - 1953 КПМ
Љупчо Арсов Претседател на Извршниот совет на НРМ 1953 - 1960 СКМ
Александар Грличков Претседател на Извршниот совет на НРМ 1963 - 1965 СКМ
Никола Минчев Претседател на Извршниот совет на НРМ 1965 - 1967 СКМ
Ксенте Богоев Претседател на Извршниот совет на СРМ 1968 - 1971 СКМ
Благој Попов Претседател на Извршниот совет на СРМ 1974 - 1978 СКМ
Драгољуб Ставрев Претседател на Извршниот совет на СРМ 1982 - 1986 СКМ
Глигорие Гоговски Претседател на Извршниот совет на СРМ 1986 - 1991 СКМ