Нестиме
Нестиме или Нестим (грчки: Νόστιμο, Ностимо; до 1927 г. Νιστήμιον, Нистимион[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 73 жители (2021).
Нестиме Νόστιμο | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°23.17′N 21°12.15′E / 40.38617° СГШ; 21.20250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | 920 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 73 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на најисточните падини на планината Одре во областа Костенарија. Лежи на 18 км јужно од Рупишта. Атарот зафаќа површина од 9 км2.[3]
Меѓу Нестиме и соседното село Бела Црква има праисториска скаменета шума. Во селото има Палеонтолошки и палеоботанички музеј.[4]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо минатото селото се наоѓало малку појужно, во местноста Старо Нестиме, каде денес се гледаат урнатини од куќи и остатоци од црквите „Св. Анастасиј“ и „Св. Архангели“. Селото е разурнато во времето на Али-паша Јанински и се преместило на сегашното место.[5]
На крајот од XIX век Нестиме било македонско село во Населичката каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Нестимъ има 260 жители Македонци христијани.[6][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нестима е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 60 куќи.[8]
На почетокот на XX век христијанските жители на Нестиме биле под врховенството на Цариградската патријаршија. Според Христо Силјанов во април 1904 г. Нестиме (Нестимъ) прешло под врховенството на Бугарската егзархија,[9] но според ехзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Нестин имало 320 Македонци под патријаршијата кои тој ги нарекува „гркомани“.[6][10] Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенарскиот револуционерен реон по Илиденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.[11]
На 8 ноември 1903 г. (или 1904), на празникот Арангел, македонска чета упаднала во литургијата на местнот водач на грчкиот комитет, свештеникот Хараламби Пагунадов (Хараламбос Пагунадас).[12]
Во 1906 г. селото настрадало од андартски напади.[13] Според Георги Константинов Бистрицки, Нестиме пред Балканските војни имало 50 куќи, од кои на 30 Македонци-христијани и 20 Макдонци-муслимани.[14] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во приближно истиот период Нестими имало 55 куќи на Македонци-христијани и 15 куќи на Македонци-муслимани.[15]
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Нестин во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[6][16]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Нестиме (Νεστήμι) во 1910 г. имало 60 македонојазични семејства — 43 христијански и 17 муслимански. Во селото силно работела грчката пропаганда — имало едно училиште со 1 учител и 35 машки ученици.[17]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година броело 451 жител кои во 1920 г. се накачиле на 498.[3]
Во 1922 г. малобројните муслимански семејства се иселени во Турција согласно Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки доселеници во речиси еднаков број. Така Нестиме станало мешана населба, но со апсолутно мнозинство на Македонци.[3]
Во 1927 г. селото е преименувано во Куфоксилија, но следната година името му е вратено, овојпата во обликот Ностимо. Таа 1928 г. имало 410 жители.[3] Во документ на грчките училишни власти од 1941 година се вели дека во Нестиме:
„ | населението е словенско... зе зборува на грчки и на словенски.[19] | “ |
Населението произведува претежно жито, но делумно се занимава и со сточарство.[3]
Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). По војната многу жители на селото се иселиле во прекуокеанските земји.[3]
За црквата „Света Троица“ се смета дека е изградена заедно со селото (на денешното место) во XVIII век. Подоцна е урната и на нејзино место е подигнат поголем храм во облик на базилика со женска црква. Во 1952 г. поради пукнатини на ѕидовите зградата е срушена и одновно изградена.[20]
Во 1972 г. Нестиме, заедно со Жиковишта и Либешево е одвоено од Кожанскиот и префрлено во Костурскиот округ. Во црковен поглед трите села останале во составот на Шишанско-сачишката епархија.[21]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Селишта[22] | Σέλιστα | Врисес | Βρύσες[23] | река на С од Нестиме, десна притока на Галешово[22] |
Думба[22] | Ντόμπα | Орихеја | Όρυχεϊα[23] | врв на Одре на С од Нестиме (931,8 м)[22] |
Старо Нестиме[22] | Παλιό Νεστίμ | Ламброс | Λάμπρος[23] | возвишение на Одре на З од Нестиме[22] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 455 | 266 | 261 | 200 | 191 | 147 | 115 | 108 | 73 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 33. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ „Fossil Exhibition (Nostimo)“. The Museums of Macedonia. Посетено на 8 февруари 2018.
- ↑ Σιδερίδης, Μιλριάδης Δημήτριος. Άγνωστες σελίδες της ιστορίας: το χωριό Νόστιμο των Καστανοχωρίων Ν. Καστοριάς στο διάβα των αιώνων και το απολιθωμένο δάσος, Νόστιμο, 2002, σ 47.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 272. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
- ↑ Шкуртовъ, Кириякъ (1940). „Революционната епоха въ Костенарията - 1903 1908 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. XII (112): 10. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Αρχιμανδρίτης Μιλτιάδης - Δημήτριος Σιδερίδης (2002). Άγνωστες σελίδες της ιστορίας: το χωριό Νόστιμο των Καστανοχωρίων Ν. Καστοριάς στο διάβα των αιώνων και το απολιθωμένο δάσος. Νόστιμο. стр. 47–48.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 220.
- ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN 954-01-0558-7.
- ↑ Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον. εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 25 октомври 2020.
- ↑ Μακρής, Χάρης Σ (2000). Η Καστοριά: Συνοπτική ιστορία της πόλης. Κυριακίδη Αφοί. стр. 84. ISBN 960-343-557-0.
- ↑ Наведено од Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 236.
- ↑ „Ιεροί Ναοί και Μoνές της Αγίας Τριάδος (Αγίου Πνεύματος) στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 5 јануари 2015. Посетено на 5 јануари 2015.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Προφήτη Ηλία στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 3 јануари 2015. Посетено на 3 јануари 2015.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 22,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 23,0 23,1 23,2 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1051. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)